Не мора да имаш инасјдерски информации, доволно е да се вртиш во тие кругови за да знаеш дека нешто не штима - еден куп фирми пробуваа да си одат од Еуростандард во последниве година дена, имаа целосно запрено со кредитирање.
Да не се правиме сега паметни после битка. Буквално никој ниту шпекулираше ниту знаеше до вчера дека Еуростандард ќе отиде во стечај. Ако ништо друго, барем на гувернерката не може да ѝ се замери дека протекуваат важните одлуки. Истото се случи кога во март ги попари банкарите и акционерите дека нема да смеат да исплаќаат дивиденди, меѓутоа потоа влашкото лоби изврши огромни притисоци, па КМБ и чинам ТТК исплатија.
Интересни работи изнакажа Трифун: дека Еуростандард била депонија за лоши кредити на Комерцијална и дека од 2005. до сега не извадиле ни денар дивиденда туку ја докапитализирале банката со 25,5 миљони евра
И ај нека каже после некој дека банкарството е лесен бизнис...
Исто интересно е што на сите урбани легенди за Трифуновото богатство, тој немал десет миљони евра да искешира за докапитализацијата па морал да го продава осигурувањето и потоа да ги стави зградите под хипотека за следната од пет миљони. Ако треба да се кладам кој е најбогатиот Македонец, со смешка би ги отфрлил јавно најизвиканите фаци и би ставил пари на Илија Гечев!