Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Тепаме вечер.

А тоа навивачите......неам коментар.

Кога водевме на почетокот,сите Македонија,Македонија,после не стигнаа,тишина у салата,играчите бараат подршка,едвај се слуша таа подршка само од неколку таму...отишле за шопинг во Ниш и да прошетаат,со жени, деца,баби, и ко демек,ај и на трибина да отидеме,кога сме веќе тука :tapp::tapp:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И ова публиката да не ни заспива во клучни моменти, позеришта...
Е ова. Да не се јавуваат само кога ќе се вратиме од негатива или ќе водиме, треба да навиваат и кога ќе се случува да бркаме предност. Тоа е и поентата на навивањето, не само кога е "убаво".
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
„Македонците се жешки како жежок зејтин“

Фанатизмот на македонските навивачи е својствен само за Балканот, оценува германскиот селектор Хојбергер во пресрет на решавачкиот дуел. Пораз на Германија ќе значи историски неуспех.


Германската спортска јавност преокупирана со ракометни теми во пресрет на решавачкиот дуел на Европското првенство во Србија против Македонија. Водечките спортски медиуми ги анализираат слабостите и предностите на германскиот тим против Македонија, а интернет порталот на спортската телевизија „Спорт 1“ донесува и интервју со капитенот на македонските ракометари, Кире Лазаров. Се чини, германските медиуми повеќе се исплашени од македонските навивачи, отколку од ракометарите.
Поранешниот, долгогодишен селектор на германскиот тим Хајнер Бранд, со кој беше остварен и историскиот триумф на Светското првенство во 2007-та, вели дека Германија има сили да се врати по поразот од Чешка и да забележи победа против Македонија.
Германија има добри шанси против Македонија, затоа што македонската репрезентација потроши многу енергија во дуелот против Шведска, оцени Бранд.
Капитенот Паскал Хенс, кој разочара против Чесите, против македонскиот состав очекува уште потешка задача. И тој и германските медиуми особено ги потенцираат македонските навивачи.
„Мораме да излеземе од дупката. Против Македонија ќе биде многу тешко. Тоа мораме да си го прифатиме во главите“, вели Хенс.

Фанатизам на трибините
„Македонците се жешки како жежок зејтин. Тоа е неверојатно“, изјави плејмејкерот Михаел Хас откако го одгледа дуелот Македонија-Шведска. „За нас ова ќе биде како меч на гостински терен и мораме да останеме ладнокрвни“, вели Хас, кому посебен впечаток му оставиле и македонските навивачи.
Навивачите се главна тема и за државната телевизија ЦетДеЕф која донесува и цела анализа под наслов „Македонската ракометна легија“. Освен што носат шлемови карактеристични за римските легионери, македонските навивачи прават неверојатна атмосфера, јавува дописникот на телевизијата од Ниш. Почетните стравувања дека може да дојде до некакви инциденти, не се оствариле, јавува тој натаму. Дури и Швеѓаните биле задоволни од атмосферата во салата за време на мечот.
„Во салата имаше прекрасна атмосфера, во ниту еден случај таа не беше непријателска. Тоа беше еден голем празник на ракометот“, ја пренесува ЦеДеЕф изјавата на шведскиот интернационалец Штефан Левгрен.
Атмосферата ја коментираше и селекторот Мартин Хојбергер.
„Мораме да бидеме подготвени за тоа. Ваков фанатизам на трибините, тоа го има само на Балканот. Но во тоа е и возбудата и предизвикот во играта“, вели Хојбергер.
Поразот- историски неуспех

Во пресрет на дуелот се анализира и тактиката на германскиот тим. Речиси е извесно е дека одбраната ќе се врати во вообичаената формација 6-0, откако обидот да се игра поагресивна 5-1 формација не вроди со плод на дуелот со Чешка. Многу критики и за недостатокот на тимски дух кај Германците од поранешниот капитен Даниел Штефан. Тој смета дека ако се повтори играта против Чешка, Германија нема шанси за победа.
Капитенот Кире Лазаров во интервју за „Спорт 1“ и‘ ја препушта улогата на фаворит на Германија.
„Верувам во нас, но Германија е многу силна. Тие ја имаат најсилната лига во светот, а играчите се многу искусни. Ќе се обидеме да победиме, но ќе биде многу тешко. Како спортисти мораме да веруваме“, вели Лазаров.
Доколку Германија загуби од Македонија денеска, тоа ќе биде двоен историски неуспех за нивниот тим. За првпат во историјата една германска ракометна репрезентација нема да избори учество на Олимписките игри, а истовремено и за првпат ќе испадне уште во групната фаза на Европските првенства.
Автор: Борис Георгиевски/спорт1/ЦетДеЕф

П.С Видите на швеѓаните им се допаднала атмосферата:)
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Во Ниш е лудница,улиците и кафаните се преполни со македонци,ни свират коли од сите страни,атмосверата иста како завчера ГОРИ.Ајде со Господ напред па да ми се посреќи пак да влезам гага ко со Шведска :) и да ги решиме гермациве.Поздрав.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Се е тоа така, можеби не треба да не фаќа параноја, но има еден факт: нема спорт во кој судијата може повеќе да те заебе отколку во ракомет. И со 6 недосудени пенали во фудбал пак си во игра, и со 9 играчи и бункер можеш да издржиш... ама судии ако ја земат работата во свои раце во финишот во ракомет, чудо треба.

Така да, ако постои „заговор“, ние ќе мора да ги отвориме како паштета и тоа на време, да играме 60 минути како допингувани, друго нема.

И ова публиката да не ни заспива во клучни моменти, позеришта...
кога веќе споменуваме се ова, ти текнува на Гунар Прокоп !? :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
кога веќе споменуваме се ова, ти текнува на Гунар Прокоп !? :)
Кретенот што падна како стрелан 41 демек го удрил некој..и после не дисквалификуваа..го памтам кретенот сеуште.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.855
Поени од реакции
10.227
Извор
„Македонците се жешки како жежок зејтин“

Фанатизмот на македонските навивачи е својствен само за Балканот, оценува германскиот селектор Хојбергер во пресрет на решавачкиот дуел. Пораз на Германија ќе значи историски неуспех.


Германската спортска јавност преокупирана со ракометни теми во пресрет на решавачкиот дуел на Европското првенство во Србија против Македонија. Водечките спортски медиуми ги анализираат слабостите и предностите на германскиот тим против Македонија, а интернет порталот на спортската телевизија „Спорт 1“ донесува и интервју со капитенот на македонските ракометари, Кире Лазаров. Се чини, германските медиуми повеќе се исплашени од македонските навивачи, отколку од ракометарите.
Поранешниот, долгогодишен селектор на германскиот тим Хајнер Бранд, со кој беше остварен и историскиот триумф на Светското првенство во 2007-та, вели дека Германија има сили да се врати по поразот од Чешка и да забележи победа против Македонија.
Германија има добри шанси против Македонија, затоа што македонската репрезентација потроши многу енергија во дуелот против Шведска, оцени Бранд.
Капитенот Паскал Хенс, кој разочара против Чесите, против македонскиот состав очекува уште потешка задача. И тој и германските медиуми особено ги потенцираат македонските навивачи.
„Мораме да излеземе од дупката. Против Македонија ќе биде многу тешко. Тоа мораме да си го прифатиме во главите“, вели Хенс.

Фанатизам на трибините
„Македонците се жешки како жежок зејтин. Тоа е неверојатно“, изјави плејмејкерот Михаел Хас откако го одгледа дуелот Македонија-Шведска. „За нас ова ќе биде како меч на гостински терен и мораме да останеме ладнокрвни“, вели Хас, кому посебен впечаток му оставиле и македонските навивачи.
Навивачите се главна тема и за државната телевизија ЦетДеЕф која донесува и цела анализа под наслов „Македонската ракометна легија“. Освен што носат шлемови карактеристични за римските легионери, македонските навивачи прават неверојатна атмосфера, јавува дописникот на телевизијата од Ниш. Почетните стравувања дека може да дојде до некакви инциденти, не се оствариле, јавува тој натаму. Дури и Швеѓаните биле задоволни од атмосферата во салата за време на мечот.
„Во салата имаше прекрасна атмосфера, во ниту еден случај таа не беше непријателска. Тоа беше еден голем празник на ракометот“, ја пренесува ЦеДеЕф изјавата на шведскиот интернационалец Штефан Левгрен.
Атмосферата ја коментираше и селекторот Мартин Хојбергер.
„Мораме да бидеме подготвени за тоа. Ваков фанатизам на трибините, тоа го има само на Балканот. Но во тоа е и возбудата и предизвикот во играта“, вели Хојбергер.
Поразот- историски неуспех

Во пресрет на дуелот се анализира и тактиката на германскиот тим. Речиси е извесно е дека одбраната ќе се врати во вообичаената формација 6-0, откако обидот да се игра поагресивна 5-1 формација не вроди со плод на дуелот со Чешка. Многу критики и за недостатокот на тимски дух кај Германците од поранешниот капитен Даниел Штефан. Тој смета дека ако се повтори играта против Чешка, Германија нема шанси за победа.
Капитенот Кире Лазаров во интервју за „Спорт 1“ и‘ ја препушта улогата на фаворит на Германија.
„Верувам во нас, но Германија е многу силна. Тие ја имаат најсилната лига во светот, а играчите се многу искусни. Ќе се обидеме да победиме, но ќе биде многу тешко. Како спортисти мораме да веруваме“, вели Лазаров.
Доколку Германија загуби од Македонија денеска, тоа ќе биде двоен историски неуспех за нивниот тим. За првпат во историјата една германска ракометна репрезентација нема да избори учество на Олимписките игри, а истовремено и за првпат ќе испадне уште во групната фаза на Европските првенства.
Автор: Борис Георгиевски/спорт1/ЦетДеЕф

П.С Видите на швеѓаните им се допаднала атмосферата:)
Изворно на Германски веста
http://handball.zdf.de/ZDFsport/inhalt/20/0,5676,8451444,00.html?dr=1
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе само на темава се збори дека спиеле навивачите, а сите што се таму, Срби, Германци, Швеѓани, сите велат дека е феноменално. Не може од пред телевизор да се збори, мора човек да е таму за да ја осети атмосферата. Поздрави и честитки. :D

Него вака кога ве читам ми се плаче. не заслужија нашите дечки да треба да се борат против судии. Не заслужуваат да изгубат. Ајде дечки држете се. А оној што ќе не заќутел, сакам да го видам како плаче на крај, и како си го влече куферот за дома!!!!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Е ова. Да не се јавуваат само кога ќе се вратиме од негатива или ќе водиме, треба да навиваат и кога ќе се случува да бркаме предност. Тоа е и поентата на навивањето, не само кога е "убаво".
Германците не имаат замолчено на двојно појако навивање во Битола, Пелистер - Лемго, така да супер е што играме на „наш терен“ ама ќе мора да се надминат и навивачите, и ракометарите. За вторите не се сомневам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мислам дека пред година дена го уапсија овој Прокоп за некои недозволени бизниси што ги праел со ракометот :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
А бе само на темава се збори дека спиеле навивачите, а сите што се таму, Срби, Германци, Швеѓани, сите велат дека е феноменално. Не може од пред телевизор да се збори, мора човек да е таму за да ја осети атмосферата. Поздрави и честитки. :D
Спиеја кога беше најважно, од 20 минута натаму кога паднавме и околу 50 минута... нема тоа, не смее едноставно. 60 минути мора да се одработат. Камерата покажуваше позери еден куп, седат и гледаат. Атмосферата е убава ама мора да биде она, турбо.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
„Македонците се жешки како жежок зејтин“



П.С Видите на швеѓаните им се допаднала атмосферата:)
Затоа се нервиам со коментарите што ги давате за навивачите. :)

Значи, секаде, ама СЕКАДЕ, и Србиве и Хрвативе, и другите у секоjа вест поврзана со нашава репрезентација ги потенцираат навивачите и пеколната атмосфера.

Океј, можеби за нас не се одлични, оти знаеме дека можат и подобро, но за другите ова е сензација... :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.839
Поени од реакции
20.314
Фалат старите воџи на навивачите, како Жути и ред други, да се качи на некој тапан и да ги води цело време без душа да остане, не Германија, има и судиите да си дадат оставка :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Кретенот што падна како стрелан 41 демек го удрил некој..и после не дисквалификуваа..го памтам кретенот сеуште.
заслужена беше казната, не заебавај. Ептен убаво се сеќавам како го залепи...

страв ми е вечерва да не се избаци некој така... :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom