Банкарската гаранција беше средена уште прошлата недела, само се чекаше на преводите денес да се достават. Утре е неработен ден, така да на овие од берзава им остануваат 3 дена да се изјаснат. Макпетрол сега се обидува со сите сили и средства да ги оцрни што е можно повеќе. Не дека донекаде не се во право, ама сега веќе кога бирам од две зла, би го избрал тоа од кое ќе имам ќар. Андреа 8 години покажува загуби со наводни реновирања на пумпите, а досега не сум видел една лименка да ја реновираат и да заличи на нешто. Годиниве кога Окта покажуваше ќар, Лукоил исто, за Оилко да не зборам, еден гигант како Макпетрол константно пропаѓаше. Извини Андреа но за џабе ти се сите платени статии и колумни како и медиуми, кога не ја пиеме твојата нафта. Само ми е страв Груевски да не нареди да се одбие понудата ако Андреа одврзал вреќата, па после како што прочитав тек една година ќе немале право за повторна понуда за превземање.
Единствено за обновувањата на бензинските пумпи морам да го негирам твојот коментар.
Обновени се бензинските пумпи во Влае и на бул. Партизански Одреди пред Лептокарија, односно кај поликлиника Букурешт - оваа вторава исто така точи и метан после обновата.
И некои помали локални бензински пумпи кои не работат 24/7, беа подновени со прехранбени производи, а претходно продаваа само масла за подмачкување, вода за бришачи, антифриз и останати производи за одржување на моторни возила.
Се на се, не е баш некоја импресивна инвестиција, но дефинитивно има обновени бензински пумпи на Макпетрол.
Јас лично повеќе ги бендисувам бензинските пумпи на Лукоил, но откако автомобилот ми згасна среде возење поради плинот со послаба енергетска вредност од Лукоил - а водам евиденција колку литри ми требаат за 50 до 100 километри и секогаш ставам повеќе отколку што ми е потребно - ги баталив Лукоил и користам плин исклучиво од Макпетрол и до денешен ден не сум имал проблеми со нивниот плин. Дека не сум единствен кој се соочил со ваквата проблематика, говори и скандалот од летото 2015 кога беше откриено дека бензинската пумпа на Лукоил во Охрид точи нафта или бензин измешан со вода, па затоа не користам нафтени деривати од кај нив, а за се останато што нудат сум целосно задоволен.
Јас лично немам акции во Макпетрол, па затоа и лично не ме засегнува неговата судбина, но жал ми е за работниците, особено кога се фатени помеѓу два огна како што е во овој случај.
Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе направиш добар бизнис доколку имаш акции во Макпетрол и доколку размислуваш за нивна продажба.
Кога сме кај одобрувањето или одбивањето на понудата за продажба на Макпетрол, лично мислам дека истата ќе биде одобрена, бидејќи пвеводбениците се соочуваат со ризикот да ја изгубат власта, па секоја дополнителна испрана пара добро ќе им дојде пред да си заминат од власт, како што направија со одобрувањето на спојувањето на Вип и Оне, со што од триопол, паднавме на дуопол во мобилната телефонија, а пвеводбениците собраа добра пара од таквата зделка. Е сега, ако Андреа го одврзал ќесето, тогаш одлучувачки фактор ќе биде висината на понудите кои пвеводбениците ги имаат добиено од двете страни.