Македонска берза

myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Според моја логика, би требало да се прикажуваат меѓу нето и сеопфатна добивка, со тоа што разликата треба да биде во однос на претнодниот квартал, а не во однос на претходната година. Нпр. К1-20 во однос на К4-19, а не К1-20 во однос на К1-19. Меѓутоа, пак математиката кај МПТ не се вклопува. Загубата во овој квартал треба да им е огромна, ем на залихи и претплата, ем на капитални загуби...
а делот од редовно работење како тогаш? еве баш тема градежни каде што е општо познато дека Q1 им е увек најлош додека во Q4 е многу често да се наплаќаат заостанати ненаплатени ситуации од реализација па дури и да трупаат за резерви за нареден Q1 дека нели во зимо најмалку работат па барем за плата да имаат...или да се подели ФИ едни ствари да бидат за ист квартал претходна а други не?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883

Мислам дека тоа ќе се залихи и недовршено производство. Ќе има нивно зголемување на крајот на периодот во однос на почетокот, па така ќе се прикаже во приходи иако не е наплатено.

Секако, и ова пружа огромна шанса за манипулирање доколку никој не проверува, а не ми се верува дека у тотално корумпирана држава едино сметководителите се чесни
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Да, исто е ова со тоа што ти го пишав погоре. Тоа е начин на вреднување на акции од други компании не од сопствената.
Еве и у книгата Сметководство од професор од Харвард се потврдува дека се вклучува во сеопфатна. Нема шанса у Македонија да е различно, такашто МПТ тука ептен мува што не прикажува правилно!
Прегледај го приврзокот 251392
 
myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Мислам дека тоа ќе се залихи и недовршено производство. Ќе има нивно зголемување на крајот на периодот во однос на почетокот, па така ќе се прикаже во приходи иако не е наплатено.

Секако, и ова пружа огромна шанса за манипулирање доколку никој не проверува, а не ми се верува дека у тотално корумпирана држава едино сметководителите се чесни
тоа е веќе скроз друга категорија и начин на книжење...

ама барем јас веќе можам да сфатам одкаде муабетите бескрајни за корумпираност, фалширање и сл.
Автоматски споено мислење:

Може подобрите познавачи на Бетон да го коментираат извештајот?
Незнам зашто ама мене ова ми изгледа како почеток на крајот на Бетон (како Бетон штип изгледа нема да биде ама како Тетекс иде работава).
Бетон за 2019 прокнижи најмала добивка по акција за изминатите 7 години (толку можев да видам) 8 пати помалку во однос на 2015 и 2016 а уште пофрапантен е податокот дека трошоците за вработените за првите 3 месеци во однос на 2019 се НАМАЛИЛ за 41%, што се случило? Сигурно немаат намалено плати, заначи останува дека имале отпуштања или луѓето едноставно си напуштиле?
најверојатно е да е комбинација од намалување на вработени и пуштање на одмор (принуден) ради кинескиот вирус па намалување на трошоците.

интересен е делот со добивката од 10мил на реализација од 179мил. споредбено со 2019 каде што реализација годишна е 1.38 милијарди а добивка 14мил.
Значи они 70% од годишната добивка ја направиле во Q1 при пандемија и зимски месеци. е тоа е за награда!

шала на страна најверојатно не им се книжени трошоци од градилиштата...(честа појава во градежништво многу пати од самите проект менаџери за да испаднат успешни. на крај ќе им ги пријават трошоците како од марс да паднале па ќе се чуди сопственикот, а после и акционерите).
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
тоа е веќе скроз друга категорија и начин на книжење...

ама барем јас веќе можам да сфатам одкаде муабетите бескрајни за корумпираност, фалширање и сл.
Автоматски споено мислење:

најверојатно е да е комбинација од намалување на вработени и пуштање на одмор (принуден) ради кинескиот вирус па намалување на трошоците.

интересен е делот со добивката од 10мил на реализација од 179мил. споредбено со 2019 каде што реализација годишна е 1.38 милијарди а добивка 14мил.
Значи они 70% од годишната добивка ја направиле во Q1 при пандемија и зимски месеци. е тоа е за награда!

шала на страна најверојатно не им се книжени трошоци од градилиштата...(честа појава во градежништво многу пати од самите проект менаџери за да испаднат успешни. на крај ќе им ги пријават трошоците како од марс да паднале па ќе се чуди сопственикот, а после и акционерите).
Па точни се обете работи што ги напишав, а тоа и од книгите се потврди. Можеби нешто што ќе напишам е и погрешно, ама тоа се 5 од 100 работи. Еве баш би сакал да видам некој да испише толку многу материјал колку јас што сум испишал на форумот па да видам јас колку нему му сече црпката.

Некои не пишуваат од најобична себичност да не споделат со другите ништо од тоа што го знаат. Најчесто не споделуваат информации, контакти и општествен капитал преку кои стигнале на позиции да си ќутат и дупат. Најголем број наследиле станови, пари, фирми или родителите за раче ги довеле на јаки општествени позиции. Некои пак не пишуваат едноставно затоа што не ни имаат ништо да споделат. Многу се ретки тие што од човечка великодушност ќе споделат нешто корисно со други луѓе.
 
не, не е точно ништо од тоа што напиша, едноставно сметководствените правила не се како што тебе ти е логично...

а супер е тоа што сакаш да споделиш.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
не, не е точно ништо од тоа што напиша, едноставно сметководствените правила не се како што тебе ти е логично...

а супер е тоа што сакаш да споделиш.
Па точно е баш тоа што праша што е изградено а ненаплатено каде се прикажува, а исто така и дека разликата меѓу крајот и почетокот на пресметковниот период се прикажува под нето добивката во сеопфатна.

А еве земи и ти покажи се великодушен па пишувај и споделувај, а јас еден јак рефлектор да насочам кон тие писанија како кон вработените у М-НАВ, комисиите, агенциите, банките или фондовите
 
myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Па точно е баш тоа што праша што е изградено а ненаплатено каде се прикажува, а исто така и дека разликата меѓу крајот и почетокот на пресметковниот период се прикажува под нето добивката во сеопфатна.

А еве земи и ти покажи се великодушен па пишувај и споделувај, а јас еден јак рефлектор да насочам кон тие писанија како кон вработените у М-НАВ, комисиите, агенциите, банките или фондовите
Па тоа и правам,

реализацијата (или приходи) што ги претставуваат се по нивно сметководство за наплата. незначи дека за тоа испоставиле фактура сеуште (ама ке испостават) тоа им е сработена работа со се материјали која што е во тек за наплатa или наплатена (и двете уствари).

во залихи и недовршено производство евидентираат од фактури од добавувачи (материјали што купиле) и од нивни производствени погони кои што сеуште им се водат во материјално и магацин.(немало време,некој дел фали, сеуште не е во таа фаза ама ради х причина веќе е спремно, континуитет на процес...)

скроз различни се овие работи.

за тоа мнав, комисии, агенции и сл скроз се слагам.

и доста е. толку на оваа тема.
 
Последно уредено:

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
337
Поени од реакции
325
Овие Бетон се дупки не само книговодствено (кое и не ми е баш јака страна, па да споделам нешто во врска со него), туку и теренски. Добија два-три тендери за рехабилитација на патишта од кои најголемиот Куманово - Страцин, но нигде ги нема 8 месеци, ни трага, ни глас, барем едно багерче да пуштија да копа земја. Гранит за разлика од нив е присутен речиси на сите градежни проекти што се во тек, дури се пофалија дека вработиле повеќе луѓе затоа што забрзала динамиката конкретно за градење на патната мрежа. И после како да не купам од Гранит, мислам дека тие нема да трпат многу од кризава, башка зајакот спомна дека ќе се зголемат капиталните инвестиции, а нив сигурно нема Бетон да ги реализира.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Па тоа и правам,

реализацијата (или приходи) што ги претставуваат се по нивно сметководство за наплата. незначи дека за тоа испоставиле фактура сеуште (ама ке испостават) тоа им е сработена работа со се материјали која што е во тек за наплатa или наплатена (и двете уствари).

во залихи и недовршено производство евидентираат од фактури од добавувачи (материјали што купиле) и од нивни производствени погони кои што сеуште им се водат во материјално и магацин.(немало време,некој дел фали, сеуште не е во таа фаза ама ради х причина веќе е спремно, континуитет на процес...)

скроз различни се овие работи.

за тоа мнав, комисии, агенции и сл скроз се слагам.

и доста е. толку на оваа тема.
Прашањето не беше што е разликата помеѓу приходи и залихи пошто тоа веројатно и на средношколец му е јасно, туку што се случува со недовршени или произведени а непродадени производи. Нпр. градежно претпријатие имало трошоци у одреден квартал да направи зграда со 20 станови, меѓутоа во кварталот продало само 5 станови. Тие 5 ќе бидат прокнижени во приходи по продажните цени, а тие 15 у залихи и недовршено производство по производни цени. Како се продаваат, ќе преминуваат од залихи у приходи. Или нпр. изградиле 40% некоја хала, а ќе ја наплатат одеднаш цела дури за три квартали. Тогаш производната вредност ќе се книжи во залихи, а само во последниот квартал кога ќе се фактурира ќе влезе и профитот од објектот.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Градежниците фактурираат на делови (времена ситуација) така што доколку се прави деловен објект од јануари до септември фактура за него може да има во секој квартал.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Kapitalni zagubi vo mart so padnat pazar za 50% vo firmi koi poseduvaat akcii treba da se ogromni od pricina sto zakonski e da se knizat na kraj na godina po pazarni ceni od 31.12 !!!
Ako nekoj gi vodi po nabavni ceni spored mene e nezakonski i celata slika na firmata mozno e da e iskrivena t.e ogromna dobivka ili zaguva da iskoci na nekoj iden presek !!!
Od taa pricina e i odlukata kaj razvieni ekonomii da ja stitat berzata vrz baza na fundamenti za da nemaat zagubi firmite a drzavata vo vreme na stabilizacija ke izleze od berzata kako dobitnik !!!
Kaj nas drzavata seuste berzata ja mislat za tombola pa ne e ni cudo sto im e dozvoleno na poedini firmi da si gi vleckaat akciite koi sto gi poseduvaat po nabavni ceni a ne pazarni !!!
Ako prashash nekoj od ministerstvo za ovaa prpblematika ke mislat deka si naucnik ne pa da ti odgovorat na prashanje :) :)
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Прашањето не беше што е разликата помеѓу приходи и залихи пошто тоа веројатно и на средношколец му е јасно, туку што се случува со недовршени или произведени а непродадени производи. Нпр. градежно претпријатие имало трошоци у одреден квартал да направи зграда со 20 станови, меѓутоа во кварталот продало само 5 станови. Тие 5 ќе бидат прокнижени во приходи по продажните цени, а тие 15 у залихи и недовршено производство по производни цени. Како се продаваат, ќе преминуваат од залихи у приходи. Или нпр. изградиле 40% некоја хала, а ќе ја наплатат одеднаш цела дури за три квартали. Тогаш производната вредност ќе се книжи во залихи, а само во последниот квартал кога ќе се фактурира ќе влезе и профитот од објектот.
Ова го имам забележано и го пишуваат скоро во секој извештај на Фабрика Карпош:

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија(проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош А.Д Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ке се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Од претходните годишни извештаи, забележав дека иако ги водат како залихи, и иако имаа продадено голем број на станови, и ги книжат тие пари како (примени аванси од купопрадажба на станови), се дури не добијат технички прием на зградата, не ги книжат како приходи во Билансот на успех.

Конкретно кај оваа компанија кој сееше претходните години сега ќе жнее и тоа се забележува кај последниот квартален извештај, каде веќе трошоците се поприлично драстично намалени, додека приходите (како зградите добиваат технички прием) експоненцијално растат.

Во Аеродром имаат една целосно изградена зграда, која веќе неколку месеци е готова и стои така без технички прием (или поради Covid19 или некој им бара мито). Така да за очекување е и таа зграда да се прокнижи во вториот квартал од 2020 година.
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Eve edna analiza dali najlosoto pomina ili najlosoto doprva doaga.

Член од
18 септември 2010
Мислења
61
Поени од реакции
40
Една работа навистина не ми е јасна, дали некој на инспекториве или другите институции треба да им нацрта за да сватат или видат очигледна манипулација.
Еве пример Фактор објавиле најуспешни фирми за 2019 по профит (https://www.faktor.mk/koi-se-najprofitabilnite-50-kompanii). На сликата подоле се појавуваат 2 фирми со ФАНТАСТИЧНА добивка од 99% значи колку имале приход излегува дека се е ќар освен плаќањето за сметководителот еб***.
ЦМК Европа (никад чуо) а за камени мост веќе одмана се знае дека е за перење на парите на Телеком, од друга страна не ми е јасно како Цементарница УСЈЕ кој е Македонски гигант и монопол да биде во ќар од САМО 25%, Џонсон Мети не го ни коментирам. Логично гледано првите 15 компании имаат (или треба да имаат) најмалку 35 до 45 % ќар, пример на Телеком додај ја добивката од Камени мост и имаш 41% што е логично.
1589776353497.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom