Македонска Втора Лига

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Да не го тупам во темата за трета лига, нови фузии на повидок. Кораб најверојатно ќе се фузира со Корзо (или со 11 Октомври) и со големи амбиции ќе биде за прва лига.
Миравци ги распуштиле играчите и најверојатно ќе се фузираат со Беласица која истотака бара место во втората лига.
Како и што очекував за прва лига ќе се борат етничкиве Албански екипи како Гостивар, Руфеја и Кораб...
Бтв нови второлигаши се Корзо, Маџари Солидарност, Врапчиште, Новаци и Брегалница Делчево. Ќе видиме како ќе изгледа лигата на крај...
Кораб за прва лига, од каде овие муабети бе чоек, ќе си играат пак трета изгледа в година.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Не треба којзнае каков квалитет за во лигава...
Со просечни тимови плус некој поискусен играч се влегува без проблеми...
Оваа година претпоставувам дека прво место ќе биде Македонија ЃП барем според најавите кои ги имаа. Ќе видиме колку Брацо ќе запне да го внесе Еуромилк во прва лига, или по неуспехот во оваа година ќе испаднат во трета.
Реално и Скопје спаѓа во таа тројка Македонски клубови кои може да се пласираат, другово е на многу ниско ниво...
Нормално може се да се случи до идна година. Може некоја екипа ќе најде спонзор па ќе направи појака екипа. Незнам какви се работите во Охрид, дали ќе продолжат да тонат или ќе играат некаква улога. Па и од Победа...

Гостивар лека полека се засилувале со посикусни играчи, така да јасно ги прикажуваат аспирациите за прва лига. Руфеја најавиле јак состав истотака, а за Кораб се вртат само високи цифри, мада како што викаш незнаеме колку е точно :icon_mrgr:
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324

korab ke igra vo treta liga drugar
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
нема шанса корзо со кораб да се фузира!
 
Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.612
Поени од реакции
1.167
Гостивар лека полека се засилувале со посикусни играчи, така да јасно ги прикажуваат аспирациите за прва лига. Руфеја најавиле јак состав истотака, а за Кораб се вртат само високи цифри, мада како што викаш незнаеме колку е точно :icon_mrgr:
Да го потврдам муабетов твој околу Гостивар, на мое големо изненадување мислев дека уште еднаш си лупаш информации од ракав ама не било така (y)

Според информациите засега доведени се 8 играчи и тоа :

Никола Зердески (голман) - Напредок Кичево
Валон Незири (голман) - Влазними Кичево
Дарко Игњатовски - Ренова/Кораб
Александар Пановски - Тиквеш Кавадарци
Дарко Паунов - ФК Осогово
Александар Бошковски - Охрид 2004
Зоран Талески - Победа Јуниор
Шкелчим Зендели - последен клуб некој нисколигаш од Италија Помнонеско

Битно ее да се напомене дека во тек биле преговори Владимир Мојсовски (11 Октомври) и Клечкаровски (Охрид 2004) :love:

Клубот го напуштија : Лули Џафери,Ибрахим Јусуфи,Зејдан Алили и Ријад Синани... освен првиот кој беше столб во одбраната, другиве така така :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Ништо од Брегалница Делчево во втора лига :(
http://iris.mk/index.php/vesti/sport/4477-2012-08-03-16-49-40
Не извршиле пререгистрација на играчите и пролетниов дел им се зема како нерегуларен...
Да видиме дали ФК Баби ќе ја прифати понудата да игра во втора лига.

Изгледа нема да видиме некоја фузија како што се најавуваше. Кораб ќе игра во трета лига и дефинитивно.

Какви смешки ќе биде вторава лига годинава, мислам дека да ми дадат десет сдена да склопам тим ќе успеам да го внесам во прва лига :LOL:

Гостивар убедливо најголем фаворит за влез во прва лига, ќе видиме дали Македонија ЃП ќе има слични амбиции по ланските ветувања дека годинава сигурно влагаат.
Незнам Еуромилк што тим има, али со малку вложување второто место е реалност. Тука негде е и Скопје...
Се надевам Победа ќе склопи подобар тим, а и Тиквеш.
И Руфеја истакна некои високи амбиции.

Другиве екипи се смешка :tapp:
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805

Штета за Брегалница Делчево... баш сакав да ги видам годинава во 2ра лига. Иначе како што слушнав Еуромилк го имаат задржено костурот на тимот од лани и се најсериозен кандидат за влез во 1 лига. Засилување мислам дека им е Гоце Тодоровски битолчанецот што играше за Шкендија, Работнички и Вардар и Колеќевски на позајмица од Вардар.
Баби 100 % ќе прифатат да играат.
 
Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.612
Поени од реакции
1.167
Руфеја на турнир во Чанак Кале

Четирите засилувања на Руфеја ја најавуваат нивната кандидатура за местата што водат во фудбалската елита. Ростерот на составот од Милетино во следната сеозна ќе биде засилен со проверени и искусни фудбаалери: Вељдет Османи (Влазерими), Брилијант Сула (Кораб), Бурим Гуџуфи и Буњамин Асани (Слога Југомагнат). На голема радост и следната сезозна во тимот ќе бидат Колеба (стопер) и Мифтари (голман) и ако беа најавени како сигурни засилувања на Дрита.
Во досегашнит тек на подготвките оваа екипа има една победа (Македонија Ѓорче Петров 2:0) и еден пораз Брегалница (1:0). Веќе се закажани и средбите со Локомотива (среда) и Маџари. На еден д првите тренинзи пред стартот на новата сезона оваа екипа ја посетива две пранешни фудбалски легенди ан турски Бешикташ. Станува збор за: Ибрахим Узулмез и Тамер Туна. Туна беше дологодишен капитен на турскиот гигант, а сега е тренер на Дарданелиспор. На негова покана Руфеја ќе настапи на квалитетен меѓунарден турнир во Чанак Кале на почетокот на август.
--- надополнето: 4 август 2012 во 16:25 ---
Квалитет плус

Од ден на ден ФК Еурмилк се повеќе најавува дека е еден од најсериозните кандидати за влегување во македонската фудбалска елита. Потврда на ваквата констаtaција е фактот деке уште еден фудбалер на Охрид 2004 го засили тимот од Горно Лисиче. Станува збор за Дарко Иловски-млад и исклучително перспективен фудбалер. Од претходно уште еден фудбалер на Охрид 2004 е во Горно Лисиче, станува збор за нивниот поранешен капитен, искусниот Наум Велјановски.
Двете „охридски засилувања" , како и преостанатите нови тројца фудбалери со проверен квалитет: Гоце Тодровски (Вардар), Дејан Костуранови и Филип Колачевски (Македонија Ѓорче Петров) најавуват исклучително успешна сезона.
Влатко Колев (Шефот на стручниот Штаб на Еуромилк)„ Навистина се засиливме со проверени и квалитетни фудбалери. Со нивното пристигнување добиваме на квалитет плус. Нашите амбиции се прволигашки и од тоа не бегаме. Подготвките се одвиваат според плнираната програма и нема дилема дека ќе бидеме максимално пооготвени на старот на првенството".Следниата пријателска средба Еуромилк ја игра во недела против Тетекс во 18 часот.
--- надополнето: 4 август 2012 во 16:25 ---
Градење на прволигашка екипа

Летниот трансфер пазар ги најави сериозните амбции на неколку второлигашки екипи за пласман во елитата. Една од тие екипи е секако е Гостивар. Со пристигнувањето на неколку исклучително квалитетни фудбалери со прволигашко искуство се зголемува и онака силната конкуренција за стартните единасет во тимот на тренерот Тони Јакимовски.
Нови фудбалери се: Паунов, Игор Талевски, Бобан Џангаровски, Дарко Игњатовски (стопер), Никола Зардевски (голман) и Аксентиев (поранениот фудбалер на Работнички и Силекс).Дека оваа екипа има одличен потенцијал најдобар показател е фактот дека во подготвителниот период се во серија од три победи со: Напредок, Тетекс и 11 Октомври.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
И официјално ФК Баби од Штип е нов второлигаш на сметка на Брегалница Делчево.

Распоредот за прво коло:

Руфеја-Врапчиште
Гостивар-Тиквеш
Македонија ЃП-Баби
Охрид 2004-Победа Јуниор
Корзо-Миравци
11 Октомври-Новаци 2005
Локомотива-Скопје
Еуромилк-Маџари Солидарност
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
И официјално ФК Баби од Штип е нов второлигаш на сметка на Брегалница Делчево.

Распоредот за прво коло:

Македонија ЃП-Баби
Прати ми го целиот распоред ако го имаш или пастирај го тука.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Прати ми го целиот распоред ако го имаш или пастирај го тука.
Го немам :D
Ќе го објават ваљда наскоро на страната на ФФМ. Иначе може сами да си го направите распоредот, со Бергеров систем ако не се лажам.
Ќе пробам да погодам нешто...
1 коло: Македонија ЃП-Баби
2 коло: Миравци-Македонија ЃП
3 коло: Македонија ЃП-Новаци
4 коло: Маџари Солидарност-Македонија ЃП
5 коло: Македонија ЃП-Победа
6 коло: Тиквеш-Македонија ЃП
7 коло: Македонија ЃП-Руфеја
8 коло: Гостивар-Македонија ЃП
9 коло: Македонија ЃП-Охрид
10 коло: Еуромилк-Македонија ЃП
11 коло: Македонија ЃП-11 Октомври
12 коло: Корзо-Македонија ЃП
13 коло: Македонија ЃП-Врапчиште
14 коло: Македонија ЃП-Локомотива
15 коло: Скопје-Македонија ЃП

Ако на Макфудбал се правилно напишани двојките како што ги влечеле по ред, ондак вака нешто треба да ви бисде распоресдот :D

За секое погодено частиш по 100 денари :P
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Парола ќе ти посветам,само да влеземе прва лига,а после тоа и пиво ќе те частам :P
 
Z

ziko bt

Гостин
Мене поверодостојно ке ми беше ако напишеа дека со Охрид ке прат фузија,не ни тренират,а од друга страна Корзо се во тренажен процес,а и чат пат по некое засилување имат,ке видиме ваљда нема да испадни ништо од ова...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Ви реков јас дека им имаат нудено пари вие не верувавте :icon_mrgr:
Само незнам колку е возможна фузија сега, според небе бена шанси веќе.
Распоредот и за втора лига и за трета југозапад веќе се знае, така да не верувам дека ќе се дозволи фузија откако распоредот веќе беше направен...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom