Македонска берза

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Здраво на сите
Случајно ми пролета, можеби неразбрав/несватив добро. Шпаркасе да не има IPO ?
 
Член од
4 август 2022
Мислења
47
Поени од реакции
57
Види ги на берза под шифра INB. Странците се околу 97%.
 
Член од
4 август 2022
Мислења
47
Поени од реакции
57
Ова INBA31 сега и јас го видов, продаваат сопствени акции ама во никој случај не е IPO.
Добро што го потенцираше вреди да се разгледа.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Пријатели,
Настрана од форумов, кој сака да научи повеќе за акции, опции и останати финансиски деривати или да се ифнормира за тековните случувања и идеи за инвестирање ве чекаме на заедничкиот дискорд канал Macedonian Investing & Trading Signal Community

Повелете инвитација и линк од серверот:

Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на последната седница и даде согласност на Македонска берза да се стекне со дополнителни 600 обични акции од Централниот депозитар за хартии од вредност, што заедно со претходно поседуваните акции претставува квалификувано учество од 29,82 проценти од вкупно издадените акции со право на глас
 
Член од
4 август 2022
Мислења
47
Поени од реакции
57
Член од
5 октомври 2013
Мислења
25
Поени од реакции
61

Ова не е на добро.
Добро е зошто не е добро ?
Најважно е луѓе да се здрави и живи. Храна има доволно во светот , вода исто , поготово во Македонија , значи се си е добро.
Е сега за РЕЦЕСИЈА алијас ИДЕ ДУНАВ ! Рецесија за некого е МРАК , за некого е НОВА ШАНСА ! Додека на еден не му се стемни на друг не може да му се раздени !
Дали има една од набројаниве причини за рецесија од која не можеше да се предвиди НОВАТА РЕЦЕСИЈА ??? Криза на валутите - Енергетска криза - Војна - Ниско ниво на потрошувачка - Преголемо производство - Финансиска криза
Во економијата, поимот рецесија е генерално забавување на економската активност во една земја за определен временски период, или намалување на деловниот циклус. Обично, владите преземаат активности против рецесијата преку усвојување на експанзивни макроекономски политики, како што се зголемување на парите во оптек, зголемување на владиното трошење и намалување на даноците. Кај нас за жал неодговорната влада , сите мерки што ќе ги преземе ќе бидат задоцнети и на штета на граѓаните и буџетот , во корист само на нивните џебови , поготово со високите даноци ! Последна рецесија што државава ја преживеала е 2011 година или после Светската хипотекарна и Европската должничка криза !
На крај неколку реда и за тоа како рецесијата се одразува на берзите. Прв знак за една рецесија е ИДЕ ДУНАВ ! ЗНАЧИ БЕРЗИТЕ СЕ ПРВИОТ ИНДИКАТОР за РЕЦЕСИЈА ! Прво што настапува е ПАД на индексите и пад на вредноста на акциите ! Понатаму настапуваат сите последици на рецесиите а тоа се : банкротирања , кредитен теснец , дефлација (или дисинфлација) , отпуштања , невработеност!
Берзите се прв индикатор за влегување во РЕЦЕСИЈА но и прв индикатор за излегување од рецесија ! Тешката (БДП под 10%) или продолжена (за три до четири години) рецесија се нарекува ЕКОНОМСКА ДЕПРЕСИЈА ! Не постои општо прифатена дефиниција за ГЛОБАЛНА РЕЦСИЈА , според ММФ периодите кои се проследени со помалку од 3% глобален раст претставуваат глобални рецесии. Овие ГЛОБАЛНИ РЕЦЕСИИ што Јас ги нарекувам КОРЕКЦИИ се случуваат скоро редовно на секои 10 години иако се ова што се случуваше во изминативе 3 години беше од невидени размери и за учебници !
Да заклучам , мое мислење е дека Германија се преструктуира и врши економски и финасиски корекции во својата држава. Таму живеат одговорни луѓе кои се грижат и ќе ја направат и после сите овие кризи да биде една од водечките економии во Европа и со еден од најдобрите животни стандарди ! Нашето внимание треба да биде насочено кон САД како наш стратешки партнер и земја која управува со нашата држава ! Ако САД влезе во рецесија , е тогаш ќе настапи ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА ! Што за некого може да биде НОВ ПОЧЕТОК и ШАНСА !
Затоа фрлете око во сенатот на САД овие денови , за да знаеме дали ИДЕ ДУНАВ ! СРЕЌНО !
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Дај малку намалете со Макро...

Долго време на овој форум немам прочитано малку подетална анализа за компанија на Македонска берза. Последен пат јас што памтам беше за ОКТА. И оттогаш ја пратам акцијата, ама немам се уште ништо купено.

Дај некој нека напише инвестициски тези да речиме за моментално потценети цени на Македонска берза: Да речеме кои би биле оптимистичките сценарија за Макстил и Макпетрол. Каде се потенцијалните проблеми? Има ли некаква можност за влез во индекс (за Макстил), за преземање?

Слободно нека напише некој и за сосема друга компанија која мисли дека е потценета. Македонија турист, Прилепска Пиварница??
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Од 1000е за mwh до негативна цена на електричната енергија во една година. Кој знае што ќе се случи со стотиците милиони евра планирани инвестиции во соларна енергија.
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
212
Од 1000е за mwh до негативна цена на електричната енергија во една година. Кој знае што ќе се случи со стотиците милиони евра планирани инвестиции во соларна енергија.
vo vreme na opst haos i pravenje panika deka se ke otide vo nebo so ceni . Se ti e isto navlekuvaci dobitnici i gubitnici koj kako izigral taka sega ke uziva ili ke cuka glava
 
Член од
31 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
187
Од 1000е за mwh до негативна цена на електричната енергија во една година. Кој знае што ќе се случи со стотиците милиони евра планирани инвестиции во соларна енергија.
Semata e ista ili slicna .....seti se na naftata pred nekolku godini ....od 34-5,$ otide na 50$.....za posle da ima nekolku dneven Pad so negativna cena of -0.15 do -0.24$....sega e 70-75$.....taka da i so elektrikava ke e slicno...vo naredni godini 110-150 eur mwh ke e nekoj prosek
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Semata e ista ili slicna .....seti se na naftata pred nekolku godini ....od 34-5,$ otide na 50$.....za posle da ima nekolku dneven Pad so negativna cena of -0.15 do -0.24$....sega e 70-75$.....taka da i so elektrikava ke e slicno...vo naredni godini 110-150 eur mwh ke e nekoj prosek
Секако, кога колабираше побарувачката поради тоа што пола свет истовремено беше во карантин нафтата отиде во негативни вредности зошто не можеш преку ноќ да го сопреш производството.

На графиконот можеш да видиш дека цената на струјата е 0 или во минус во текот на денот кога има најмногу производство на електрична енергија од соларните централи. Особено за викенд зошто не работат фабриките.

Така што логиката би била дека луѓето што вложија пари во соларни електрани за продажба на струја ќе имаат проблеми да ги враќаат кредитите на овие цени.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
498
Поени од реакции
696

Никогаш доста од струја, посебно ќе има потреба со влезот на Електричните Возила, како што гледаме све е на батерии од алат, до дом и автомобилство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom