- Член од
- 16 март 2008
- Мислења
- 124
- Поени од реакции
- 7
Налетав сосем случајно на текст за една германско-македонска принцеза -- Тeoфанија.
Читајте, доста е интересно:
http://images.google.com/imgres?imgurl=http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce459/38a.jpg&imgrefurl=http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce459/Tekst38.htm&h=316&w=400&sz=22&hl=en&start=76&tbnid=zuD5x-9j0KwJ6M:&tbnh=98&tbnw=124&prev=/images?q=%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE+%D0%A6%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE&start=60&gbv=2&ndsp=20&hl=en&sa=N
"Принцезата Теофанија без сомневање беше од македонска крв. Потекнува од македонското семјество кое владеше со Источно-Римското македонско царство (т.н. Византија) кое меѓу 867 и 1056 година по Христовото раѓање ја разви најголемата моќ во своите територијални простори. Научно е потврдено дека беше внука на Васил Први и Јован Први Цимски.
Теофанија подоцна (по бракот) владееше со тогашната германска Империја која ја сочинуваа западна и средна Германија, Холандија, Белгија, Луксембург, Австрија, Боемија (Чешка), Западна Франција, Швајцарија и половина од Италија. Кога во 972 година се круниса во венчавката со германскиот император Ото II, никој не предвидувал дека таква значајна македонско-христијанска култура ќе се развие над германската Империја.
Многубројни ктиторства на цркви, манастири, катедрали и библиотеки потекнуваат токму од Теофанија и нејзиното владеење: катедралата во германскиот град Хилдесхајм (Hildesheim) е изградена во типичен македонски стил.
Тогашниот епископ, кој бил уметник, по наредба на Теофанија ја направил од бронза познатата црковна врата во Хилдесхајм со познати мотиви - слики од Библијата.
Истиот епископ во име на Теофанија собираше културни свидетелства на разни етнички групи од целата германска Империја. Сето тоа е наведено во една хроника која денес може да се пронајде во библиотеката на градот Волфсбутел (Wolfsbuttel), исто така основан од Теофанија.
Црквата "Свети Пантелејмон" ("Ст. Панталеон") во градот Келн, е изградена од епископот Бруно (брат на нејзиниот сопруг) и Теофанија, каде таа ги покажува своите квалитети на одличен архитект. Двајцата - Бруно и Теофанија - се погребени во таа црква.
Самата црква го има типичиот македонски стил на изградба од црвени и бели камења, орнаменти кои се идентични со црквата "Свети Пантелејмон" во (близина на) Скопје. Теофанија беше основач и на градот Есен (Essen) на кој таа му подари двајца патрони - Кузман и Дамјан, македонски доктори и маченици за христијанската религија.