Самото тоа што во Мтв1, Сител, Сител3, Канал5, Канал5+, Алфа, Нова итн се известува исклучиво 100% позитивно за власта и 100% негативно за опозицијата, кажува дека нема слобода.
Некому смета Телма, иако таму вестите се многу реални, се даваат позитивни вести и за власта, нивните активности се покриени објективно... Но сепак некој сака и нив да ги присвои како што ги присвоија и многу други медиуми, а ако не можат да ги присвојат, да ги згаснат.
Ако според тебе и Телма биде ставена под контрола, со што опозициско мислење нема веќе да се слушне, тоа според тебе ќе биде слободни медиуми?
Да ги оставиме приватните медиуми, зошто МРТВ е партиски медиум на Дпмне? Нели тој медиум се финансира од парите на граѓаните, а Дпмне на последните избори освоиле 480.000 гласови (од 1,8 милиони регистрирани гласачи) ... што значи дека парите на 1,3 милиони гласачи се злоупотребени за партиска пропаганда.
Парите на тие 1,3 милиони гласачи (кои не гласале за Дпмне) се злоупотребуваат и при делење на огромни пари за владини реклами, кои во најголем дел завршуваат во контролираните медиуми.
Дали според тебе ова е во ред?