ЕХФ не смее да си дозволи Германциве да испаднат уште во прв круг, тоа ќе биде финансиски крах за целото првенство, а шансата да го избегнат тоа сигурно нема да ја бараат против Шведска. Ѓаволски тежок ќе биде дуелот против Германците, нивната борба до крај+мотивираноста+поддршката од судиите. По мене мечот со Чешка ќе биде далеку полесен, ќе потклекнат на атмосферата во Ниш за разлика од Швабите. А и нивниот меѓусебен дуел не покажа баш се, лошо стартуваа едните, другите го искористија тоа и направија предност која на крај со многу потешкотии ја зачуваа. Не дека едните се поквалитетни од другите...
Еве сега некои прости математики од мене, што верувам ќе излезат вистинити. Редоследот на табелата би бил Шведска 5, Македонија 3, Чешка и Германија по 2 (Ние и Швеѓаните пренесуваме 3 бода, Чесите 2). Доколку Шведска триумфира над Чешка и Германија, како што се очекува, нам ни е доволна само победа против Чешка со која би пренеле три бода во следната фаза (2 од Чешка и 1 од Шведска) Германците иако би не совладале, ќе испаднат поради полошиот меѓусебен скор со Чешка.
Не дека мислам оти Германците се подобри од нас, ама сакам да кажам дека и пораз од нив не би требало многу да ни смени доколку ја совладаме Чешка на крај.