Македонска берза

Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Гласањето го видоа само гласачите...
А официјалното известување на Реплек не соодветствува со реалноста, односно одбиваат да го објават и официјализираат, што само по себе е криминал

A so ne e jasno druze, chumu ti e khv? Se gleda glasanjeto...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Не ги измешал. Стварно имало муабет и за СТБ дека ке иде курбан :pos:
Најозбилно, на некого му текнало дека Стопанска банка - Скопје може да пропадне, па се раширил муабет, па имало и повлекување на депозити... Секојдневно се докажуваме дека сме вукојебина :aplauz:

Цела недела луѓето повлекуваат пари, некој им врзал патка дека се готови и пропаѓаат
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.759
Поени од реакции
17.457

Цела недела луѓето повлекуваат пари, некој им врзал патка дека се готови и пропаѓаат
На крај сами да не си ја пропаднат :pos:
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ако сте акционери во СТБ, како што претпоставувам дека сте, повеќе би требало да ве засекира потенцијалната милионска отштета што ќе ја добијат приоритетните коишто веќе имаат в џеб првостепена пресуда, а уште повеќе овој наводен кредит од 5+ миљони евра даден на СВ Инвест два-три месеци пред да отиде во стечај:

 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.759
Поени од реакции
17.457
Да ама за 1000$ ќе е 5%...
Како и да е, целта му ја оправдува одлуката само доколку ова му е еден вид заштеда за пензија, и ставил еден лампсам кој ќе му се оплодува за следните 15г...

Со среќа @

Во секоја друга варијанта како програмирано уплаќање (месечно или годишно) или трејдање ќе го одерат...

Конкретно КМБ е 3 посредник додека да стигне налогот на берза, затоа најдобра варијанта е да одиш дирекно кај сорсот...

Како и да е, мислам дека добро ги паркирал средствата, со оглед на тоа што очекувам 2022 да биде по волатилна, со посериозни корекции...
Може едно прашање, колкави се провизиите Илирика или Интерактив брокерс? Мислам за пониска сума, ова 50 евра ми делува превисоко. Дополнително, дали им се слични цените за одржување на сметката?
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Јас се распрашував лани ова време и ги има запишано но за жал не го чувам записот...
Начелно кмб беше со највисоки провизии како 3ет посредник, после беше Нлб, па илирика на крај со најдобри провизии ова ти се брокери шти имаат кај нас канцеларии.

За брокери надвор од мк доста помиски провизии имаш, пример интерактиве ги имаш кај нив објаснето, 10$ ти е месечно за одржување но доколку направиш 10$ во провизии тој месец, ти се отпишува одржувањето...
Исто погледни и saxo, etoro итн... зависи како би вложувал, еднолратно или пак програмирано, имаш доста разлика

Може едно прашање, колкави се провизиите Илирика или Интерактив брокерс? Мислам за пониска сума, ова 50 евра ми делува превисоко. Дополнително, дали им се слични цените за одржување на сметката?
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
otide repl vo novi visocini :) .
ajmo tipsteri, kolku ke ide do sobranie? gledam dosta blisku bilo na glasanje.
moj tip 170-180k do sobranie.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ќе оди колку што мора за едната страна да си осигура мнозинство на гласањето. Моја претпоставка е дека ќе има откупувања на акции и од спротивните табори за двојни цени од сегашниве, односно за тројни од ланскиве. Па дури и по јасно гласање, во корумпираново државиче сѐ уште можат да се играат правни игри без граници преку корумпирани претседатели на собрание, бројачи на гласови, нотари и судии... Воглавно, водата се замати и ќе има одличен улов за вештите
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.073
Поени од реакции
3.216
Малку за Реплек за да ја видите работата во подобро светло.

Значи тука не се работи за класична „власт“ и „опозиција“ туку во несогласување на двете фамилии во власта (веројатно околу тоа кој да лапне повеќе).

%Број на акцииФункција
Душан Пецовски11,92%3089,6УО
Славица Туџарова Трајковска11,57%2998,9/
Иван Туџаров11,20%2903,0Генерален директор, УО
Сава фонд6,40%1658,8/
Друштво...Ситко Антонио...6,10%1580Незнам
Владимир Пецовски5,79%1500,7/
Бкупно без Сава46,58%12073,5
Тоа друштвото ги има купено сопствените акции на Реплек во 2014г по цена од 45000, па сигурно е под некој од власта, ставив бројка по запирката оти зависи и процентот на колку е заокружен, ништо не игра улога плус минус 1 акција.
Власт9809
Опозиција9907
Вкупно19716

Вкупно има 25920 акции, значи има уште 6204 кој можат да се појават на следното собрание или шанска да се докупи, странски физички лица, што претпоставувам не биле и нема да дојдат се 4789.

Значи овие двете фамилии Туџарови и Пецовски комотно можат да ја владеат фирмата, ама сега опозицијата во власта предводена од Пецевски сака да дојде веројатно сам на власт и се подржани од фондот (конечно и он да одлучува за нешто).

Повеќе има на линкот подолу.
https://faktor.mk/akcioneri-vo-replek-napravija-korporativen-presedan-vo-25-godishnata-istorija-na-trguvanje
За тие шро ги мрзи да кликат накратко.
Поларизација во акционерската сруктура постои и битката против Туџарови ја предводи двоецот големи малцински акционери Пецовски (заедно контролираат 17,7 отсто од акциите) со, како што дознаваме, силна поддршка на „Сава пензиски фонд“ (друштвото кое управува со пензиски фондови кои поседуваат 6,4 отсто од акциите во „Реплек“). За поддршка ќе одлучат мнозинството од 250 акционери домашни физички лица кои поседуваат повеќе од 44 отсто од акциите, а од кои , се чини, дека поголем дел го симпатизираат тандемот Пецовски со поддршка од друштвото за управување со фондови „Сава пензиско друштво“.
Ќе биде јако интересно кој ќе купи повеќе и дали ќе дојдат некој други акционери па да и го обезвреднат купувањето скапи акции.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Таман го искритикував Сава фондот дека продавал РЕПЛ по 30% пониска цена и пропуштил огромна добивка, ама ете среќата им се насмеа :zloo:

Ако у оваа ситуација не успеат да ги истресат преостанатите акции по минимум 200.000 денари, тогаш стварно треба на рајава да им ги вратат сите педесетина милиони евра провизии што ѝ ги наплатиле со затезни камати!
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Нешто многу им се брзало на СТБ да објават извештаи, месец дена претходно во однос на лани, па сето тоа проследено со ПР кампања.

Банките ја држат рајата во финансиска неписменост, пошо само така ќе можат да приберат толкава количина депозити скоро без камата, со толкава нето - профитни маргини. Но чувањето на рајата во темница, може да им се удри од глава.

1618258241707.png
Автоматски споено мислење:

Кој апаши се и овие, а и јас сериозно расмислував да купам некоја акција од нив :(
П.С. Ако оди некој на собрание да праша дали имаат менаџерски договори и врз основа на кој критериум е оваа исплата.
1618258834506.png
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Изгледа албанско-влашката екипа си вади „дивиденда“ преку бонуси за чланување во УО:

Screen Shot 2021-04-12 at 23.09.56.png Screen Shot 2021-04-12 at 23.11.43.png

Овдека подебелиот крај го извлекуваат останатите мали акционери, а ова ќе биде стандардна слика во сите компании ако Апелација му ја потврди одлуката на Слободан. Управувачката екипа ќе си лапа огромни бонуси на штета на аутсајдерите
 
Член од
26 август 2013
Мислења
168
Поени од реакции
167
Пројдоа два блока од реплек по 28 акции, заедно со изминатите тргувања мислам дека просторот за дополнителна шпекулација се стесни, веројатноста дека ќе иде уште многу нагоре се намали.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom