Македонија 34-та според слободата на медиумите

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Македонија 34-та според слободата на медиумите




20.10.2009 13:24

Македонија е на 34-то место од вкупно 175 држави во класификацијата на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите во светот.
Македонија оваа година бележи скок за осум позиции, за разлика од 2008 година кога беше на 42-то место, со што најдобро котира во извештајот на организацијата од земјите во регионот.
Од земјите во регионот зад Македонија е Грција, на 35-то место, потоа Босна и Херцеговина на 39-то место и Србија на 65-то место.
Потоа следуваат Косово на 75-то место, Црна Гора на 77-то и Албанија на 88-то место.
Според организацијата, од земјите-членки на ЕУ, перманентен пад бележи Бугарија, која откако стана членка на Унијата во 2007 година нејзината позиција постојано опаѓа и оваа година е на 68-то место, во споредба со 59-то во 2008. Ова е најниско рангирање на која било членка на Унијата, истакнува „Репортери без граници“ во својата Интернет страница. Со слични критики е и Италија, која оваа година е на 49-то место.
Двете кандидатки за членство во ЕУ, Хрватска и Турција, исто така забележале „драматичен пад“ - Хрватска оваа година е на 78-то место, што е пад за 33 места од лани, и Турција на 122-то, пад од 20 места во споредба со 2008.
Најслободни се медиумите во Данска, Финска, Ирска, Норвешка и Шведска, а нивната слобода е најограничена во Еритреја.
По Еритреја, најпотиснати се медиумите во Северна Кореја, Туркменистан, Иран, Мјанмар и Куба. Кина е на незавидното 168-мо место, Русија е на 153-то, а Израел, широко критикуван поради цензурата при известувањето на воената офанзива во Појасот Газа - на 93-то место.
За сметка на тоа, САД бележат значителен напредок, и го делат 20-то место со Луксембург и со Велика Британија. „Репортери без граници“ го припишуваат добриот резултат на САД на полибералниот однос на власта кон медиумите по стапувањето на должност на Владата на Барак Обама.
Меѓу критериумите за подготовка на извештајот на „Репортери без граници“ се нападите и апсењата на новинарите, како и цензурата на медиумите.


извор а1


и сега пак есапот на милчин, геро , жаре и платформери не испадна како што треба.


малце е контрадикторно ЕК повикува на напредок во слободата на медиумите, груевски им кажува ( лани додуша) ``повеќе медиуми, поголема слобода``.. а се на се и не сме биле толку лоши по ова прашање, зашто во друга земја ``гомнојадци`` против својот народ и држава кои ги имаат окупирано медиумите, во најмала рака би се запрашале што прават.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Немогуќе,
па на Геропулос му ги рушеа караваните за ширење на високо демократска свест со цел лесна промена на име.

Фрчко секој ден во колумна ејакулира за помрачувања, за смак на демократијата.

Дневник и А1 на насловна девалвира, инфлатира, демагогизира, се е црно во Македонија.

Одеднаш нема изолација, укинуваат визи.
Позитивен извештај на ЕК.
Напредок во слобода на медиумите.
И замислите, без да се промени името.
Немогуќе, па папата рече, ако сакаме ЕУ, мора да го смениме името.

Од утре да очекувате текстови на насловна како тепаат новинари.
Не смее овој извештај да ги осветли помрачените умови на македонските интелекти.
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
koe zadovolstvo.....

34 Mazedonien 8,75 Europa/GUS
35 Griechenland 9,00 Europa/GUS
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
68 Bulgarien 15,61 Europa/GUS
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Вие што очекувавте 1 место?
Со медиуми како А1 и Сител?
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Eh sega koi se pa ovie reporteri bez granici ... oni ke mi kazuvaat za svetlina vo informativniot mrak vo koj ziveeme :)
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Начинот да се стигне до 1во место е да се остави секој да си кажува и пишува што сака и на секој ваков муабет да се посвети доволно внимание и да се заклучи дали е тоа вистинито или не и сепак после тоа да се категоризира како слобода на изразување!!! Па јас мислам дека заслужуваме повеќе од 34 место!!! :pos2:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Начинот да се стигне до 1во место е да се остави секој да си кажува и пишува што сака и на секој ваков муабет да се посвети доволно внимание и да се заклучи дали е тоа вистинито или не и сепак после тоа да се категоризира како слобода на изразување!!! Па јас мислам дека заслужуваме повеќе од 34 место!!! :pos2:
))) и јас нешто слично размислувам.

стоп за квазиновинарската антинационална диктатура!
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Dali moze da zaprasam nesto?

Dali stripot so muhamed go karakterizirame kako sloboda na novinarite??? DALI EU NAVISTINA POSAKUVA sloboda potpolna na mediumite na RM? :)))

Ili zamislete sega da se napadne so desetina nezavisni statii za falc popisot ???

Ili nezavisni statii.. kolumni i slicno za aleksandar makedonski..uhh sry toa e provokacija veke :pos2:

Sto e tuka e ostanuva da gi cekame vestite pa da se raspravame posle toa :)))
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
Dali moze da zaprasam nesto?

Dali stripot so muhamed go karakterizirame kako sloboda na novinarite??? DALI EU NAVISTINA POSAKUVA sloboda potpolna na mediumite na RM? :)))

Ili zamislete sega da se napadne so desetina nezavisni statii za falc popisot ???

Ili nezavisni statii.. kolumni i slicno za aleksandar makedonski..uhh sry toa e provokacija veke :pos2:

Sto e tuka e ostanuva da gi cekame vestite pa da se raspravame posle toa :)))
сега чомоски на а2 ќе има емисија со гости..геровски, никола гелевски, појачање соња милчин, експерт жаре и неизбежниот мерсел биљаљи.


еве само пред 3-4 месеци




``Иницијаторите на „Граѓани за Европска Македонија“: Бранко Героски, Никола Гелевски, Мерсел Биљали, Роберто Беличанец, Жарко Трајаноски и Владимир Милчин, во вториот манифест го креваат својот глас против молкот на интелектуалците, бизнисмените, професорите, лекарите, писателите, новинарите, архитектите, уметниците, командантите, владиците и отворено прашуваат: „Кој ќе ја дефинира одговорноста на учесниците и соучесниците во грабежот камуфлиран како патриотизам?“
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
НЕ!
Додека Геровски, Гелевски и остала фукара не добијат шанса најдиректно и без алузии (ко досега) да си кажат што им лежи на душа, т.е да ни наредат да изгубиме идентитет и све по список, нема да верувам во било каква слободата на медиумите.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Лелеле,Герошшшки и комп. болни ќе легнат.:toe:
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Како не им е срам на самопрогласените борци за човекови права да викаат дека во Македонија нема слобода во изразувањето кога повеќето медиуми се против владата?! Доволно е во Македонија да се самопрогласиш за борец за права и после можеш да правиш што сакаш.

Трите најтиражни дневни весници се плукачки настроени кон владата, Време и Шпиц такуѓере, не се знае кој повише ја пљува Владата, остануваат само Вечер со тираж од 5 примеока и Нова Македонија која е полунезависна исто така со мал тираж. За неделниците па да не правиме муабет, Фокус ја пердаши Владата, а за Глобус и сега ич муабет да не правиме, останува само Форум со исто така поскромен тираж. За електронските медиуми, најгледаната телевизија пљува на сите страни, Сител е провладин, а Канал 5 и така и така, за Алфа се е јасно.

После ова како може некој да каже дека неможел да се искаже и му било забранувано?! Ако никој нејќе да ги служа тоа е друга работа. Меѓутоа за својата неспособност и непопуларност не треба да обинуваат друг, туку треба да се погледнат во огледало.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Вистината е дека секој има право на свое мислење и истото слободно да го искаже. Проблемот е што општеството или граѓаните во овој случај новинарите треба да бидат свесни колку нивната борба за гледаност т.е. читаност и помага или одмага на својата земја. За жал во Македонија има многу платеници комшиски, има многу гомнојадци и многу мазохисти кои уживаат да бидат плукани и понижувани како од својот народ за кои тие сметаат дека се аморфна маса , прости провинцијалци, необразована багра и што ти јас знам, така и од своите соседни конкуренти или колеги ... па дури одат до тој степен што ги помагаат своите душмани и им даваат повеќе мотиви да ги вреѓаат и плукаат, а најзадоволни во својот фетиш е кога ќе им речат дека не постојат.
Сепак не сите Македонци имаме исти фетиш и не сите ги задоволуваме овие професионалци со публицитетот кој се надеваат дека ќе го стекнат со таквото „бранење на македонската кауза“ (во која впрочем не веруваат тие), така да оставете ги слободно да се глупираат , бидејќи гледате дека во денешното европско општество и таквите карактеристики се вреднувани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom