- Член од
- 1 февруари 2016
- Мислења
- 311
- Поени од реакции
- 272
Политички во ред, пишував јас пред некој ден па ме искараа дека сум ширел некој си памфлет, ама како и да е тоа нека си мислат тие.
Мене повеќе ме интересираше твоето(вашето на другите членови) мислење за движењата на берзанските трансакции и највеќе за делење на дивиденди, затоа што цените рипнаа прво заради дивидендите, а сега минатата недела пак скок заради почеток на првата меѓувладина конференција ?
Нема договор со Бугарија, нешто си грешка. Иако мислам дека тоа не би влијаело нешто посебно на трендот, повеќе ме загрижува фактот на задолженоста од запрепастувачки 65% од бдп и негативните последници од тоа кои допрва ќе ги имаме. Со Бугарија евентуално идната година наесен. Сега е невозможно од идеолошки но и од само практични причини - земјата нема влада и прашање е кога ќе ја има, така да јуни заборави го, ние сме на избори на есен значи и есента пропаѓа, па првите реални шанси за пробив ги гледам идната есен за време на Чешкото управување.