Германската економија падна во рецесија во текот на зимските месеци. Високата инфлација ја нарушува потрошувачката и го кочи економскиот раст.
www.dw.com
Ова не е на добро.
Добро е зошто не е добро ?
Најважно е луѓе да се здрави и живи. Храна има доволно во светот , вода исто , поготово во Македонија , значи се си е добро.
Е сега за РЕЦЕСИЈА алијас ИДЕ ДУНАВ ! Рецесија за некого е МРАК , за некого е НОВА ШАНСА ! Додека на еден не му се стемни на друг не може да му се раздени !
Дали има една од набројаниве причини за рецесија од која не можеше да се предвиди НОВАТА РЕЦЕСИЈА ??? Криза на валутите - Енергетска криза - Војна - Ниско ниво на потрошувачка - Преголемо производство - Финансиска криза
Во економијата, поимот
рецесија е генерално забавување на економската активност во една земја за определен временски период, или намалување на деловниот циклус. Обично, владите преземаат активности против рецесијата преку усвојување на експанзивни макроекономски политики, како што се зголемување на парите во оптек, зголемување на владиното трошење и намалување на даноците. Кај нас за жал неодговорната влада , сите мерки што ќе ги преземе ќе бидат задоцнети и на штета на граѓаните и буџетот , во корист само на нивните џебови , поготово со високите даноци ! Последна рецесија што државава ја преживеала е 2011 година или после Светската хипотекарна и Европската должничка криза !
На крај неколку реда и за тоа како рецесијата се одразува на берзите. Прв знак за една рецесија е ИДЕ ДУНАВ ! ЗНАЧИ БЕРЗИТЕ СЕ ПРВИОТ ИНДИКАТОР за РЕЦЕСИЈА ! Прво што настапува е ПАД на индексите и пад на вредноста на акциите ! Понатаму настапуваат сите последици на рецесиите а тоа се : банкротирања , кредитен теснец , дефлација (или дисинфлација) , отпуштања , невработеност!
Берзите се прв индикатор за влегување во РЕЦЕСИЈА но и прв индикатор за излегување од рецесија ! Тешката (БДП под 10%) или продолжена (за три до четири години) рецесија се нарекува ЕКОНОМСКА ДЕПРЕСИЈА ! Не постои општо прифатена дефиниција за ГЛОБАЛНА РЕЦСИЈА , според ММФ периодите кои се проследени со помалку од 3% глобален раст претставуваат глобални рецесии. Овие ГЛОБАЛНИ РЕЦЕСИИ што Јас ги нарекувам КОРЕКЦИИ се случуваат скоро редовно на секои 10 години иако се ова што се случуваше во изминативе 3 години беше од невидени размери и за учебници !
Да заклучам , мое мислење е дека Германија се преструктуира и врши економски и финасиски корекции во својата држава. Таму живеат одговорни луѓе кои се грижат и ќе ја направат и после сите овие кризи да биде една од водечките економии во Европа и со еден од најдобрите животни стандарди ! Нашето внимание треба да биде насочено кон САД како наш стратешки партнер и земја која управува со нашата држава ! Ако САД влезе во рецесија , е тогаш ќе настапи ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА ! Што за некого може да биде НОВ ПОЧЕТОК и ШАНСА !
Затоа фрлете око во сенатот на САД овие денови , за да знаеме дали ИДЕ ДУНАВ ! СРЕЌНО !