Малку за Реплек за да ја видите работата во подобро светло.
Значи тука не се работи за класична „власт“ и „опозиција“ туку во несогласување на двете фамилии во власта (веројатно околу тоа кој да лапне повеќе).
| % | Број на акции | Функција |
Душан Пецовски | 11,92% | 3089,6 | УО |
Славица Туџарова Трајковска | 11,57% | 2998,9 | / |
Иван Туџаров | 11,20% | 2903,0 | Генерален директор, УО |
Сава фонд | 6,40% | 1658,8 | / |
Друштво...Ситко Антонио... | 6,10% | 1580 | Незнам |
Владимир Пецовски | 5,79% | 1500,7 | / |
Бкупно без Сава | 46,58% | 12073,5 | |
Тоа друштвото ги има купено сопствените акции на Реплек во 2014г по цена од 45000, па сигурно е под некој од власта, ставив бројка по запирката оти зависи и процентот на колку е заокружен, ништо не игра улога плус минус 1 акција.
Власт | 9809 |
Опозиција | 9907 |
Вкупно | 19716 |
Вкупно има 25920 акции, значи има уште 6204 кој можат да се појават на следното собрание или шанска да се докупи, странски физички лица, што претпоставувам не биле и нема да дојдат се 4789.
Значи овие двете фамилии Туџарови и Пецовски комотно можат да ја владеат фирмата, ама сега опозицијата во власта предводена од Пецевски сака да дојде веројатно сам на власт и се подржани од фондот (конечно и он да одлучува за нешто).
Повеќе има на линкот подолу.
https://faktor.mk/akcioneri-vo-replek-napravija-korporativen-presedan-vo-25-godishnata-istorija-na-trguvanje
За тие шро ги мрзи да кликат накратко.
Поларизација во акционерската сруктура постои и битката против Туџарови ја предводи двоецот големи малцински акционери Пецовски (заедно контролираат 17,7 отсто од акциите) со, како што дознаваме, силна поддршка на „Сава пензиски фонд“ (друштвото кое управува со пензиски фондови кои поседуваат 6,4 отсто од акциите во „Реплек“). За поддршка ќе одлучат мнозинството од 250 акционери домашни физички лица кои поседуваат повеќе од 44 отсто од акциите, а од кои , се чини, дека поголем дел го симпатизираат тандемот Пецовски со поддршка од друштвото за управување со фондови „Сава пензиско друштво“.
Ќе биде јако интересно кој ќе купи повеќе и дали ќе дојдат некој други акционери па да и го обезвреднат купувањето скапи акции.