Македонија: 51 Држава на САД?

Дали сте за влез во федералната република САД?

  • За

  • Против


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
506
Поени од реакции
288
Нема да го кометирам цел текст затоа селектирав дел од твојот пост.
Ова со болдот е проблем кој е наметнат пред некој 50-60 години. Јас не знам ти колку години имаш ама јас сум малку постар и сум растел во време каде како дете и во основно и во средно бев единствениот навивач на Вардар а не сум ни од СК. Дури и во Скопје огромно мнозинство или што би рекле со денешен речник, дво третинско мнозинство навиваа за Партизан и Црвена Ѕвезда. И се тоа се пренесува од колено на колено со голема пасија, фала на господ со тенденција на намалување. Е сега, за све тоа да се искорени ти требаат некој 3-4 генерации да се исфилтрираат, ние уште не сме стигнати до тој стадиум.
Очигледно требаат 3-4 генерации ако не и повеќе да се искорени се. Прво и основно тој корумпиран едно партиски источно-европски систем, наследен од претходната држава. Мислам дека то е најголем проблем за сеа. Повеќето земји од источен блок го имат истиот проблем, шо имале социјалистички системи каде шо со лижење газ во партија се постигнувало личен напредок и успех а не со знаење. Истите тие партии прават проблем во судство, полиција, разузнавање, образование....
 
Член од
22 август 2022
Мислења
743
Поени од реакции
2.133
Темава ме потсети на топлата приказна за другарството меѓу Робинзон Крусо и Петко. :pipi: Историјата покажала кога земале колку биле фини кон локалното население. Боље да не нѐ зима никој, какви сме такви сме, колку нѐ бива, толку.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.552
Затоа што просечен Македонец повеќе сака партија него држава. Кај повеќе од половина не постои нешто наречено "Национална Свест". Слепо се следи така наречениот "Лидер". Од 91 навака безброј пати е докажано тоа. Сме поминале рефендуми, промени на име и идентиет. И пак некој партии добивет по 200-300 илијади гласој наместо да се укинат. За криминал и корупција да не прам муабет. Не постои генерација на политичари шо била искрено родољубива, сите во некој период станале алчни, корумпирани. Исто судии, полиција, образование од ниско до највисоко. Никој не посветил цел мандат на идејата дa ја направи Македонија подобро место за живеење. Непостои нешто ко "НАционална Стратегија", ко шо имаат сите околни држави. Сите политичари да се сплотени зад една идеја и црвена линија. Не постои национална стратегија за иднина, наредни 20-30-50 години.... Се води од денес за утре. Поголемиот дел од научната фела е замината и работи по странски универзитети. Други ги берат нивните плодови. И уште милион други работи.... Америка од 91 година пробува да го осамости судството, скоро сите судии се бидени на некакви семинари и работилници Америка. И пак сите во одреден период се корумпираат.... Од секое дрво свирче не бива.... така викаме. Ние да бевме оставени сами да го поминиме процесот на млада држава, одамна немаше да постоиме. Сите околу нас се хиени, вервеле или не Америка е едина моментално шо го чуват трлото од нив. Еден ден ќе изгуби интерес и тука завршуваме..... Во Македонија има повеќе навивавчи и навивачки групи за Партизан и Црвена Ѕвезда него шо имат за Вардар. Без разлика шо тие истите при секоја посета на Грција не газат со пароли и скандирање, македончето упорно се мава во гради за Партизан и Ѕвезда. Садомазохисти се, уживаат некој да ги гази, плука... то е то. Ако продолжам ке треба цела вечер да пишувам.....
Јас не ги обожавам баш нешто србите, чак напротив, но не може навијањето за Звезда или Партизан да се сведува на србоманство, не е тоа така едноставно. Освајањето на ЛШ во 1991 и успесите пред тоа беа катализатор за да многу Македонци станат фанови на Зведа. За Партизан навијаат само србите во Македонија и толку.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.522
Поени од реакции
9.392
Јас не ги обожавам баш нешто србите, чак напротив, но не може навијањето за Звезда или Партизан да се сведува на србоманство, не е тоа така едноставно. Освајањето на ЛШ во 1991 и успесите пред тоа беа катализатор за да многу Македонци станат фанови на Зведа. За Партизан навијаат само србите во Македонија и толку.
Навивањето за Звезда или Партизан и те како се сведува на србоманство, остај ти успехот 1991, тоа беше почеток на крајот. Србоманството веќе беше влезено во секоја пора од многу поодамна, ќе кажам случај кога бев во основно и после кој случај завршив на рапорт кај директорот.
Ова се случуваше некаде кога бев 7-8 оделеиние, во тоа време во Прва ЈУ лига од Белград беа ЦЗ, Партизан, ОФК Белград а Рад се бореше за влез од втора во прва, со што би биле 4ти тим од Белград. И пази сега, разговараат неколку навивачи на Партизан и Звезда, а јас присутен со нив како навивач на Вардар. Овие кој што во меѓусебни дуели се тепаа со стапој и со што ќе стигнат, почнаа да се поистоветуваат со Белград, да не речам Србија (ако тоа не е србоманство не знам што), па почнаа да кометираат како Белград имал 3 клуба во прва лига и Рад се бори за влез од втора во прва, не можам да доловам со кој восхит за тоа зборвеа, не може да се опише туку може само да види или почуствува. Јас се вклучив во дискусијата во стилот, "што се радвите бе со Белград, ние треба да гледаме Пелистер да влези од втора во прва а не Рад", (Пелистер во тоа време исто се бореше за влез во прва). После мојот коментар еден ми се истрча, "зошто бе Пелистер?", а јас му враќам "Па зашто е наш Македонски клуб, со што би имале два клуба од МКД во прва лига". На мое непријатно изненадување тој ми вика "Која Македонија бе, ебати Македонија". Мене ми светна пред очи и да не речам онака во афект му опнав два бокса и го спружив на земја по што завршив кај директорот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.633
Поени од реакции
16.845
Зошто би не земале?

Или ова е хипотетички кога би сакале да не земат како 51ви?
Не им се исплати, Треба да ја Затворат ЕМБАСИ :D
Јас уште лани дадов друга , пореална идеја, кога 2 Уса ДЦ имаа месец на македонска култура...
Идејата ми беше со Параходи да се иселат таму сите Македонци кој сакаат, а од таму нека донесат ваму проблематични мехиканци, порториканци итн...тие добро ќе е се вклопат со нашите локални индијанс кој не плаќаат комуналии, преферираат сива економија и шверц... Итн
Па и северџаните од Сдс и Дуи нека останат тука , да спроведат влез во ЕУ
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
"Која Македонија бе, ебати Македонија". Мене ми светна пред очи и да не речам онака во афект му опнав два бокса и го спружив на земја по што завршив кај директорот.
Камо сегашниве генерации да се воспитувани на овој начин, наместо да виткаат кичма :(
 
Член од
5 декември 2024
Мислења
102
Поени од реакции
185
Косово е 51ва, ние може 52ри ќе сме.. за жал
Ние сме 2ра бугарска,2ра албанска,3та српска држава но никако македонска или чекај, никако трета грча држава после Кипар.
Ние сме цигани
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.633
Поени од реакции
16.845
Косово е 51ва, ние може 52ри ќе сме.. за жал
Може да му текнит на Трампчо, 2у1, ќе заштеди за Амбасади и дузини од Циа, албанската мафија ќе ја врати , плус подобра контрола ...всушност и сега има редовно војска нивна во близина на Дарданелите...уште да му напуниме уши дека кај нас има Стратешки Важен Лорандит :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom