Македонска берза

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
TPLF отиде на 900 а најлошото ниво беше 600 во последните 15 години. Не дека фирмата е ОК редовно плукав по неа и викав дека ќе падне ама дека е ефтина е ефтина додуше со причина.
На политички план изгледа има вето од Франција за ЕУ преговорите, за НАТО нема ништо ново и прашање колку ќе донесе НАТО на економски план така да може и овде е пикот на еуфоријата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.020
Поени од реакции
12.522
...

На политички план изгледа има вето од Франција за ЕУ преговорите, за НАТО нема ништо ново и прашање колку ќе донесе НАТО на економски план така да може и овде е пикот на еуфоријата.
Ќе си потрае журката на СМЕ до 12 јули 2018, бидејќи на тој ден завршува дводневниот самит на НАТО во Брисел, Белгија.

Можеби ќе има сега пад, но зајко кукурајко и плавите жолтици веќе месец дена продаваат магла за подмачкување на очите на рајата, а сигурно нема да запрат оваа недела, поради што најверојатно ќе продолжи журката на СМЕ заклучно со средината на јули 2018.
 
Член од
6 октомври 2017
Мислења
240
Поени од реакции
150
TPLF отиде на 900 а најлошото ниво беше 600 во последните 15 години. Не дека фирмата е ОК редовно плукав по неа и викав дека ќе падне ама дека е ефтина е ефтина додуше со причина.
На политички план изгледа има вето од Франција за ЕУ преговорите, за НАТО нема ништо ново и прашање колку ќе донесе НАТО на економски план така да може и овде е пикот на еуфоријата.
Smislena namerna para-psihologija pred razvrskata, videte gi kolicinite smesni se bezveza steta se pravi. Jas ocekuvam nov bran so objavata na priemite, pa da vidime.
 
Член од
27 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Што е ова денес потоп на берзата?
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
На политички план изгледа има вето од Франција за ЕУ преговорите, за НАТО нема ништо ново и прашање колку ќе донесе НАТО на економски план така да може и овде е пикот на еуфоријата.
Ова мала корекција мислам е заради одлуката Иванов да не ја потпише ратификацијата на договорот со Грција, значи деновиве собранието ќе треба да ја стави на повторно гласање. Доколку (секако ќе) добие 61 глас по втор пат тогаш Претседателот е должен да ја потпише.

Франција е тврд орев, историски секогаш ни фаќаат замерки (со право, или не) но очекувам да попуштат и четврток-петок "забавата" да продолжи. Сепак тешка дипломатија како државниот секретар на САД притискаа за нас. Не верувам дека Макрон ќе прави проблем кога веќе и Орбан-Курц не прават. Битно беше што помина и во Холандија
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Ова мала корекција мислам е заради одлуката Иванов да не ја потпише ратификацијата на договорот со Грција, значи деновиве собранието ќе треба да ја стави на повторно гласање. Доколку (секако ќе) добие 61 глас по втор пат тогаш Претседателот е должен да ја потпише.

Франција е тврд орев, историски секогаш ни фаќаат замерки (со право, или не) но очекувам да попуштат и четврток-петок "забавата" да продолжи. Сепак тешка дипломатија како државниот секретар на САД притискаа за нас. Не верувам дека Макрон ќе прави проблем кога веќе и Орбан-Курц не прават. Битно беше што помина и во Холандија
Jас мислам дека веќе се е вкалкулирано во цена има 15% раст ако сме реални НАТО и пристапни преговори дали носат толку вредност. Дури и тоа е многу...со оглед дека не очекувам Франција да попушти. А Иванов беше јасно дека нема да потпише веќе 2-3 недели така да и тоа не е нова информација. Да се надевам на уште плус 15% е многу само поради НАТО и теоретски почеток на преговори кој ќе траат 7-12 години не е реално. Така да тука некаде завршува цела НАТО/ЕУ приказна. Треба да чекаме сега кв2
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Ау каква паника :) !!!
Каде сте НАТО јунаци ???
Колкава ќе биде корекцијата, 5, 10, 15 % ?
Зошто толку песимизам, зар не верувате веќе во НАТО и ЕУ ???
Која игранка беше ова, но игранката ќе продолжи . . . ама вака од еднаш да ги снема сите куповни налози одамна не сум видел . . . дури во еден момент КМБ и на пазарна цена се продаваше.

Инаку јас продавав КМБ и вчера (5499 ден) и денес (5280 ден.) . . . не продадов многу некои 12% од моите КМБ, а другите над 100 еур . . . Таква ми беше краткорочната стратегија и си ја испочитував. На КМБ направив околу 100% за 10 месеци и сум презадоволен. КМБ врати за ланската стагнација . . .

Продадов СТБ на 1010 ден., од СТБ излегов скроз, па сега нека зголемуваат капитални даноци колку сакаат . . . И благодарам на СТБ за убавиот профит . . . . Доволно беше!!

Денес прв пат во животот купив ФЗЦ на 880 денари, не е некоја количина, но имав желба да почнам да собирам . . . ФЗЦ заедно со ЗПКО е мојот „СТИЛ“ :) .
ОХБ вчера докупив и тоа го пријавив.

Тоа се сите мои трансакции за време на оваа НАТО игранка !!! Првиов НАТО бран не успеа да ме пензионира, а можеби со вториот бран ќе ме направат пензионер :) .
Така да другари присобрав некој кеш, па релативно спремно ја чекам новата игранка.
Ако бандата одлучи нагоре ќе триеме раце пак, но и надолу не би било лошо . . .

p.s.
Јас си ги кажав сите трансакции. Па сега ако сум погрешил ќе може да ме плукате.
Битно е да е човек задоволен, а јас неќам да се лакомам премногу.
Криво ми е малку што денес се успав, па пропуштив журка малку . . .
 
Член од
16 февруари 2018
Мислења
18
Поени од реакции
27
https://off.net.mk/lokalno/razno/pesna-za-lavot-investiciski

Fati udolnica !!! ..opravanje nekade oktomvri - noemvri
Jas mozebi izbrzav izlegov proslata nedela , ama mirno spiev ..

Imav napisano i pak ke povtoram ni NATO,EU ni IME , ZATVOR BROJCANIK ....esenva mesovita vlada na prolet novi izbori. GRUJO VI SE VRAKA .....

Da , zalosno zvuci ama toa e realnosta
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Македонски Телеком АД Скопје

Не верував дека еден ден ќе го напишам ова, но никогаш не вели никогаш. Изминативе недела-две купував Телеком одеше од 272 - 279 ден, акцијата моментално ми учествува околу 13-15% од моето портфолио. Имав пишувано многу против оваа компанија (за многу работи сеуште стојам на истиот став - точка 4) знам но еве ги моите аргументи зашто ми беше потребна оваа акција:

1. Телеком нема потенцијал да расте многу (х2, х3...) не е компанија со скриено богатство кое чека да биде откриено, но исто така нема ни да падне. Мене ми беше потребна акција на која можам да сметам во секое време дека можам да и извадам добра цена за да обезбедам средства за некои следни инвестиции. Значи не ја препорачувам секому, доколку имате растечки (и со тоа и поризични акции) сметам дека е паметно да се има и своевиден "громобран".

2. При евенутална следна еуфорија ќе растат сите, ќе расте и телеком, помалку но сепак ќе расте, при поголема корекција сметам дека телеком нема значително да паѓа. Значи мала - Вин Вин ситуација.

3. Во најголемата криза од 2008-ма телеком падна на 500 ден (од 700) па пред неколку години минимум околу 220-230 ден, Моментално е со само 20% поголема пазарна цена во однос на нивниот минимум. Она е РЕЛАТИВНО евтина (знам дека има скоро дупло помала книговодствена цена... и цена/довика од 19) во однос на останатите компании по актуелните цени.

4. Бројките на билансот ги знаете 20М ЕУР добивка и околу 40-50М ЕУР депрецијација, финансиски расходи и ПРЕД се амортизација која ја правдаат заради краткиот 4 год. период на амортизација на ИТ средствата. -
"Швабите" покажуваат македонски менталитет па како ПКБ и многу други (да не кажам сите на МСЕ) не сакаат баш да го делат пленот, па повеќе се расположени за "инвестиции".
Сметам дека со притисок на останатите акционери (пред се вториот најголем - Државата) постои постор за поголема дивиденда во иднина, а дури и оваа сегашнава е над 6% од пазарната цена, и е поголема од скоро сите компании кои се во фокус деновиве (Освен дел од Банките)

5. Денешната цена од 279 ден би била одлична за купување ако за некој месец добиеш и дивиденда па така ќе ти искочи купувна цена од околу 260ден, но пресокот помина во мај (моја замисла за влез - но есапот во кафана знаете не излегува секогаш :) ). Oколностите се сменија цените на акциите растеа па имаме нова реалност и нови вредности на индексите.
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Vcera pisuvav za ovaa korekcija i mozebi mi se smeevte, jas ja ocekuvav od ponedelnik ama taa dojde porano.Balonot pocna da izdisuva sto bese i ocekuvano.
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
Momentalna logicna korekcija. Ima za duvanje balonot uste. Do septemvri-oktomvri indeksot uste 15-20 %. Mora da se odrzi pozitivno raspolozenie od nato-eu pridobivkite do referendum. Toa ke se siri na site strani.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.948
Поени од реакции
15.115
Боби Христов: BREAKING NEWS: Условен датум од јуни 2019. Пресврт во Луксембург.

Толку од панијата. Па и грујо ќе се враќал, избори чуда врагови :pos:
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Здраво,имам 17 години и интензивно собирам пари за да инвестирам во нешто а тоа нешто е берза сега за сега(собирам од неодење на екскурзија,штедење,работење и слично..)

Прашањето ми е како да тргувам на берза ако може да ми дадете совети, дали ова може да биде работа со целосно време, и пред се дали капитал помеѓу 1000 до 3000 евра е солидна сума за тргување?

Гледам дека има нешто и тргување со валути на Forex(тоа нели на Интернет за разлика од македонската берза која е се во offline,така?),па како може да се инвестира во валути? На пример можно ли е да се инвестира во струја бидејќи сметам дека ќе има зголемена побарувачка на струја во иднина?

Исто сакам да прашам ако може да ми пратите едукативен материјал за тоа да научам што го условува падот/растот на цената,анализа на случаеви,објаснување на термини и слично.

Се извинувам што вака навлегувам во дискусијата,ама незнам каде да прашам и од каде да почнам бидејќи има премногу термини што збунуваат! :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom