Македонска берза

Член од
16 мај 2014
Мислења
462
Поени од реакции
370
Толкуте силни „маркет-мејкери“ ич не се замараат со својата работа. Можам да им наведам барем 20-30 акции коишто се заглавени на пониски или повисоки цени од нивоа на коишто би имало значително поликвидно тргување. Со пола миљон евра можат експресно да ги дотераат до тие нивоа, а годишно би наплаќале сигурно дупло провизии од значително зголеменото тргување. Практично ќе си отворат работа со 200% годишен поврат на направената инвестиција.

А ако остана уште некој когошто не сум го навредил од финансиската индустрија во населенава територија - тоа се брокерите. Искрено не ни знам зошто воопшто постојат на ваков мал пазар кога Берзата и Депозитарот можат да инвестираат во компјутерски систем за поврзување на депозитарни и банкарски сметки преку којшто секој би можел електронски да остава куповни налози и да му се блокираат пари за реализација, како и продажни пришто би му се блокирале акциите. Ваков систем постои на апсолутно секоја берза, а наместо просечно 1% брокерска провизија, купувачот би плаќал 0,1-0,2% колку за одржување на системот со што на инвеститорите би им се заштедиле милиони евра провизии годишно. Можат и да стават некоја провизија од 10-20 денари за повлечени и нереализирани налози колку луѓе да не си играат и да го оптоваруваат системот.
Кајгана фонд да направиме ,нема друго.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Ниту една трансакција на МСЕ за саат време од отварање.
Маркет мејкери, кајгана форумџии се успавте или толку беше интересот за македонски акции?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Ајдееее поминал пола ден, а на берзата промет 100 денари... Можеби пак треба некој „менаџер“ да излезе у јавност и да најави ново „раздвижување“
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Абе може и Карлсберг пошо на него имаат поголема профитна маржа :pijani: Плус ладна даска, ама исклучиво да биде со пршути и сувомеснато од Пекабеско со сѐ Ирко кашкавал
Автоматски споено мислење:

Инаку, гледам дека денеска поминале 140 КОМУ по 399. Некој си купил акции со поврат од 60% додека мнозинството се тепа за котирани со 6%
тешко да се опорави ППВ. Во меѓувреме Кожувчанка продава Македонско пиво 1.5 литар за 50ден. Туборг 40ден 0.5 некаде и 35 акции, Каменица 35ден Лашко 0,5..... секој ден нови цени како камен паѓаат ама ова со Македонскотото пиво ги турна сите и скопска пивара па живели почнува сезона на пива со дисконти :pijanco:
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Ваков систем постои на апсолутно секоја берза, а наместо просечно 1% брокерска провизија, купувачот би плаќал 0,1-0,2% колку за одржување на системот со што на инвеститорите би им се заштедиле милиони евра провизии годишно. Можат и да стават некоја провизија од 10-20 денари за повлечени и нереализирани налози колку луѓе да не си играат и да го оптоваруваат системот.
Дури нека остане и 1%, но да може секој онлајн да си става налози и да се реализираат автоматски. Вака зависиме од достапноста на брокерот, дал работи или не, дали му се примочало во моментот, дал одмор зел. Им спомнав дека функционирањето на берзава е премногу заостанат, но одговорот беше дека тие ги штителе клиентите со тоа што првин го проверувале налогот дали бил во согласност со правилата, ццц која хипокризија.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102

Vo tie 1% vlegvaat I troshocite za berza, depozitar... I Sega imate e-trader, so e skoro avtomatsko pisuvanje na nalozi, osven shto brokerot treba da stisne evet, dali imash pari za kupuvajne ili ne...
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Vo tie 1% vlegvaat I troshocite za berza, depozitar... I Sega imate e-trader, so e skoro avtomatsko pisuvanje na nalozi, osven shto brokerot treba da stisne evet, dali imash pari za kupuvajne ili ne...
Поради тоа "скоро автоматско" ми се дешавало 4 дена да не нема кој налог да ми пушти. Нека земат пример од Vanguard brokerage, ќе видат Господ и клиенти и ЦДХВ, а богами и берзата. Единствено брокерите би го јале тука.
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Поради тоа "скоро автоматско" ми се дешавало 4 дена да не нема кој налог да ми пушти. Нека земат пример од Vanguard brokerage, ќе видат Господ и клиенти и ЦДХВ, а богами и берзата. Единствено брокерите би го јале тука.
Smenuvaj brokerska kukja utre od sabajle... Jas cekam za OK okolu 20sekundi do minuta...
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Поради тоа "скоро автоматско" ми се дешавало 4 дена да не нема кој налог да ми пушти. Нека земат пример од Vanguard brokerage, ќе видат Господ и клиенти и ЦДХВ, а богами и берзата. Единствено брокерите би го јале тука.
Mene preku NLB nikogas mi se nema sluceno da cekam poveke od 10sekundi
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Обично е 5 секунди до минута и кај мене, но ете се погоди период баш во една недела три брокери да не се во можност да работат и имаше голем застој. Малку траеше, не дека ќе се наполнев пари таа седмица, но сепак автоматско извршување на налозите е каде каде подобро. Нема да има потреба од маркет мејкери, самите клиенти кога ќе осетат слобода и моќ со кликање на едно копче да тргуваат без да чекаат друг да им одобри ќе ја подигнат берзата.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Консолидација на неуспехот: првиот по најмали приноси на пазарот го купува вториот по најмали приноси на пазарот :lolzz:

Screen Shot 2020-06-22 at 09.46.31.png

Инаку, прашањето на нето годишниот поврат на инвестираниот капитал е апсолутно најважното прашање за секого што се занимава со инвестирање. Нпр. некој може да почнал со инвестирање во 2013. и во повеќе наврати вкупно вложил бруто 50.000 евра, портфолиото сега му вреди нето 70.000 евра, продал акции за нето 20.000, земал нето 5.000 дивиденди. Неговиот вкупен поврат ќе биде (70.000 + 20.000 + 5.000) : 50.000 = 1,90, односно 90%. Со оглед на тоа што вкупниот поврат е остварен за време од 7 години, нето годишниот поврат е седми корен од 1,90, т.е. 1,096, односно тоа лице остварувало просечен годишен поврат од 9,6%.

Задолжителните пензиски фондови кај нас постојат веќе 15 години, а вредноста на инвестициската единица на фондот Сава денеска е 212,46, т.е. имале годишен поврат од само 5,15%, додека кај КБ е 216,89, т.е. годишен поврат од само 5,3%. За доброволните и отворените инвестициски фондови дури е и срамота да се пресметува затоа што повратите им се околу нула или дури и негативни, како нпр. кај горе споменатите Џенерали, коишто за 11 години постоење одвај оствариле 9-38 денари на секои 100 вложени:

Screen Shot 2020-06-22 at 10.28.58.png

Јас првпат купив акции во пролет 2008. година, а во меѓувреме скоро шесткратно го имам зголемено инвестираниот капитал на берза. Да сум бил инвестициски фонд, сега инвестициската единица би ми чинела 593 денари, односно сум остварувал годишен поврат од 16%. Тоа е трипати повеќе од „професионалците“ што ги „менаџираат“ пензиските фондови, а десетпати повеќе од „професионалците“ што ги „менаџираат“ „инвестициските“. Сега се превивам од смеење кога ќе ми текне дека 2007. кога ми пристигна првиот пензиски извештај од КБ Прво помислив дека имам инсајдерски информации што купуваат „професионалците“ што ми ја „менаџираат“ пензиската заштеда. Среќа па многу бргу ми се отворија очите, за разлика од финансиски затуцаниов народ којшто сѐ уште не сфаќа колку штета му прави вториот столб колејќи го секоја година со десетици милиони евра провизии!

Уште позадоволен сум со своите сегашни позиции во компании што се по 2-3 пати потценети, за разлика од нив коишто се преполни со преценети обврзници и индексирани акции коишто можат да идат само надолу.

Претпоставувам дека си водите детална евиденција за инвестициите и платените провизии, па интересно би било секој да пресмета и постира колкав нето годишен принос имал и за кој период. Не мора да се постираат апсолутните вредности на капиталот туку само годишните поврати, затоа што дури и некој млад што вложил само неколку илјади евра можеби е подобар инвеститор од „менаџерите“ што управуваат стотици милиони.

П.С. Не напишав уште една исклучително важна работа, а тоа е движењето на индексот за време на периодот на повратот. Нпр. за наведената пресметка со поврат од 9,6% треба да се има предвид дека индексот од 2013-2020. пораснал од цирка 2.000 до 4.000 поени, такашто и просечниот инвеститор имал раст од околу 10%, односно фиктивниот инвеститор од пресметката не бил ништо подобар од просекот на пазарот. Во мојот случај од 2008-2020. индексот имал ПАД од 7.000 на 4.000 поени, односно просечниот инвеститор ЗАГУБИЛ 4,8%, што значи дека сум бил подобар од просекот за околу 20% годишно!
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.315
Поени од реакции
2.380
Не знам која ти е целта, ама упорно мешаш баби и жаби.
И не знам изгледа очекуваш дека ако 10 пати повториш, дека веќе нема да ги разликуваме бабите и жабите.

Прво тебе никој не ти води евиденција. Може да кажиш дека си 593% проџенти во позитива, а може реално да си 127% во позитива, или да имаш негативен принос од 37%.

И претпоставувам ти си бил во акции 100%. Друго е да имаш законски пречки, кои ти дозволуваат само 30% да си во акции, од кои најмногу 5% во домашни акции.

Трета работа е што многу полесно е со 10.000 евра да влезиш и да излезиш од MSE. Многу потешко е ако треба да влезиш со 15 милиони евра прво да купиш акциии, а подоцна и да излезеш со профит, макар да бил и 100%. И не знам во тој случај кои акции би ги купил??

П.С. И дај пиши им на Џенерали, нека те стават Портфолио менаџер па да видиш како функционираат работите.
Вака по форуми многу лесно е.
 
За вториот столб веќе имам пишувано, а тоа е дека треба се расформира и наместо секоја година да му се плаќаат десетина милиони евра провизии - тие пари да ги земаат сегашните пензионери преку поголеми пензии. Со пропуштање добивка поради лошото менаџирање на средствата во споредба со индексирање се губат уште петнаесетина милиони евра годишно - а со тоа се оштетуваат идните пензионери. Сѐ на сѐ, вториот столб е тенија во македонската економија којашто досега и старите и новите пензионери ги чинела накај 300 милиони евра!

Што се однесува на Џенерали, мислам дека тој нивен акциски фонд тежи само 350.000 евра, такашто со негово менаџирање би паднал од коњ на магаре.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: TGo

Kajgana Shop

На врв Bottom