Еве три дена S&P500 е во зелена територија, па порано или подоцна овој оптимизам може да се очекува и кај нас.
Видов многумина изненадени од денешниот ролеркостер, примерот со АЛК (од +9% во минус), што ми кажува дека мал е бројот на оние кои ги преживеаја 2007/2008.
Јас сум се уште преку 95% во акции, секако во оние не така атрактивните, а чекам да акумулирам некоја поголема сума за да испазарам уште нешто на овие цени.
Потполно се сложувам со еден од последните постови на
@TENDO дека УНИ, и покрај плукањето на многумина овде на форумов, извлече поголем ќар од обврзницата, а истиот само ќе се мултиплицира во наредниот период.
Реплек почнаа премногу офанзивно да го рекламираат еден од лековите кои треба да се комбинираат за третирање од COVID19, што за мене е очајно лоша маркетинг политика.
За мене Гранит на оваа цена е џаб'л'к што би рекол Гру, наредна прилика ќе присоберам уште нешто ако не замине над 1К.
Оние кои мислат дека Гама ќе се реши за брзо нека ги видат постовите на Буревесник, кои беа постирани и овде пред некое време, од кои заклучокот е дека ќе мора правобранителство (да, изгледа многу ретардирано) да даде позитивно мислење за да биде комплетирана целата процедура, а тоа е премногу тешко да се случи во овие констелации. Поради тоа МПТ ми е далеку од видно поле.