Македонска берза

Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
Кои опции за инвестирање ги предлагате како заштита против инфлацијата?

Околу 40к евра банкарски депозити, плус заштеда од нови 2-2.5к евра на месечно ниво, во што би ги инвестирале?

Најбитно ми е: сигурност, да може брзо да се конвертира во кеш доколку затребаат за нешто?
 
Член од
23 февруари 2019
Мислења
305
Поени од реакции
307

Сигурност и брза конверзија ќе добиеш кај некој од конзервативните фондови.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Кои опции за инвестирање ги предлагате како заштита против инфлацијата?

Околу 40к евра банкарски депозити, плус заштеда од нови 2-2.5к евра на месечно ниво, во што би ги инвестирале?

Најбитно ми е: сигурност, да може брзо да се конвертира во кеш доколку затребаат за нешто?
Прво нешо против инфлација ти е депозитчето да го разрочиш пошо преку истата имаш де факто негативна камата и 40к ти се топат дејли.
Ако сакаш лабав да бидеш КБ Публикум Балансиран со поврат 8-12% или малце по манга тој другиот на КБ Публикум -МБИ 10 со 10,20 па и 30% (тотал раст со реинвестирање на дивиденди). Станови, дуќани сеа не се купуваат, огин. Можеш да си направиш фраерски автентичен ,,МБИ 5'' на пр. со еве КМБ, ТНБ, СТБ, ПКБ и АЛК пошо ќе имаш попуст следниве две три недели. Ако ти се посреќи може ќе ти распукаат и дивиденди за претходни години од ТНБ и СТБ.
Ликвидност имаш во се ова шо ти предложив (Освен во ПКБ, таму имаш друга прича)
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Пак ќе речам, 90% од сопствениците на акциите ( за тие кои ги следам ) ги стекнаа по цени 2 3 пати пониски од актуелните, многу полесно тие би се одлучиле да продадат, отколку други да купат. Така да по мое убедување, висок промет, макар што е по пониска цена, се добар знак .... или барем јас така гледам на работите.

Според мене чување готовина е поопасно од поседување на акции во вакви околности.
Посебно акциите на банките, чии побарувања се заштитени со прилагодливи клаузули.
 
Agree!
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
Прво нешо против инфлација ти е депозитчето да го разрочиш пошо преку истата имаш де факто негативна камата и 40к ти се топат дејли.
Ако сакаш лабав да бидеш КБ Публикум Балансиран со поврат 8-12% или малце по манга тој другиот на КБ Публикум -МБИ 10 со 10,20 па и 30% (тотал раст со реинвестирање на дивиденди). Станови, дуќани сеа не се купуваат, огин. Можеш да си направиш фраерски автентичен ,,МБИ 5'' на пр. со еве КМБ, ТНБ, СТБ, ПКБ и АЛК пошо ќе имаш попуст следниве две три недели. Ако ти се посреќи може ќе ти распукаат и дивиденди за претходни години од ТНБ и СТБ.
Ликвидност имаш во се ова шо ти предложив (Освен во ПКБ, таму имаш друга прича)
Недвижности не ми одговараат, имам доволно, плус се тешки за продажба ако ми требаат за реинвестирање во нешто друго.

Колку е сигурноста на фондови како КБ Публикум?

Прашувам во смисла:
што ако има криза како таа во 2008ма или полоша?
што ако пропадне одредена валута?
дали постои шанса да изгубам се, или пак голем процент?

Пример имав одредена сума во Еуростандард, ама по 1 месец ме исплати државата и не ги изгубив.

Дали се гарантирани тие 8-12%? Дали има ограничување колку време треба да бидат инвестирани?

На пример ако ми требаат парите по 1 година дали ќе ги изгубам тие 8% и дали треба да платам дополнителни провизии?
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
postoi minimalna shansa da izgubus golem procent.
8-12 % definitivno ne se garantirani, moze da ide i vo minus.
provizii sekako ke zakacis nekoi i vo najdobar slucaj...
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Недвижности не ми одговараат, имам доволно, плус се тешки за продажба ако ми требаат за реинвестирање во нешто друго.

Колку е сигурноста на фондови како КБ Публикум?

Прашувам во смисла:
што ако има криза како таа во 2008ма или полоша?
што ако пропадне одредена валута?
дали постои шанса да изгубам се, или пак голем процент?

Пример имав одредена сума во Еуростандард, ама по 1 месец ме исплати државата и не ги изгубив.

Дали се гарантирани тие 8-12%? Дали има ограничување колку време треба да бидат инвестирани?

На пример ако ми требаат парите по 1 година дали ќе ги изгубам тие 8% и дали треба да платам дополнителни провизии?
Во капитализам сигурност ти е мисловна именка. Еве и да имаше пари во Еуростандард на фирма наместо на физичко лице ќе ги изгубеше. Фондовите не гарантираат добивка но можеш да предвидиш преку мината техничка анализа дека се релативно стабилни. Дури МБИ 10 (поризичниот) се покажа постабилен за време на корона кризата. Ако имаме криза каква што потенцираш веројатно се ке се собере на куп и банки и бизнис и крипто и риал естејт и девалвации и друго така да нема бегање.
 
Разбирам како е за правно лице, прашањето ми е на физичко.
Моментално ми се распоредени во 4 банки и (барем така знам) дека дури и да пропадне некоја, државата мора да ме исплати.

Разбирам дека нема 100%, но споредбено ако банките се на ниво од 1-10 да речеме еднакви на 8, колку е за фондовите?
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620

Во фондовите ништо не ти е загарантирано, за разлика од депозитите во банките. Шансата да пропаднат сите пари е речиси невозможна, но доколку настапи одредена криза, голема е веројатноста вредноста на фондот да се намали за 10-30%.
На долг веројатно секако би бил во подобра ситуација отколку со депозитите, но под услов да ти притребаат за кратко време може и да бидеш МИНУС
 
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Опа, објективни играчи на берзата, со право, ПКБ го ставаат во топ фајф избор, раме до раме со КМБ, ТНБ, СТБ и АЛК!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.279
Поени од реакции
16.426
Секако дека ова нема да се случи и во последен момент ќе го изгласаат зголемувањето на нивото на долгот.
има и друго, Русиа се ослободува во долари а ги менува за други валути, пишува дека и со јуан ???
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Незнам уше на чело шо не и пишува: Купи бе! Има 800 парчиња по едно евро за продажба а 57 денари е EPS-сот 2020та.
 
Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom