Се согласувам со тебе. Би додал тука и провизиите што ги имаш кога купуваш/продаваш, дури и да го фатиш бранот да купиш на ниска и да продадеш на повисока цена за мал временски период од неколку месеци, треба да играш со сериозна сума на пари за да имаш есап. Тие што сакаат да влезат со помала сума, заради ниските камати на депозитите би им препорачал да се држат до компаниите што се ликвидни (на берза) и делат дивиденди, на пр. Алкалоид, гранит, кбм (свесно ја фаворизирам пред сб и нлб) макпетрол и топлификација за тие што сакаат повеќе ризик. Овие две компании ќе имаат (и имаат ) game of thrones а тоа не може ништо друго да значи освен раст на акцијата, сепак заради политички/судски причини постои повисок ризик и дека може надоле да оди. Лично мислам тплф и мкп ќе растат многу периодов.