Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Вештаците за случајот „Империја“ имаат полни раце работа. Станува збор за околу 100 илјади документи. Од Обвинителството велат дека само за продажбата на „ЗИК Пелагонија“ ќе требаат три обвинителства поради многубројните трансакции. Проценетата штета во „Империја“, барем онаму до каде што стигнало СЈО, се мери во десетици милиони евра. Прочитајте за почетоците на случајот: https://bit.ly/Prvoto-delce-od-Imperija-pred-obvinenie
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
Кај БЕСК во точка 13 од БУ- останати трошоци од работењето, зголемување за 200 милиони во однос на претходна година!??

Нема некое конкретно образложение.
 

mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
169
Добро е што не си ги ставил кај „професионалците“ од пензиските и инвестициските фондови пошо они ќе ти направеле 400% за 400 години
Grim многу гнев кон пензиските и инвестициските фондови имаш собрано, се ставаш у еден кош и упорно збориш за нив. Што е у позадина?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Grim многу гнев кон пензиските и инвестициските фондови имаш собрано, се ставаш у еден кош и упорно збориш за нив. Што е у позадина?
Не постои позадина, вториот столб е едноставно катастрофално општествено решение што на идните пензионери со години им носи мизерни приноси, а им прави огромни трошоци. Општествената штета од него е над 200 милиони евра, а ќе продолжи уште побргу да расте. Инвестициските фондови исто така имаат приноси во ранг од катасторфален до потпросечен.

Ако приносот на референтниот индекс МБИ10 е една просечна оцена 3, тогаш со објективно оценување фондовиве се скоро сите единичари со понекое двојче. Треба час-поскоро да се укине вториот столб, т.е. да се извадат двете подгоени тении Сава и КБПрво од телото на македонската економија.
 
Член од
15 октомври 2019
Мислења
59
Поени од реакции
94
Не постои позадина, вториот столб е едноставно катастрофално општествено решение што на идните пензионери со години им носи мизерни приноси, а им прави огромни трошоци. Општествената штета од него е над 200 милиони евра, а ќе продолжи уште побргу да расте. Инвестициските фондови исто така имаат приноси во ранг од катасторфален до потпросечен.

Ако приносот на референтниот индекс МБИ10 е една просечна оцена 3, тогаш со објективно оценување фондовиве се скоро сите единичари со понекое двојче. Треба час-поскоро да се укине вториот столб, т.е. да се извадат двете подгоени тении Сава и КБПрво од телото на македонската економија.
Ja ne bi da se ukine vroriot stolb. Idejata e dobra ama onie sto treba da gi mnozat parite na idnite penzioneri se za na bunishte.
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
126
Поени од реакции
90
Интересен текст за оние кои што ја следат УНИ Банка. После овој напис би се подзамислил секој инвеститор... А кај нас еден фонд на гооолемо ја купува. Ако мајката банка во Бугарија навистина има проблеми со капиталот, не ќе да е на арно...
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ja ne bi da se ukine vroriot stolb. Idejata e dobra ama onie sto treba da gi mnozat parite na idnite penzioneri se za na bunishte.
Во Македонија веројатно може да се набројат на една рака луѓето што нето сме го победиле индексот МБИ10 за целото време на постоење на берзата (да ги наречеме петкаши). Имајќи предвид дека живееме во најкорумпираната држава во Европа и дека во фондови од вториот столб се вработува исклучиво со мито, непотизам, клиентелизам па и партија, веројатноста на управувачки позиции да дојде некој од овие петкаши е статистички скоро никаква. Поради тоа ќе бидат скоро стопроцентно гарантирани мизерните поврати за идните пензионери што им ги обезбедуваат сегашниве единичари и двојкаши. Затоа е и подобро целосно да се укине системот и да се осигура тројкашки резултат наместо единичарски, кога веќе затуцанава раја не сака да си обезбеди петкашки!
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
126
Поени од реакции
90
Кај БЕСК во точка 13 од БУ- останати трошоци од работењето, зголемување за 200 милиони во однос на претходна година!??

Нема некое конкретно образложение.
Кој ли да знае? Може се трошоци за консултантски услуги од мнозинскиот акционер на British Virgin Islands или пак трошоци кон некоја друга offshore партнерска фирма?!
Малите акционери и годинава, а најверојатно и во иднина ќе си останат со прстот во уста.. На приходи од над 25М €, профит едвај над 20.000€.
Важно пред извесно време објавија Бизнис План 2020-2022 во кој напишаа дека ќе "растурат" со приходи и профит . Ама и тогаш напишав, хартијата трпи се... Убаво напиша некој форумаш погоре, подалеку од оваа акција
 
Последно уредено:

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Интересен текст за оние кои што ја следат УНИ Банка. После овој напис би се подзамислил секој инвеститор... А кај нас еден фонд на гооолемо ја купува. Ако мајката банка во Бугарија навистина има проблеми со капиталот, не ќе да е на арно...
УНИ нема мајка банка има 2 доминантни сопственици, кој по некоја случајност и таму биле сопственици,
е сега можно е да доделат некој кредит на бугарската банка и да ги снема парите, сега за сега УНИ работи добро дали ќе се прават малверзации ќе треба да пазат од НБРМ.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.300
Поени од реакции
2.360
Јас па цело време се надевам дека во Бугарија ќе им требаат дополнителен капитал за докапитализација, па за да го обезбедат ќе ја продадат УниБанка кај нас.

Ама не помислуваат на тоа, се снаоѓаат цело време со алтернативи, де нова емисија на акции, де перпетуални обврзници...

А кај нас нето добивката и капиталот постојано се зголемува и зголемува...

Дали конечно дојдено е времето невестата да се омажи?

П.С. Еве уште еден од кога го сменија од позицијата, што сака да му умре козата на комшијата. Ништо ново кај нас.

1616252458165.png
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Јас па цело време се надевам дека во Бугарија ќе им требаат дополнителен капитал за докапитализација, па за да го обезбедат ќе ја продадат УниБанка кај нас.

Ама не помислуваат на тоа, се снаоѓаат цело време со алтернативи, де нова емисија на акции, де перпетуални обврзници...

А кај нас нето добивката и капиталот постојано се зголемува и зголемува...

Дали конечно дојдено е времето невестата да се омажи?

П.С. Еве уште еден од кога го сменија од позицијата, што сака да му умре козата на комшијата. Ништо ново кај нас.

Прегледај го приврзокот 288748
Абе и овој си го напнал со некакви лични навреди и инсинуации :lolzz: Што па неточно најде у неговите писанија?
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
239
Поени од реакции
189
Загриженоста на банкарскиот сектор кај нас е очигледна со огромна кампања и писанија на сите портали колку се јако банките и слично, а нбрм не е баш спокојна. Растот на дигиталните валути уште се толерира,но што правиме кога за кратко ќе се појави крипто кредитирањето, каде ќе се зајмат пари со камати во промили? Секако ефектите ќе доцнат и кај нас, но се прашувам дали ќе влијае на новите инвеститори.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Еве кај таа УНИ огромна понуда, а никаква побарувачка, па ни со фамозните нинџа Џемс Бонд скриени налози. Дури и на мене ми делува како „некој нешто да знае“ и дека пукнале на некои јаки кредити, такашто одвај чекам да го видам тримесечниот

Screen Shot 2021-03-22 at 12.05.26.png
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.300
Поени од реакции
2.360
Абе и овој си го напнал со некакви лични навреди и инсинуации :lolzz: Што па неточно најде у неговите писанија?
Појма немам кој е типот. Само сакав да го истакнам мотивот кој стои во позадина поради кои ги пишува овие писанија, а се веќе 2 години стари и немаат никаква релевантност бар кај нас. Инаку секој акционер на УНИ Банка би требало да следи што се прави во Бугарија. Но типов формира некакво здружение против банките, каде освен тој, никој друг не е ни споменат. И толку е аматерски направен веб сајтот, што не купил бар една тема за подобро и попрофесионално да изгледа, за да биде посериозно сфатен во долгоочекуваната борба со Банките.

И мене пак ме интересира твојот мотив за предлагањето на алтернативни решенија за вториот и за третиот столб. Претходно на форумов напиша дека воопшто немаш средства таму, па не знам зошто воопшто сметаш дека твоето мислење би требало да се смета како релевантно? А не на некој друг да речиме кој има веќе над 1 милион денари на сметка на втор столб. Некој работел 10-20 години, одвојувал придонес од својата плата, и сега наеднаш сите пари да одат на едно исто купче, каде по некоја декада ти ќе сакаш да ги користиш тие средства иако не си придонел или многу малку си придонел. Никој со надпросеча плата не би го сакал тоа.

Спомнуваш дека вкупно во овој систем има околу 100 вработени. До ден денес, нема никаков позначаен скандал, и има евиденција за секоја транскација и за моменталното салдо на секој клиент. Единствениот скандал беше пред неколку години кога ПИОМ, по грешка „заборавил“ да префрли околу 2.000 членови во Друштвата за управување. Сепак се префрлија сите со соодветниот надоместок, како да биле во фондовите од почетокот на вработувањето. Сега имаш транспарентен приказ на се, на евиденција на трансакциите, на инвестициите во портфолиото, најнови софтвери, внатрешна - надворешна ревизија, теренска контрола, имаш регулатор кој секојдневно ја потврдува сметководствената евиденција. Знаеш ли колку би чинела алтернативата, ако сето ова се префрли во ПИОМ? Минимум 1.000 - 2.000 дополнителни вработени кои никогаш нема да ја понудат оваа услуга, би немало втора контрола, нити некаква ревизија и се би се плаќало од буџет. Ќе ти стават максимална пензија околу 48.000 денари и можеш да се сликаш.

Со појавата на силниов биков пазар од март 2020 па се до денес и на акциските и на крипто пазарот се појавија инвеститори кои ставиле 5 - 10.000 евра, и на ваков биков пазар кога речиси се оди нагоре, успеале да направат некој принос, па сега не се трпат по фб, телеграм и по форумиве (готово само што Бафет не ги поканил лично да му се приклучат како портфолио менаџери во Berkshire Hathaway). Тоа ми е индикација дека пазарот влегол во третиот стадиум на биковиот пазар. Е сега овие инвеститори со високо изразена самодоверба пред да се охрабрат да пишуваат, убаво е да ги прочитаат и проспектите и законите за Инвестициски фоднови и за капитално пензиско осигурување.

Прво не знаат дека примарна инвестициска класа на Пензиски фонд не се акциите, туку се Обврзниците. Пред 10 дена Македонија успеа да позајми 700 милиони евра по каматна стапка од 1,625%. Дали знаете како се движат обврзиците издадени од држави и корпорации од Европа? Минимум 60% од портфолиото на секој пензиски фонд е во Обврзници. Во делот на акциите, дали ги знаете таму кои се можностите и ограничувањата за инвестирање? Прво вкупниот број на акции што влегуваат во Инвестициски универзум се нешто под 500 (пола од Јапонија и Кореја). Facebook на пример се уште не е во универзум затоа што нема рејтинг, а Alphabet и Apple немаа до пред некоја година, па не можеше да се инвестира нити во нив. Да не зборувам што значи разликата секој ден да треба реблансирање на портфолиото затоа што треба да се инвестираат нови средства од приливи и каква разлика е тоа од инвестирање на 10 - 20.000 евра еднократно.

И на крај зошто тоа е така. Замисли ти да се пензионер и да треба да се пензионираш во март 2020 година. И портфолиото на пенискиот фонд да биде 90-100% во акции и да се случи тоа што се случи, пад на пазарите 30-40% па актуарите да ти ја пресметаат пенизјата за толку проценти пониска до крајот на животот или до крајот на програмираните испати.

Знаеш ли колкава ликвидност треба да има во Инвестициски фонд и колку барања за повлекување на средства ќе добиеш во таков тајминг? Е затоа не можеш да инвестираш во PKB и во Комуна, затоа што ќе треба да ги продаваш првите на цена од 8.000 денари, можеби и пониско, а вторите и да сакаш никој нема кој да ги купи.

Пензиските фондови растат и имаат потреба од дополнилен кадар. Не знам зошто не одите таму и не се претставите и да кажете еве јас направив толкав % профит за толку години и ги предлагам следниве инвестиции, што вие не ги правите...

ОК, доста е време трошење на Едукација која не ја наплаќам.

Целава комуникација ме потсеќа на сликата: каде млади мамички во Групите на FB го критикуваат развојот на Вакцините, а нивното истражување се темели на врз база на коментари на фб и на некој сајт што го прочитале дури седат на WC шољата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom