Ај малку околу Комерцијална . . . бев прозван . . . .
Чекорот да превземат банка не е лош, колку е добар ќе видиме . . .
КМБ се всушност логистика на Балфин кој прв пат влегува во банкарство . . . . За 2 години ако таа банка не стане профитабилна проектот може да испадне промашен . . . . Сите Пиреус подружници од почеток на грчката банкарска криза работат со дебели загуби, Тирана банк не е исклучок, ништо страшно . . .
Текстот на фактор кој сите го цитирате е новинарски памфлет, неспомнува капитал а спомнува акумулирана загуба како тоа да е нешто битно , ништо нема како инвеститорска насока, па затоа и не вреди да се чита . . . Јас го отворив ревизорскиот извештај и прочепкав 10 години наназад да видам како работела . . . .
1. Може да се види дека Тирана банк е купиле на пола book . . .
2. Пред 5-6 години работеле профити од 10-12 милиони евра . . .
3. Најголемите отписи и резервации поминале и сега треба да дојде циклус на раст . . .
КМБ ќе го финансира САЕМ исто како што го финансираше Сити мол . . . . Значи ќе пласира дел од оние 740 мил евра кеш . . . . на тоа ќе земе некоја 3-4% камата . . .
Гранит би требало да работи на проектот, но за Адора не верувам, па они немаат камион, а камо ли бетономешалки
. . . Адора другари ви е трговско претпријатие . . . . Адора може да се замеша околу неколкуте стамбени згради, но тука големи пари за Адора нема и незнам како Чифлиганец ќе ги врати милионите вложени во КМБ ????
Ако се вмеша Адора, Гранит, Фатмир . . . па што ќе остане за Балфин груп, па другари Балфин е главен, а не Чифлиганец . . . .
Ако Чифлиганец ги извади парите преку Саем како ќе ги извлечат ИГМ, Раде Кончар, Макпетрол, Промедика, Супертрејд, и еден куп поголеми акционери кои ја спасуваа фотељата на ХАРИ ????
Така да оваа година ќе има рекордна дивиденда во КМБ и јас никогаш не сум проектирал 500 денари . . . . ., а се друго се приказни за мали деца . . .
p.s.
Дали купувањето на Тирана банк е добар потег ќе видиме за две години, засега знаеме дека банката ефтино е купена 0,2 бук, јас како акционер мислам дека вреди да се подржи . . .