Гратис само општи анализи, а секоја конкретна за пари. Ми се темни кога гледам какви слепци жнеат кеш во финансиската индустрија. Во претходните постови имам пишувано колкави им се платите од финансиските извештаи на фондовите и институциите. Еве нпр. тие смешни „анализи“ од чешкиот фонд веројатно коштале околу стотина илјади евра, а во нив дури ни нумеричките податоци не се внесени точно, а ич и да не збориме за претпоставките. Веројатно најголем број луѓе не ги ни разбираат на англиски, такашто е најважно горе на првата страница да ја пишува со мрсни дебели цифри прогнозираната цена којашто е 10-20-30% повисока од моменталната на берза
Еве може КХВ да нареди на (сѐ уште) Македонската берза да плати овие анализи да се преведат и на македонски и албански, пошо ги бива едино за порачување непотребни преводи.
Согласно ова, еве јас ќе отстапам простор на огромниот број форумџии што се вработени во Народна банка, Министерство за финансии, брокераи, инвестициски и пензиски фондови, па тие да се покажат со своите анализи. Рајава секако несвесно ги преплаќа за финансиските услуги што ѝ ги пружаат, па еве може да види колку им сече црпката, доколку од катастрофалните потпросечни инвестициски резултати и економски амбиент веќе тоа не го гледа.