Македонска берза

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
pearl напиша:
Зошто невозможно?
Брокерските куќи не сакаат да платат за лиценци, нема интерес, или пак не се стандардизирани (што би ме изненадило)?

Друго прашање.
Дали македонските граѓани можат да тргуваат на странски берзи, преку брокери од матичните земји?
За ова можда и не можам да одговорам како што треба. Како и да е, за првото прашање, мислам дека не може бидејќи сме мала држава и надвор никој не не е*е, а и плус мислам дека би немало некој огромен интерес што значи дека е неисплатливо.
За второто прашање, разјасни што мислиш под матични земји?
Македонија како матична земја или пак матична земја на берзата во странство? Можам само да кажам дека ова е повеќе правна работа, заради фактот на изнесување на пари надвор од државата, па треба дозвола од НБМ итн.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
pearl напиша:
Како мислиш неисплатливо? Тоа е можеби случај за индивидуални инвеститори, но барем за институционално тргување, трошокот за лиценцата треба да биде гола вода, во однос на тоа колку пари се тргуваат.

За второто прашање, мислам на брокери од матичната берза во странство.
Малку ме збуни, ја објасни околу дозвола на НБМ за изнасување пари надвор од државата. Сакаш да кажеш дека парите кои си ги штедел и заработувал цел живот, не можеш да ги трансферираш во странство?
Тоа е и работата. Кај нас нема домашни институционални инвеститори. Институционалните инвеститори на берзата во Македонија се од странство. Е жити сега што почнаа двата пензиски фонда, меѓутоа тие се нови и сеуште немаат доволно средства за поголеми инвестирања дома а камо ли во странство.

За второто. Да така е. Нбм не дава изнесување пари во странство. Поточно не можеш преку банка да уплатиш пари на сметка на фирма во странство. Сум пробал (за друго беше, не е поврзано со берза и акции) и одговорот беше не може.

Инаку мислам дека може да отидеш во странство и да дадеш налог на некој брокер таму за да ти купи акции. Сепак мислам дека тоа мора да биде на лице место, и да си носиш кеш со себе. Друг начин нема.

п.с. pearl, по прашањава гледам дека не живееш во Македонија. Можда можеш да кажеш нешто за берзата во земјата кај што живееш. :)
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
11
Jas imam akcii vo AD Granit Skopje. Sho treba da napravam za da gi ponudam na pazarot, dali mozam toa da go napravam i neshto okolu toa? Veke nekolku meseci se dvoumam da gi prodadam, no toa ne sum go napravil oti nemam dovolno informacii okolku ku[puvanje-prodavanje akcii... Ako znae nekoj neka pomaga.
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Dejan] напиша:

Треба да одиш во некоја брокерска куќа со извод од централниот депозитар на хартии од вредност каде што гледа дека си сопственик на акциите, ќе склучиш договор со брокерската куќа и, со полномошно, ќе ги овластиш во твое име да ги продадат акциите. После парите се трошат по вкус...
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Инаку да спомнам дека и јас си играв на нашата берза пролетва и пролично сум задоволен со ROI на средствата - 18% за 4 месеци!!! Нашата берза е сеуште во подем и мислам дека допрва ќе се развива. Кај нас сеуште нема навика за инвестирање поради повеќе причини - неинформираност на граѓаните, непостоење на вистински професионалци - т.н.р fund managers кој ќе ти објаснат каде е најдобро и најсигурно да се вложат средствата (во развиениот свет тоа се mutual funds). ROI на mutual funds варира но се движи околу 15% на годишно ниво што ги прави овие фондови многу попривлечни за инвестирање отколку штедење во банка.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Dejan] напиша:
Jas imam akcii vo AD Granit Skopje. Sho treba da napravam za da gi ponudam na pazarot, dali mozam toa da go napravam i neshto okolu toa? Veke nekolku meseci se dvoumam da gi prodadam, no toa ne sum go napravil oti nemam dovolno informacii okolku ku[puvanje-prodavanje akcii... Ako znae nekoj neka pomaga.
Дејан, нека не те лаже никој. Чувај си ги акциите додека растат.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Harko напиша:
Инаку да спомнам дека и јас си играв на нашата берза пролетва и пролично сум задоволен со ROI на средствата - 18% за 4 месеци!!! Нашата берза е сеуште во подем и мислам дека допрва ќе се развива. Кај нас сеуште нема навика за инвестирање поради повеќе причини - неинформираност на граѓаните, непостоење на вистински професионалци - т.н.р fund managers кој ќе ти објаснат каде е најдобро и најсигурно да се вложат средствата (во развиениот свет тоа се mutual funds). ROI на mutual funds варира но се движи околу 15% на годишно ниво што ги прави овие фондови многу попривлечни за инвестирање отколку штедење во банка.
Фала богу и некој друг освен мене да каже дека тука може да се извадат пари. :vozbud:

Иначе за тоа 18% ROI за 4 месеци, тоа е одлично. Ама си можел и мноооогу подобро, нели е така? :zlo: :zlo: :zlo:
 
Член од
2 септември 2005
Мислења
90
Поени од реакции
12
Macedonian напиша:
Фала богу и некој друг освен мене да каже дека тука може да се извадат пари. :vozbud:

Иначе за тоа 18% ROI за 4 месеци, тоа е одлично. Ама си можел и мноооогу подобро, нели е така? :zlo: :zlo: :zlo:
Не зборувај... Можеше да биде мноооооогу подобро. Со портфолио што вклучуваше Комерцијална и Макпетрол не можеше да се згреши! За споредба - во Март Комерцијална беше 3700 денари за акција а сега е близу 6000. Макпетрол? Беше 20100 сега е 52000...Но тоа е берзата - нема каење!
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.062
Поени од реакции
24.963
да не заборавам да напоменам. Ако сте заинтересирани за берзата внимавајте на следново. Имено некои од компаниите знаат со инкогнито договор со брокерите да им кажуваат или да агитираат за нив и слични работи. Ова знаело да се случи на запад не знам за конкретен случај тука ама сепак...
 
Член од
17 август 2006
Мислења
7
Поени од реакции
1
Pozdrav svima!

Pratimo uvelike Makedoniju i imamo nekakvu predodžbu kamo će se kretati vaše tržište.
Cijene su još dosta niske, te bilo tko iz Hrvatske i Slovenije ko pogleda, vidi da je potencijal još velik.
Moji favoriti su Feršped, Granit, ZK Pelagonija...

Kako vam se čini situacija oko Granita?
 
Член од
13 март 2006
Мислења
24
Поени од реакции
0
Slovencite i Hrvatite napravija lom na Makedonskata Berza. Koa imaat znaenje i pari, taka e.
Salut
 
Член од
17 август 2006
Мислења
7
Поени од реакции
1
Treba se samo uključiti na vrijeme, a vi to vrijeme imate, pogotovo kad se pogledaju cijene i omjeri p/bv, p/e, p/s.
Ovih dana ću staviti grafove nekih vama znanih i neznanih firmi iz bivše Juge, a sada stupova Hrvatskog gospodarstva, pa da vidite kako su otišli, svi uglavnom iznad svog booka (BV), nekoliko desetaka puta P/e itd.
Pozdrav :mist:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom