Може и Декември да е катастрофа, бидејќи ако не го одложат повторно данокот на капитална добивка може да има продавање. Но, не сум сигурен како ќе важи данокот на капитална. На пример ако си купил акција Х за 1000 во август 2018та и на 31 декември 2018та е 1200 дали и на 1 фебруари ја продадеш за 1300 дали ќе платиш данок на 300 или на 100 денари. Ако знае некој нека објасни. Зошто ако данокот не се ресетира на 31 декември ќе има масовна расподажба во декември.
Генерално незнам ни како е со вестите за данокот дали има решение ново, наводно рекле дека ќе ги продолжат ослободувањето, ама со оглед дека МСЕ рипна и политиката на власта да лупа даноци нема да ме изменади од 1 јануари 2019 да има данок на капитална.
незнам како е точно сега, ама последно што беше порано е да се плаќа Данок на разлика меѓу продажна и набавна цена, а ако немаш документ од набавна тогаш има од систем податок за предходната година колку е таа акција...
ова последното го користеа за продавачи кој не купиле аакции на берза преку брокер..
Е сега незнам, дали ако не чуваш стари папири, кај брокерот дали има постари податоци по колку си купил, т.е. до колку години се чуваат документите...
Можеби може да се случи некој што купил скапо 2008 и поред загуба голема, сега и да плати и данок ако нема документ, а му земат набавна цена од предходна година