Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Мала анегдота за Крсте Шајновски (газда на Фактор, инвеститор на сМСЕ и бивш брокер во Еуроброкер) . . . . Дечкото имаше 2-3% од Бетон(одличен удел), акцијата ја промовираше и препорачуваше, кога стигна Бетон на 50.000+ денари велеше дека вреди 100.000 денари. ги чуваше своите акции до последно и не убедуваше дека никогаш нема да ги продаде под 1500 еур . . .
Кога фати економската криза 2007/08 и кога акциите на Бетон вртоглаво паднаа, ги продаде по многу пониска цена од онаа во која се крстеше и за која не убедуваше . . . претпоставувам дека се договори со Минчо некаде околу 15.000 денари . . . многукратно помалку од онаа цена за која не убедуваше дека ќе стигнат . . . И јас бев малоумен и му поверував па си купив Бетон на 25000, а после и на 50000+, а кога ја научив лекцијата и на 3000 денари :) . . . Тој ги откачи на околу 15.000 денари, а јас си дремев до лани . . . . Но никој не ми беше крив, бев глуп, нов, наивен . . .
Толку беше неговиот збор. под маса скришум продаде, а останатите извисивме :).

Другиот газда на фактор Александар Манев (бивш директор на Илирика фондови, познат берзански стручњак од ТВ екраните . . . ) ги сотре оние што имаа купени удели во неговите фондови . . . Луѓето и ден денес после 10 години се во загуба 40% :) . . . јас на клоци би го избацил од фотеља така да ми менаџира фирма/фонд . . .

Лазе Камчев е исто експерт од тоа време . . . Се што кажале од 2008 година наваму, све се случило обратно, побарајте некое интервју по интернет и ќе видите дека се е обратно . . . .

Резултати на Лазе Камчев и Александар Манев, како фонд менаџери се толку мизерни што е срамота да коментираат временска прогноза, а не берзанска информација, но фотељи не даваат :) . . .
Во нормална држава, луѓе со ваков неморал и катастрофални инвестициски резултати не би можеле да прелажат никого да им довери ни денарче на управување. Јас да сум на нивно место, од срам би се вовлекол во глувчешка дупка, а не да се промовирам по медиуми!

П.С. Бошко, честито стан! Мора некој денар и у реалната економија да се пушти :pijani:
 
Член од
31 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
187
Gele(bole) ne moras ni kurir da citas nitu pak trendo I offnet.....gledaj sitel ...kazano e za tplf ( koj svati svati) ama posto kodot kriminalen drpmneovski vi e ogranicen I covek I da vi crta ne razbirate osven direktiva od podzemjeto na partijata kako Los spin. ..eve ti direkt.. ..od oktomvri Cao Cao beg :)
I da....KE NE BIDE.....duri I so fikus.. ...inaku gele fikusot e otrovno rastenie koe se preporacuva da se isfrli od doma zatoa sto e otrovno ;)
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Во нормална држава, луѓе со ваков неморал и катастрофални инвестициски резултати не би можеле да прелажат никого да им довери ни денарче на управување. Јас да сум на нивно место, од срам би се вовлекол во глувчешка дупка, а не да се промовирам по медиуми!

П.С. Бошко, честито стан! Мора некој денар и у реалната економија да се пушти :pijani:
Фала, Фала, на сите за искрените честитки . . . Од сите . . . Да Ви се врати поголем и поубав . . .
Мораше да купам стан,, незнаев што да правим со кешот :) .
Знаеш дека ние сме стари соборци од Стопанска . . .
Туку кажи им стварно на Стилистиве и овие од Топлификација колку акции купи од СТБ на 130 денари . . . мене не ми веруваат . . . И купи ли ТПЛФ и СТИЛ со парите ???

Што се прогнозите за Топлификација?
Gele(bole) ne moras ni kurir da citas nitu pak trendo I offnet.....gledaj sitel ...kazano e za tplf ( koj svati svati) ama posto kodot kriminalen drpmneovski vi e ogranicen I covek I da vi crta ne razbirate osven direktiva od podzemjeto na partijata kako Los spin. ..eve ti direkt.. ..od oktomvri Cao Cao beg :)
I da....KE NE BIDE.....duri I so fikus.. ...inaku gele fikusot e otrovno rastenie koe se preporacuva da se isfrli od doma zatoa sto e otrovno ;)
Друже Годо спиј мирно . . . Штом Првалига вели до есен тогаш е до есен . . .
Кажале на Сител . . . Октомври . . .
Си чекал толку време, па за два, три месеци ли ќе се цинцариме . . .
Не заборавај во Октомври да го потсетиш на кој ТВ канал да гледаш вести ???

Јас немам ТПЛФ, па не сум толку стручен како нив . . . . Ама мирно си спијам како бајче и не сонувам есен . . . лето ми е поубав период море, пички, пиво . . . и не ми е потребно парно :) .
Е во Ноември потсети се што ти пишал бато Геле :) . . .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Каде можам да ја видам вредноста на акциите во Технометал-Вардар?!
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.948
Поени од реакции
15.116
Кој улета вака јако во бетон штип? :D
Да не има инфо дека легнал некој убав тендер :нинџ:
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Туку кажи им стварно на Стилистиве и овие од Топлификација колку акции купи од СТБ на 130 денари . . . мене не ми веруваат . . . И купи ли ТПЛФ и СТИЛ со парите ???
Без навлегување во конкретни бројки, би рекол дека и јас како и Бате Геле се мислам да го истетовирам на едното рамо логото на СТБ и „На ваша страна“, а на другото „Вози право вози здраво“ :roker:

Инаку, на краток рок може да се испостави стилистите и топлифорникаторите дури и да испаднат голем ќар, а мислам дека уверенијата дополнително им ги зајакнува сознанието дека си извадил нешто пари да купиш стан па посакувајќи пад шириш негативни прогнози.
 
Член од
6 октомври 2017
Мислења
240
Поени од реакции
150
Гледам интерес за темата па еве кого го интересира, коментар не треба се е кажано и до сега
http://www.toplifikacija.mk
 
Последно уредено:
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.765
Поени од реакции
6.555
Комерцијална си гази на 5.000 , а еве го и Макстил полека ми тргна возот веќе 160 отиде :)
Ја сум задоволен до сега(браво и за Заев ЕУ Нато(y)) , Комер банка купено на 3,200 и Макстил на 150 идемо даље :)
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
@Zedd okolu naftovodot e vekje poznata varijantata za pregovaranje, no mislam deka pogolema zdelka kje ima za gasovodot... tuka mislam deka kje se koncentriraat investiciite vo MK slednive 3g.

http://emagazin.mk/vesti/vest/50142?title=vladata-i-helenik-petroleum-nje-pregovaraat-za-naфtovodot

Разочарувачки е податокот за БДП во првиот квартал ама тоа е кога земјата работеше на автопилот со погрешна насока две години додека беше политичката криза.

Сакав да прашам зошто има нагорен тренд кај Окта кога прочитав дека речиси нема простор за решение на нафтоводот додека не им измине ексклузивниот договор што е мислам догодина.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Минатите години КМБ беше позиционирана околу 13-14 % P/E

Ако се задржи трендот а извади добивка од 35м, тоа би значело дека цената ќе оди над 6000?
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
КМБ ја платив 2938 и не ми е жал . . . . Гледаш како реагира пазар??? Намерно и ја платив поскапо. . . Намерно и ја напишав цената . . . . Сакам да играм транспарентно . . . .
Но не забележа дека и СТБ продадов на 970 (врв) денари. . . . и со тие пари ја купив СТБ . . .
Не забележа дека овие денови СТБ за 0,ххх% падна повеќе од КМБ . . . .
За стратегијате не разговарам секој сам си одговара за своите пари . . . . . .
Целта не е да навиваме за своите пулени, туку да разменуваме информации и мислења.
Никому не му се мешам во стратегијата, туку ја пишувам мојата. А ако таа не се поклопува со вашата стратегија незначи дека е контра.
СТБ е далеку подобра банка од КМБ, со најдобар биланс во МКД, но не сум сигурен дека е поефтина...
22.08.2017
Бидејќи ОХБ неќе да паѓа . . . . иако имала лош извештај :) денес си купив КМБ (они као добар ФИ имаат) . . . . Решив да продолжам да се коцкам со Хари и се надевам дека за некоја година ќе нема што да резервира . . .
п.с.
Ако падне ОХБ уште малку јас сум тука . . . . Таа е мое милениче :) .
Искрено не очекувам дека банкава ќе се продаде над 1050 денари, иако мислам дека работат добро и имаат најдобар биланс од сите банки во МКД . . . . . Но не е време за продажба. Ако продолжат со дивидендна политика, а останат непродадени ќе биде топ.
Затоа распродадов околу 70% од моето портфолио во СТБ.
Последен пат денеска на 970 денари.
Купував претежно на 200 - 300 денари, па сакам да останам скромен :).

Парите ќе ги префрлам или во ОХБ или во КМБ чекам корекција 7-8%. . . Мислам дека така повеќе ќе профитирам.
За КМБ имам само лоши зборови, но има добра позиција на пазарот и очекувам далеку подобри резултати во наредните 2 години. Ако даде господ (Хари).... Плус и одговараат политиките на владата и ќе учука голем дел од вишокот кеш во обврзници . . . Следна година 2018 ако КМБ не оствари 20 милиони ЕУР профит и јас распродавам све.
КМБ ја проектирам на 4500 денари во декември 2018.
Комерцијална банка не сопира. Мораше со пост да одбележам.
Прескокна 5000 денари !!!!
Пријатно изненади.
Лани сум ја проектирал на 4500 денари, пред некој месец откако го средија Фени на 100 еур, но на крај на 2018 . . . . а она сака да ме демантира . . . запнала да стигне 100 евра со 2Q/2018 . . .
Ги надмина сите мои очекувања, а гледам дека не застанува . . .
На КМБ имам потенцијална добивка од 100% за не цела година !!! Велев дека Хари Потер е магионичар и лопов ретко кој веруваше . . . сите само лопов го правеа :) .

Алал да им се парите на тие што товарија КМБ . . . До пред неколку месеци, да се купи КМБ, покрај СТБ и ТНБ беше жив ерес.
Сите оние што лани пристрасно дебатираа (СТБ и ТНБ фанови) можат сега само да посматраат . . .
p.s.
Ова НАТО растура . . . а уште фаќаме само залет, не сме полетале :D .
СТИЛ со само 550 ЕВРА денес полета, а замислете некој да вложи 5500 ЕУР . . . земјотрес :D .
Добро е што растот на КМБ се совпадна со светското првенство за фудбал, па се има за пиво, кафани и музика :D .
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Несомнено дека ова ќе им биде рекордна година, но што би се случувало во иднина со ваков план ќе биде интересно да се види
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Гледаш тоа е финтата Зедд: кога се валуира банка мора да се земат некои просечни вредности, наместо некоја мултиплицирана вредност од најуспешниот квартал во историјата на таа банка.

А ако одиме по таа логика, КМБ веќе станува преценета.

Таа банка има лоша историја на проблематични кредити, некои потенцијални влошувања од голем калибар во блиска иднина (ТПЛФ), судски спор пред меѓународен суд кој се води против банката...плус статус кво во менаџментот кој ја дотера банката до тоа дереџе.

Не значи дека не може да оди уште погоре на крилата на НАТО еуфоријата. Само колку погоре? 25-30% погоре тешко да оди. А толку ќе одат и ТНБ и СТБ догодина ова време со гаранција.

Може не е лошо да се размислува за прешалтување :cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom