Македонска берза

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Нормално е да се очекува пад на наплатени камати кај банките во втор и трет квартал заради одложувањето на кредитите, но баш да видиме колкав ќе е тој пад, и како им одело со наплата на провизиите.
na tnb ocigledno dobro im ide naplata.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Неизвесност во економијата, банките не се изземени од тој ризик. Илјадници луѓе ќе останат без работа или со намалени плати во зоните, туризмот, транспорт и слични сектори.

Економијата е сега во хибернација, од овој месец почнуваат извршителите а од септември ратите во банките.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Ima rebus za ekonomski eksperti ?
Ima kriza se zgolemuva depozitnata baza se namaluva referentnata kamata se namaluva pobaruvackata za krediti vo odnos na depoziti se nadzira dupka vo budzetot sto bi znacelo mozna devalvacija t.e. nelikviden budzet !!!
Site ovie tocki bea isti i pred pocetok na koronava vo mart a situacijata e daleku od podobra i sega no nikoj ne spomnuva koj e iznosot koj sto graganite ovaa godina ne gi potroshija po bel svet tuku prometot ostana vo zemjata !!
Moze tuka lezi odgovorot na ovaa situacija koja sto ja nema vo knigi po ekonomija ???
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
По UNI, ADIN, со KPSS денес ја затворив тројката помалку ликвидни акции во портфолио. Другите што ги спомнав вчера наназад гледав навистина ептен се барање игла во сено, PKB е супер, но нивниот однос кон акционерите ми е чуден и по ланските случувања, но и по тоа што се ретка од добрите компании кои немаат ништо за акционерите на нивната веб страна, туку само слика од директорот и порака до нив и историја. Имаат голем потенцијал ако се следи економската логика, но за сега во поглед на апетит за ризик сум доволно. Ги гледав и MKSD. 10 години наназад 0 дивиденда и при распределбата сите средства си ги задржуваат и калапт ко готовина не ги распределуваат. Пополека читам наназад во форумот по некоја страна секој ден и забележав дека пред неколку години имаше и данок на нераспределена добивка. Веројатно поинаку ги користат парите. Тие имаат големи можности, но и голем ризик си велам оти се бајги испреплеткани со неколку компании на кои НЗС им е транзициската приватизација. Така што KPSS моментално ми се најперспективни.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.300
Поени од реакции
2.360

UNI ти е прилично ликвидна акција, и нејзиниот удел не би требало да ти влегува во уделот во портфолиото за неликвидни компании. (8ма според ликвидност на целата берза според последниот полугодишен извештај).

MKSD e во тие комбинациите со Фершпед, Европа и цело време прават дај ми го - на ти го, така да иако имаат голем имот, не може некој реално да процени колку вреди, ниту пак утре што ќе направат со тие акции што ги имаат и по која цена ќе ги продадат.

KPSS ти е потценета и перспективна компанија. Како што напишав во некој претходен пост имаат и диверзивицирана понуда на производи и услуги, што ја прави помалку ранлива во кризни времиња, особено што полесно се наплаќа од ЕВН и од физички лица при купопродажба на стан, него да чекаш државата да ти ги префрли средствата што ти ги должи. Почнувањето на изградба на новиот блок, е индикатор дека добри се со ликвидност. На последново собрание ми оставија впечаток како чесно ја управуваат компанијата, особено што нема преголемо мешање и трансакции со ГИМС (доминантниот акционер). Сепак таа е компанија што функционира во Македонија па и таа ги има скоро сите ризици што ги имаат поголемиот дел од компаниите кај нас, и во делот со наплата и во делот со менталитетот... Сепак поради ризиците што ги преземемаме очекуваме и соодветна награда во очекување на повисока капитална добивка, да не сакавме да преземаме ризици, ќе ги ставевме и ние парите во депозити да си спијат со 1.2% годишна каматна стапка.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Може ние да се буфтаме кој е подобар инвеститор, ама г-динот Тито Беличанец нѐ шие сите. Имено, тој на 28.1. беше продал 4.000 акции од Тетекс по 2.800 денари, а денес тие се на половина од таа цена:

Screen Shot 2020-07-23 at 14.45.33.png

Иако Седумте џуџуња од КХВ го казнија со цели 1.000 евра, верувам дека тој пеејќи ја платил таа казна пошо со продавањето на акциите спречил да претрпи капитална загуба од дури 70.000 евра! Секоја чест, мајсторе, еве дури и јас ти се поклонувам на генијалноста и далекувидоста!
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Eve poddrska za mantrata na grim
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Eve poddrska za mantrata na grim
Сега им текнало кога падна дадето. Дури и да ја разрешат, само ќе направат место за нов полуписмен партиски послушник да лапа 100.000 месечно...
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
461
Поени од реакции
369
Може ние да се буфтаме кој е подобар инвеститор, ама г-динот Тито Беличанец нѐ шие сите. Имено, тој на 28.1. беше продал 4.000 акции од Тетекс по 2.800 денари, а денес тие се на половина од таа цена:

Прегледај го приврзокот 260012

Иако Седумте џуџуња од КХВ го казнија со цели 1.000 евра, верувам дека тој пеејќи ја платил таа казна пошо со продавањето на акциите спречил да претрпи капитална загуба од дури 70.000 евра! Секоја чест, мајсторе, еве дури и јас ти се поклонувам на генијалноста и далекувидоста!
Џабе не се вика Тито
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Еве уште една интересна работа што е толку индикативна за состојбата во општеството и берзата. Претседателката на КХВ, Нора Алити, од имот пријавила само 10 години стара кола со вредност од 2.500 евра и петгодишен кредит од 10.000 евра. Според ова, таа практично има негативен личен капитал!

Мене само ме чуди како е можно ако наводно поседува толкави знаења и способности што се потребни за водење на оваа институција, таа не успеала претходно на пазарот да ги монетизира и да стекне барем некаков личен имот?!?

Прегледај го приврзокот 235990
Автоматски споено мислење:

Па еве уште еден еднакво (не)способен член на КХВ со негативен личен капитал. Овој Душко Гошевски има личен имот во вредност од само 8.000 евра и долгови од дури 40.000 евра!

Прегледај го приврзокот 235991
Автоматски споено мислење:

Идеме следно на г-ѓица Лиле Делиџакова, фамозната фризерка и сестра на Катица Јанева. Ако го одбиеме станот што го добила на подарок и ги пребиеме средствата и долговите, ќе заклучиме дека у животот самостојно има стекнато одвај 1.000 евра!

Прегледај го приврзокот 235993
Автоматски споено мислење:

Во споредба со горе наведените, г-динот Сејдија Фазлиоски е златен. Тој со своите знаења и способности за регулирање на финансиски пазари успеал во животот да стекне цело едно Југо Темпо во вредност од скоро 2.000 евра!

Прегледај го приврзокот 235995
Автоматски споено мислење:

Еве токму вакви (у подобар случај неспособни партиски голтари, а у полош ноторни лажови) ја кројат состојбата на пазарот на хартии од вредност. Останатите тројца членови имаат некаков просечен имот, ама моралните вредности можат да им се доведат во прашање штом партии ги предложиле за вакви позиции.

При ваква состојба, најверојатно е потребен само еден збор од партиските ментори или некое фрлено илјадарче од економските оператери што треба да ги регулираат (а коишто вртат милиони) за овие членови да гласаат како што ќе им се каже или да постапат или не постапат по било која претставка или барање од засегнатата јавност!

Ме чуди само како немаат срам па да одбијат кога од матичните партии ќе им понудат ваква важна функција!
Еве горе у постов и неколку поста по него какви се' ликови се поставуваат за членови за КХВ. Отсекогаш ме чудело откај им на ваквите луѓе самодоверба да побараат у партија да бидат именувани за важна и одговорна работа за којашто немаат појма. Ако ги анализираме биографиите на вработените од финансиската и фондовската индустрија, гарант ќе најдеме барем уште 90% вакви изгубени Германци како што е г-ѓицата Делиџакова.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.300
Поени од реакции
2.360
Еве горе у постов и неколку поста по него какви се' ликови се поставуваат за членови за КХВ. Отсекогаш ме чудело откај им на ваквите луѓе самодоверба да побараат у партија да бидат именувани за важна и одговорна работа за којашто немаат појма. Ако ги анализираме биографиите на вработените од финансиската и фондовската индустрија, гарант ќе најдеме барем уште 90% вакви изгубени Германци како што е г-ѓицата Делиџакова.
Тие не бараат, туку едноставно чекаат на ред, и кога ќе им дојде редот добиваат некоја функција: Директор во Идризово, член на УО во МНАВ, комисионер во КХВ, Заменик директор во Македонска Банка за Развој... Можно е пред тоа воопшто и да немале слушнато дека постои таа институција.

Поприлично познати ми се луѓето од финансиската и од фондовската индустрија (со некои се знам лично, со некои не), па еве ти предизвик да најдеш барем двајца кои според биографија (CV) се „изгубени Германци“ во индустријата.
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
339
Поени од реакции
326
По UNI, ADIN, со KPSS денес ја затворив тројката помалку ликвидни акции во портфолио. Другите што ги спомнав вчера наназад гледав навистина ептен се барање игла во сено, PKB е супер, но нивниот однос кон акционерите ми е чуден и по ланските случувања, но и по тоа што се ретка од добрите компании кои немаат ништо за акционерите на нивната веб страна, туку само слика од директорот и порака до нив и историја. Имаат голем потенцијал ако се следи економската логика, но за сега во поглед на апетит за ризик сум доволно. Ги гледав и MKSD. 10 години наназад 0 дивиденда и при распределбата сите средства си ги задржуваат и калапт ко готовина не ги распределуваат. Пополека читам наназад во форумот по некоја страна секој ден и забележав дека пред неколку години имаше и данок на нераспределена добивка. Веројатно поинаку ги користат парите. Тие имаат големи можности, но и голем ризик си велам оти се бајги испреплеткани со неколку компании на кои НЗС им е транзициската приватизација. Така што KPSS моментално ми се најперспективни.
Ти ли ми ја украде за 540 ;), држев на 520, ама никој не се удостои да продаде :P
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Тие не бараат, туку едноставно чекаат на ред, и кога ќе им дојде редот добиваат некоја функција: Директор во Идризово, член на УО во МНАВ, комисионер во КХВ, Заменик директор во Македонска Банка за Развој... Можно е пред тоа воопшто и да немале слушнато дека постои таа институција.

Поприлично познати ми се луѓето од финансиската и од фондовската индустрија (со некои се знам лично, со некои не), па еве ти предизвик да најдеш барем двајца кои според биографија (CV) се „изгубени Германци“ во индустријата.
Да ги има негде поставено биографиите и фамилијарните врски на вработените во финансиската и фондовската индустрија, ти гарантирам дека би се испоставило дека 90% се дојдени на работните места преку непотизам, клиентелизам, корупција, негативна селекција или дури и партија, пошо сигурно не ги вработиле на регуларен конкурс според способности и резултати. Впрочем, затоа фондовите и имаат такви катастрофални субстандардни поврати. Да имаат свест, совест и фидуцијарна одговорност, од срам самите би си дале откази, меѓутоа таму никој не дошол за да оствари што подобар поврат за клиентите туку да си ќути и дупи земајќи натпросечна плата за потпросечна работа.
 
Значи секогаш истиот одговор “ТРЕСЛА СЕ ГОРА, РОДИО СЕ МИШ” баш како мантра, кога од тебе ќе се побара некој конкретен одговор. Не се скриени, на секој веб сајт стојат Имињата и Презимињата на членовите, имаш LinkedIN за секој од нив. Но полесно е вакви copy/paste паушални одговори/изговори со еден куп придавки. Па нели 90% се, по слободен избор кој и да одбереш треба да е изгубен Германец.

Приватниот капитал врши многу строга селекција на кадри. Згора на тоа, сите тие биографии мора да добијат и регулаторен Амин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom