Македонска берза

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.934
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ
За период Јануари -Септември 2022 година Пекабеско АД оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 74 милиони денари и е понизок за 6% од 2021 година.


Фини луѓе овие Кутревски, си образложуваат резултати еден на друг у ужи фемили круг откако ги искоренија малите акционери.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
341
Поени од реакции
330
Сите показатели велат дека УНИ е потценета, но некако слабо и се дига цената. Очигледно повеќето вложувачи не ги интересираат eps, p/e, p/b параметрите, но барем дивидендата требаше да биде поттик за скок до некои 3600-3800 ден.
Веројатно причината лежи и во тоа што станува збор за помала банка, а и општо стравот од doomsday си игра улога.
 

Wau

Член од
5 јули 2021
Мислења
55
Поени од реакции
62
Интересно е дека немаше јавна објава кој го купил делот од пензискиот фонд.
Уште поинтересно е тоа што до пред некој месец информации за аквизација на друга градежна компанија, која котира на МСЕ ја брануваа јавноста, набрзо исчезнаа.

1+1 = 2 или...?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Уште поинтересно е тоа што до пред некој месец информации за аквизација на друга градежна компанија, која котира на МСЕ ја брануваа јавноста, набрзо исчезнаа.

1+1 = 2 или...?
Ако мислиш на шпекулациите за Бетон, вака однадвор тоа изгледа смешно. Не гледам причина зошто било кој би ја купил оваа компанија.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.301
Поени од реакции
2.360
Ако мислиш на шпекулациите за Бетон, вака однадвор тоа изгледа смешно. Не гледам причина зошто било кој би ја купил оваа компанија.
Некој што е близок до власта не гледам зошто не би ја купил. Ако знае дека штом ќе ја купи, државата ќе ги исплати долговите кон компанијата.
 

Wau

Член од
5 јули 2021
Мислења
55
Поени од реакции
62
Да, помислив на тоа. Ако не им одговара Бетон, можеби Гранит им одговара?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Некој што е близок до власта не гледам зошто не би ја купил. Ако знае дека штом ќе ја купи, државата ќе ги исплати долговите кон компанијата.
Го читав тоа некаде ама не знам конкретно за какви побарувања станува збор и дали се реални. Во билансот имаат побарувања од купувачите од само 430м.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom