Македонска берза

Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Најискрено се надевам дека е наддавање помеѓу страните каквошто имаше своевремено помеѓу Штерјо и Кираца во Фершпед. Некои од директорите се такви ѓубриња што не заслужуваат ништо подобро него да преплаќаат со астрономски суми на малите акционери за стекнување на контрола над фирмите што цел живот ги цицале. На тој начин, целата нелегална „добивка“ ќе им излезе низ нос и ќе се врати мултиплицирана кај оние од коишто е украдена. Се надевам дека Кутревци се доволно паметни да извлечат поуки од ваквите работи и да постапат соодветно спрема своите мали акционери...

Меѓутоа, она што не е легално е страните да се договорат и во дајми-нати фиктивни трансакции да ја креваат цената заради претставување на своите удели како повредни или за истоварање на акции кај изманипулираната маса по повисока цена. КХВ и полицијата тоа за 10 минути можат да го утврдат гледајќи кои се купувачите и преку кои брокери се реализирани трансакциите, па треба да преземат експресни и решителни мерки за спречување и казнување, како и да излезат со соопштение за да се разбистри водата и да се зачува интегритетот на пазарот. Меѓутоа, водечките луѓе во „институциите“ ниту се способни ниту волни да го направат тоа пошо не дошле на позициите преку докажани резултати во работењето и интегритет туку преку лижење партиски газови и корупција, па затоа и целата берза е само една журка на 20-30 луѓе коишто со својот огромен капитал го контролираат движењето на цените на индексираните акции
 

Attachments

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Како КХВ ги заштитија малите акционери на ЗК Пелагонија секоја чест :D :D ..
Место денес акцијата да се тргува на 6000 денари таа од сабајле немаше купувачи . . .
Сега е во минус, а пред да ја стопираат имаше ask на market . . . .
Порталот Фактор си ја заврши својата мисија. А КХВ нема ни да трепне, а камо ли тоа да го истражи....
Ако некој стварно е заинтересиран за истрага нека ми пише . . . Ќе му го дадам телефонот на брокерот кој ми се јави да ми ги откупи акциите на 4300 денари . . . ќе им го дадам и пусулчето што ми го оставија во сандаче, па нека го проверат ракописот :D :D . . .
Зошто Фактор не го објави името на инвестицискиот фонд ?? Или зошто КХВ не поднесе пријава за манипулација против Фактор???
Ќе ги прашам и оние директорчиња на македонска берза од каде ќе заработат за плата за некоја година кога ќе нема веќе фирми за тргување на мсе???
Поради вакви како Фактор, Шајноски, Манев, КХВ, менаџмент на мсе берзата наскоро ќе липса . . .

Со Фактор имам искуство кога ја изрекетираа Охридска банка со еден натпис за лихварство, а искористија мој говор од едно акционерско собрание. Охридска банка од тогаш им стана главен спонзор и од тогаш имаа само комплименти за Охридска банка . . . Лихварството исчезна ама сметката се наполни :D:D . . .Истото пробаа да го направат и со други фирми . . .
Цел ден чекав Фактор да објават нова сторија околу ЗК Пелагонија во која ќе објават подетални информации и ќе ги демантираат ЗК Пелагонија, но никаде ги нема . . .
Шајновски е познат пумпач на Бетон од 2007 година . . . Приказните дека Бетон Скопје вреди над 1000 евра се добро познати . . .
Александар Манев е познат бивш фонд менаџер на Илирика кој има историски најлош резултат меѓу сите директори на инвестициски фондови во Македонија . . .
И они сега најдоа да изграваат светци за заштита на малцинските права :D:D...
Затоа секој новинарски натпис се зема со резерва и има своја позадина . . . А Шајновски и Зиков мислам дека се сместија во некој државни директорски фотелји . . . ??? Од тие фотелји подобро се води приватен бизнис . . .
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
238
Поени од реакции
189
Фактор е алатка за рекет и манипулација на таа наведена група и служи за рушење/воскреснување на ентитетети, во зависност каде и колку ставиле овие горе споменатите. Манипулацијата максимално ја користат бидејќи се изборија да нема регулација на порталите, а се се сведува вака некој да ги раскринка. манев е сега на чело на Кроација, а Шајноски е во Агенцијата за супервизија на осигурување. Позадински имааѕ мн информации кои нив доаѓааѕ како реални ризик фактори за одредени компании, а тие покрај тоа што ги користат за осигурување, потоа ги употребуваат во Фактор со наслови со знак прашалник, каде потоа при евентуална тужба, верувале или поминува тоа дека во целиот напис имале прашалник и дека секоја тужба паѓа бидејќи нема тврдење туку само теза? Така да комотно може да помине наслов од типот ,, Стб пропаѓа, таа е следната Еуростандард?? ,, а да на одговараат, нанесувајќи огромна штета на банката и влијаејќ и на акциите секако. Шајноски е прв кој пред ДКСК ќе падне поради конфликт на интереси, бидејќи е еден од основачите на порталот а воедно и дел од регулативата за осигурување во земјава.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
А зашто не ја продаде на 4600??


Како КХВ ги заштитија малите акционери на ЗК Пелагонија секоја чест :D :D ..
Место денес акцијата да се тргува на 6000 денари таа од сабајле немаше купувачи . . .
Сега е во минус, а пред да ја стопираат имаше ask на market . . . .
Порталот Фактор си ја заврши својата мисија. А КХВ нема ни да трепне, а камо ли тоа да го истражи....
Ако некој стварно е заинтересиран за истрага нека ми пише . . . Ќе му го дадам телефонот на брокерот кој ми се јави да ми ги откупи акциите на 4300 денари . . . ќе им го дадам и пусулчето што ми го оставија во сандаче, па нека го проверат ракописот :D :D . . .
Зошто Фактор не го објави името на инвестицискиот фонд ?? Или зошто КХВ не поднесе пријава за манипулација против Фактор???
Ќе ги прашам и оние директорчиња на македонска берза од каде ќе заработат за плата за некоја година кога ќе нема веќе фирми за тргување на мсе???
Поради вакви како Фактор, Шајноски, Манев, КХВ, менаџмент на мсе берзата наскоро ќе липса . . .

Со Фактор имам искуство кога ја изрекетираа Охридска банка со еден натпис за лихварство, а искористија мој говор од едно акционерско собрание. Охридска банка од тогаш им стана главен спонзор и од тогаш имаа само комплименти за Охридска банка . . . Лихварството исчезна ама сметката се наполни :D:D . . .Истото пробаа да го направат и со други фирми . . .
Цел ден чекав Фактор да објават нова сторија околу ЗК Пелагонија во која ќе објават подетални информации и ќе ги демантираат ЗК Пелагонија, но никаде ги нема . . .
Шајновски е познат пумпач на Бетон од 2007 година . . . Приказните дека Бетон Скопје вреди над 1000 евра се добро познати . . .
Александар Манев е познат бивш фонд менаџер на Илирика кој има историски најлош резултат меѓу сите директори на инвестициски фондови во Македонија . . .
И они сега најдоа да изграваат светци за заштита на малцинските права :D:D...
Затоа секој новинарски натпис се зема со резерва и има своја позадина . . . А Шајновски и Зиков мислам дека се сместија во некој државни директорски фотелји . . . ??? Од тие фотелји подобро се води приватен бизнис . . .
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Ебати економскиот новинар, само требало да ги суперпонира фондовските приноси врз референтниот МБИ10 Ќорава Кокошка индекс и на една слика да прикаже колку се мизерни и колку е финансиски неедуцирана рајава што им дава кеш на управување:

 
Член од
16 мај 2014
Мислења
461
Поени од реакции
369
Колку што се сеќавам за Фершпед цената на берза не помина над 150к+ денари , а блоковите проаѓаа со 400к+по акција.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Колку што се сеќавам за Фершпед цената на берза не помина над 150к+ денари , а блоковите проаѓаа со 400к+по акција.
Акцијата беше мислам накај 35.000, а тие ретките што најскапо продадоа земаа накај 350.000 и можеби уште нешто на рака. Меѓутоа, оваа феноменална десеткратна заработка не е најдоброто нешто што можело да им се случи, затоа што било што да купиле на берза у тој момент досега пораснало уште 5-6 пати.

Веројатно најдобрата инвестиција што можат Кутревци да ја направат сега е да дадат реална понуда и да ги откупат сите мали акционери додека водат 1:0 на суд, пошо доколку Апелација не им ја потврди таквата општествено деструктивна одлука, ќе мора да платат значително повеќе. Таман и ќе нема со кого да се тужи за враќање на парите доколку изгуби.

Учителката ѝ нареди кецови на владеачкава криминална банда, па сега ги тера единичарите да остануваат на дополнителна настава по часови. Ќе мора некоја покрупна риба да фатат у мрежата за да не ги истресе Калето како мрсул од власт, а у случајот со ПКБ сѐ им е сервирано на тањирче како сувомесно на свадба...

Screen Shot 2021-02-20 at 10.22.19.png
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
126
Поени од реакции
86
Дечки некој со искуство за вадење потврда за поседување на акции од централен регистар да кажи како оди процедура?
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
Дечки некој со искуство за вадење потврда за поседување на акции од централен регистар да кажи како оди процедура?
Одиш во Централен Депозитар за Хартии од Вредност (ЦДХВ) носејќи документ за лична идентификација, во зградата кај што е и ЦРМ (Комплекс Банки), и ќе ти издадат за 15 минути (мое лично искуство од 2016)
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
А зашто не ја продаде на 4600??
Има повеќе причини.
1. Ми се испонаша брокерот кој ми се јави да ми ги бара акциите. Ми рече дека при крај се со купување на пакетот, па и без мене ќе завршиле работа. Нудеа 4300 денари, следниот ден веќе беше 4719 денари . . . Ме фати инат ;).
2. Сакам да видам како ќе заврши филмов. ЗПКО ми е околу 3% од портфолио, па не ме засега многу. Најголем дел ми е купувана на 1800 денари, па може да се коцкам . . .
3. ЗПКО е компанија со најголем потенцијал на МСЕ и фали само добар менаџмент. Нешто што го немаше минатите години.
4. Сметам дека акцијата вреди многу повеќе. Мислиш ли дека 0,3 book е фер понуда??? На пример, КМБ се тргува на на 1,35 book, а МПТ на 1,7 book . . .

Дали е ова превземање или борба на титаните јас ќе чекам. Ако треба уште 10 години ;) . .

п.с.
Од КХВ уште никој не ми се јавил да му го дадам телефонот на брокерот кој мешетареше?? А и Фактор нешто ги нема да ја продолжат приказната за „странскиот инвестициски фонд“ изгледа ја постигнаа целта :D..
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
2.359
Не беше само Фактор, информацијава ја видов на вести и на Канал5 и на Сител. Ете и на Инфомакс имало писанија.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Не беше само Фактор, информацијава ја видов на вести и на Канал5 и на Сител. Ете и на Инфомакс имало писанија.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Фактор прв објави. Другите пренесуваа и трагаа по читаност. Сите го цитираа Фактор, само Канал 5 дознаваше :D :D . . .
Но никој од нив не кажа што дознал :D ... Проблемот е што три дена никој не ја продолжува приказната.
Ако сакаш да ги заштитиш малцинските акционери, штити ги до крај . . .

Вака само ги заебаа малцинските акционери. Некои ќе распродадат сега, бидејќи нема ценовно чуствителна информација . . . на ценовни нивоа што се пониски од тие што ќе беа постигнати, а само во средата имаше ask на market кој КХВ го поништи . . .
Фактор дури и ја најави интервенцијата на КХВ која беше експресна . . .
Некој манипулира. Или Фактор или менаџментот на КХВ.
А лесно се проверува.
Нека видат кој ги купувал акциите, кој шетал по домови да ги бара, кај отишле тие акции ??? Полесно амин, за се има траг . . .
Инаку 20 портали пренесоа, но кој ја пушти информацијата е битно и со која цел . . . Не гледам дека ги заштитија малцинските акционери, напротив ги заебаа, барем засега . . .


 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Каков само криминал е ова! Два милиони хектари да се продадат по 250-300 евра/хектар, барем 20 пати пониско од реалната цена!! И сето тоа да се изеде и протера низ г.з пред локалните избори.

Не бе, оваа инертна и затуцана раја стварно не заслужува ни Д од држава ако не излезе на улица и на клоци да ги втера овие од власт у затвор!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom