Сите инвестиции кои се споменуваат на форумов се добри (и секако подобри од чување на пари на сметка во банка или во кеш). Алкалоид, Комерцијална, Стопанска, итн.
Е сега, во однос на тоа која инвестиција е подобра, тоа останува ваша одлука. Имајте во предвид дека цените на берза се формираат според тоа што го нудат купувачите (по која цена би купиле акција) и продавачите (по која цена би продале). Така да не постои акција за која што сите на форумов се сложуваме дека е подобра од било која друга акција (во тој случај, сите би ја купувале нејзе и цената не би била таа што е денес). А, како и во секоја држава што има луѓе со инсајдерски информации (сенатори во САД, богати и влијателни луѓе во македонија, итн), имајте предвид дека тие воопшто не ни пишуваат на форумов. Да сумирам: не слушајте кога некој ви кажува да продадете акција X и да купите акција Y. Тоа е само пола од приказната, на другата страна секогаш има луѓе кои се на спротивната страна и купуваат/продаваат акции кои вие ги продавате/купувате.
Мој личен предлог е: ако сте нови во инвестирање, не купувајте една акција туку диверзифицирајте се во повеќе (пример 30% алкалоид, 30% кмб, 20% НЛБ ... whatever). И ич да не ви е гајле зошто некоја акција пораснала 50% додека вашата пораснала само 20%. Тоа што некоја акција растела во минатото не е доказ дека ќе продолжи да расте и во иднина. Секогаш ќе има некоја акција која што пораснала повеќе од вашите (тие што вложиле во биткоин заработиле повеќе од тие на македонска берза, тие што вложиле во Nvidia уште повеќе, тие што купиле call опции во Nvidia уште повеќе, итн). Нека не ве разочарува тоа.
(Не сум многу суеверен, ама за тие што пишувате дека имате многу акции од компанија X а сте нови во инвестирање, претпоставувам дека ги имате добиено на поклон од семејство, итн. Лично јас тоа не би го продавал без голема причина).