Македонски Телеком АД Скопје
Не верував дека еден ден ќе го напишам ова, но никогаш не вели никогаш. Изминативе недела-две купував Телеком одеше од 272 - 279 ден, акцијата моментално ми учествува околу 13-15% од моето портфолио. Имав пишувано многу против оваа компанија (за многу работи сеуште стојам на истиот став - точка 4) знам но еве ги моите аргументи зашто ми беше потребна оваа акција:
1. Телеком
нема потенцијал да расте многу (х2, х3...) не е компанија со скриено богатство кое чека да биде откриено, но исто така
нема ни да падне. Мене ми беше потребна акција на која можам да сметам во секое време дека можам да и извадам добра цена за да обезбедам средства за некои следни инвестиции. Значи не ја препорачувам секому, доколку имате растечки (и со тоа и поризични акции) сметам дека е паметно да се има и своевиден "громобран".
2. При евенутална следна еуфорија ќе растат сите, ќе расте и телеком, помалку но сепак ќе расте, при поголема корекција сметам дека телеком нема значително да паѓа. Значи мала - Вин Вин ситуација.
3. Во најголемата криза од 2008-ма телеком падна на 500 ден (од 700) па пред неколку години минимум околу 220-230 ден, Моментално е со само 20% поголема пазарна цена во однос на нивниот минимум. Она е
РЕЛАТИВНО евтина (знам дека има скоро дупло помала книговодствена цена... и цена/довика од 19) во однос на останатите компании по актуелните цени.
4. Бројките на билансот ги знаете 20М ЕУР добивка и околу 40-50М ЕУР депрецијација, финансиски расходи и
ПРЕД се амортизација која ја правдаат заради краткиот 4 год. период на амортизација на ИТ средствата. -
"Швабите" покажуваат македонски менталитет па како ПКБ и многу други (да не кажам сите на МСЕ) не сакаат баш да го делат пленот, па повеќе се расположени за "инвестиции".
Сметам дека со притисок на останатите акционери (пред се вториот најголем - Државата) постои постор за поголема дивиденда во иднина, а дури и оваа сегашнава
е над 6% од пазарната цена, и е поголема од скоро сите компании кои се во фокус деновиве (Освен дел од Банките)
5. Денешната цена од 279 ден би била одлична за купување ако за некој месец добиеш и дивиденда па така ќе ти искочи купувна цена од околу 260ден, но пресокот помина во мај (моја замисла за влез - но есапот во кафана знаете не излегува секогаш
). Oколностите се сменија цените на акциите растеа па имаме нова реалност и нови вредности на индексите.