Стеф, налетав на ова известување
„Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
вторник, 29 мај 2012
Ве известуваме дека на 12.06.2012 година (Вторник), на барање на членката НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 74.000 акции издадени од Топлификација АД Скопје што претставува 16,44% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 3.079 денари по акција преку моделот “се или ништо“.“
Мислиш ли дека ќе успее, со оглед дека цената е 50% поголема од пазарната?
Економија
Словенечки Петрол влегува во Топлификација
сабота, 02 јуни 2012, 15:58
Словенечки Петрол влегува во Топлификација, дознава Алфа. Според информации во берзанските кругови, нафтениот гигант од Љубљана е потенцијалниот купувач на 16,44 проценти од капиталот на Топлификација што за 3.7 милиони евра го продава НЛБ Тутунска. Станува збор за 74 илјади акции со почетна цена од 3079 денари по принципот “се или ништо“. Купувањето на овој удел ќе биде само почеток на влезот на Петрол во македонската компанија, бидејќи според информациите, Словенците се заинтересирани да станат сопственици на Топлификација. За контролниот пакет акции биле подготвени да платат околу 14 милиони евра.
Од централата на Петрол во Љубљана поради чувствителноста на информациите во оваа фаза се воздржаа од коментар. Не коментира ниту раководствтово на Топлификација, туку само потсети дека веќе има склучено договор за соработка со Петрол.
Влезот на Пертол во Топлификација се договараше и минатата година, но зделката се одложи по падот на Владата во Словенија. Нафтената компанија годишно остварува околу 3 милијарди евра приходи, а свои бензиски пумпи има и во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и на Косово. Освен со нафта и нафтени деривари, Петрол е влезен и во бизнисот со електрична енергија.
Христијан Стојчевски
Ич да не се секираш веќе има заинтерисирани да гу купат тие акции.