Ајде едно кратко-долго инфо околу целава ситуација околу Макпетрол.
Значи како прво, не е никој од владава, а уште помалку Мијалков. Оваа работа се крчка веќе добри 4 години, меѓутоа стабилноста на Груевски тогаш беше многу голема и Андреа плаќаше доста дебело, така да секој таков потфат завршуваше уште пред да почне. Уште пред добри 15 години дојдоа Русите со портокалови кравати и се обидоа да го купат , ама до ден денешен никој немаше успех. Андреа покрај расипништвото и пропаѓањето на фирмата има најголем инфлуенс во неа. Ги прелажа вработените да го потпишат договорот за целосно управување со акциите, а сите оние што не го потпишаа ги менуваше со местоположбата на работното место, односно вработен во склад Маџари го праќаше во склад Гостивар или имаше пример што пумпаш од Скопје беше прераспределен дури на пумпата во Удово. Така почна неговата династија, додека почетокот на неговиот распад почна кога незаконски донесе одлука АКЦИИТЕ ОД ВРАБОТЕНИТЕ да ги стави како залог за да земе приватен кредит и заедно со дел од управниот одбор да го основаат ОИЛКО и да купат цистерни. Истотака втора грешка му беше што дел од имотот на Макпетрол во Миладиновци кој беше користен како склад за ТНГ му биде продаден на Оилко само со интерна одлука од управен одбор и тоа многу испод цена иако законски требаше да свика собрание на акционери и да добие одобрување. Тука ја доби Андреа и првата приватна тужба од надворешните акционери но имаше и добар дел и внатрешни кои се приклучија (но потоа зажалија бидејќи владата и судството сеуште ја опструираат). Тука почнаа нивните проблеми а и нашите како акционери. Андреа со години прикажува загуби додека сите други, како приватњаците така и Лукоил покажуваа добивки, а да не спомнам ОИЛКО кој бележеше вртоглав раст. Сите пари од Макпетрол ги переа преку Оилко. Еве еден пример како тоа одеше: Сето гориво излегува од складот во Илинден за сите бензиски пумпи. Е сега да речеме дека една цистерна носи 30.000 литри. Излегува на пат и распоредена е вака : 5т за Катланово ; 5т за Велес ; 5т за Кавадарци ; 5т за Неготино ; 5т за Удово и 5т за Гевгелија. Значи со еден круг истовара секаде. Меѓутоа кога треба да фактурира, Оилко фактурира дека наводно возела : Илинден - Катланово - Илинден ; Илинден - Велес - Илинден и така посебно за секој град. Ова е само еден од начините за перење пари. Исто така имаше силен пририсок за купување на Макпетрол пред две години и скоро све беше договорено да не беше педерската политика на владата и барањето да се одврзе бајаги кесето за финансирање на ВМРО кое ги надминуваше сите предходни договори. Тука Андреа повлече првпат црта и ги одби, по што следуваше кривична пријава и финансова инспекција и отпочнати беа првите преговори помеѓу Ури и Груевски. Но Андреа виде - невиде си плати МНОГУ дебело и пак и таа КРИВИЧНА пријава заврши во нечија фиока за подобри времиња. Меѓутоа како почнаа бомбите и се расклати целиот систем, така и опадна влијанието на Груевски и Мијалков, така се отворија и можностите за легално дејствување и откупување на Макпетрол. Прво се земаа списоците од сите акционери и им беше понудено по 600 евра од акција ако се сложат во пакет да ги продадат, со што се правеа дури и преддоговори. Меѓутоа тоа доста се одоговлечи а во меѓувреме се купуваа акции на берза по нормална цена. Иако можам да кажам дека цената се држеше цело време на потчинета сума од самиот Андреа што дури имаше и во неколку списанија убаво објаснето. Имено Андреа не дозволуваше да рипне над 18.000 мкд а тоа го правеше на следниов начин : Тој самот има акции како што знаеме, но и Оилко исто така има доста акции. И сега а дојде акцијата до 18.000 мкд пушта во промет пониски акции од Оилко и си ги откупува приватно и ги спушта до 16.500-17.000 мкд и после мирува додека не дојде акцијата до 18.000мкд и пак исто само обратно продавач-купец.
Толку за Макпетрол. Сега за Ури - Русинот кој сака да го купи Макпетрол. Тој првпат доаѓа во Македонија пред неколку години и добро си ја завршил работата. Односно доаѓа во контакт со газда на фирма од Македонија која се бави со истата дејност како и Макпетрол НО и предходно беше управител на складот Илинден и сите бензиски пумпи во МК. Исто така и беше во управниот одбор на Макпетрол се додека не дојдоа во конфликт со Андреа и беше приморан да си напушти. Така сега овој бивш директор Зоран има своја фирма со склад и камиони исто така во Илинден и баш позади Макпетрол. Ури прво влегува и откупува дел од фирмата, односно сега отвараат нова фирма наречена АЛОВ во која се ортаци. И така почнуваат сите игри. Инаку јас колку знам, е дека овој Ури доаѓа од лоза на Руски Олигархи уште од времето и имаат прилична сума на пари и го работат ова со години. Како втора информација која не ми е проверена иако ми е кажана од нивни блиски лица е дека усвари и позади Ури има и други Руски олигархи кои ако не се појаки од него барем се на негово рамниште. Сега малце околу наводното пропаѓање на Романската рафинерија. Како прво морам да кажам дека Телма е телевизија на Макпетрол и целава емисија која беше на КОД е платена со цел да се оцрни и спречи продажбата на Макпетрол. Инаку и самата рафинерија во Романија има слична приказна како и нашата рафинерија. Продадена е на едни газди кои ја користат за перење пари и ја пропаѓаат делумно како и нашата Окта. Рафинеријата веќе ненпроизведува нафта туку служи само како пандан за внесување и складирање и дирекно препродавање. Истото се случува и со наша Окта. Овие доѓаат тек отпосле и ја купуваат рафинеријата но само како склад. Работат одреден број години и кога веќе немаат корист ја напуштаат и така веќе распаднатата рафинерија.
Сега според мене, ќар од оваа војна ќе имаат само оние кои ќе ги продадат акциите сега, бидејќи Андреа со години уназад покажува загуба додека после толку време ова е прв квартал во кој покажува некаква добивка и се само заради војнава за купување. Не верувам дека ако ја откупат новиве газди нешто би се сменило, баш наспротив мислам дека може да стане и полошо со време. Додека околу оние офшор фирми и нивни преставници, сето тоа е избегнување на дирекна одговорност и мешање. Нити тоа им беше лесно зошто знам дека Ури 2-3 месеци префрлаше пари на офшор банки за да ја отвори таа компанија.
Е да и околу тоа што се нецелосни и некомплетни документите. На првото собрание неќна кога им ги одбија документите стварно фалеа некои основни податоци, меѓутоа сега по втор пат кога ги поднесоа документите се е во ред и од берза се прифатени, но Макпетрол пак прави опструкции и бара сите странски документи да се преведени официјално на Македонски јазик и за тоа овие имаа рок до 9 јули да ги достават и преводите и да можат да се добие зелено светло од берзата и да се отпочне со купувањето. Бидејќи колку што разбрав последниве денови биле и добиени и банкарските гаранции за парите кои биле барани од берзата и дека целата ситуација ја бркаат брокерската куќа " Илирика " .
Ако нешто заборавив или ве интересира повќе, слободно прашајте.