Македонија ќе добие нов државен грб

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Значи едно нешто да не направат како што треба, кај се видело црвен лав на златен штит, никогаш Македонија немало оваква обратна комбинација.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Мене најмногу ми боде очи круната и тоа што изгледа како да е направен за 15мин во Paint.
Некој погоре напиша дека другите балкански држави исто така ги отфрлиле комунистичките грбови и се вратиле на старите.
Битно тука е дека се вратиле на старите грбови кои ги имале како независни држави во 19ти и 20ти век, додека првиот македонски грб е сегашниот, никогаш сме немале лав како грб.
Инаку сите знаеме кој треба да биде грбот на Македонија, ама ај...

Најдобар би бил овој грб, ама Времената спогодна не го дозволува...

Мене ме интересира зошто во Македонија има толку ситни човечиња и сеуште се чудам кој е крив за таквиот ментален склоп кај дел од Македонците (секогаш се надевам дека тој дел е многу мал ама гласен па затоа се нервирам). Тој тип на Македонец мисли дека Тито ни ја подараил Македонија и дека ние според некое чудо сме добиле држава и сме станале народ (истата е теоријата на нашите соседи Грци и Бугари а ако овие што го спомнав некогаш станат мнозинство ова ќе стане теорија и во Албанија и Србија). Македонија од секогаш била мизерна, сиромашна и беззначајна. Е па за жал не е така. Македонија има богата историја, а многу народи кои биле и поголеми од нашиот не успеале да создадат држава а некои и исчезнале. Има добра причина за тоа а тоа сигурно не е чудо или Тито. На оваа територија секогаш опстојувала мислата за независна Македонија а така ќе биде и во иднина.
Едноставно нема логично објаснување за тоа да го негираш лавот како симбол на Македонија или пак да викаш што му фалеше на стариот (плус да прашуваш а кој не праша нас за грбот божем за стариот грб имало референдум). Јас не викАМ дека грбов ќе ја направи Македонија светска велесила или дека ќе смени тоа што ќе го имам на трпеза вечерва ама ова нешто што требаше да се направи одамна затоа што бевме држава која си има свои национални симболи (повеќе од еден) а за грб имаше нешто што е тотална измислица (освен за некои коми-носталгичари кои мислат дека Македонците не заслужуваат држава).
Бате шо школо имаш завршено, зошто многу умешно знаеш да ги извртиш зборовите...
Дај цитирај каде е кажано дека не знаеме колкава ни е историјата ?
Демек ти си the chosen one, пратен од небото на Земјата да ја шириш меѓу нас „ситните човечиња“ историјата на Македонија...
Ако више сакаш да подучуваш историја иди у Влада и подучи ги дека ние сме ја добиле оваа територија за време на таа Југославија, дека сме биле дел од таа Југославија и дека не треба да се срамиме од тоа.
А тоа дека оваа територија сме ја „натплатиле“ за време турско, во Балканските војни, во Светските војни, знаеме биди без гајле.
Ако за менувањево на грбот дадат аргументи и објаснување кое ќе држи вода и јас ќе го поддржам, ама ако објаснувањето им е за да бидеме дел од европските земји со европски стремежи и дека ќе го менуваме грбот за да не правел тој поделби... чорба...
 
König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Мене ме интересира како не ѝм е срам на овие од Хералдичко здружение вака ниско да паѓаат. Изгледа денес со пари може да се купи се, па и честа.

Дали е лавот од грбот на Александар Велики или не? Тоа да нѝ кажат. Продавање муда за бубрези дека црвениот лав е најконзистентен симбол на Македонија да ѝм кажуваат на неуките.

Зошто во вашиот напис никаде не е спомнат Александар Велики? Пак ли со прикривање на вистината ќе ја замајувате јавноста? Се плашите од грчка реакција?

Грбовите од вашиот напис се така исечени да не се гледа она Alexander le Grand. Значи, под или над тој лав никаде не пишува Macedoniæ.

Кого правите будали?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Најдобар би бил овој грб, ама Времената спогодна не го дозволува...

Бате шо школо имаш завршено, зошто многу умешно знаеш да ги извртиш зборовите...
Дај цитирај каде е кажано дека не знаеме колкава ни е историјата ?
Демек ти си the chosen one, пратен од небото на Земјата да ја шириш меѓу нас „ситните човечиња“ историјата на Македонија...
Ако више сакаш да подучуваш историја иди у Влада и подучи ги дека ние сме ја добиле оваа територија за време на таа Југославија, дека сме биле дел од таа Југославија и дека не треба да се срамиме од тоа.
А тоа дека оваа територија сме ја „натплатиле“ за време турско, во Балканските војни, во Светските војни, знаеме биди без гајле.
Ако за менувањево на грбот дадат аргументи и објаснување кое ќе држи вода и јас ќе го поддржам, ама ако објаснувањето им е за да бидеме дел од европските земји со европски стремежи и дека ќе го менуваме грбот за да не правел тој поделби... чорба...
Верувам дека го имам истото школо кое ти пробуваш да го завршиш. Како прво не те спомнав тебе никаде извини што се препозна. Како второ реков не јас туку дека мнозинството Македонци размислуваат така (или барем јас се надевам). И кој рече дека се срамел? Да има делови од таа историја од кои навистина треба да се срамиме ама генерално тоа е дел од нашата историја. Ако ти со твои <30 си емотивно врзан со амблемот создаден во Југославија тоа е твој проблем. Македонија имала свој грб и сега си го враќаме назад, дали ти го оспоруваш тој факт? Исто како што направија 99% од бившите социјалистички републики. Барем во денешно време имаш интернет, отвори види ја историјата на грбовите на сите бивши социјалистички земји. Речиси сите ги имаат целосно сменето грбовите а останатите направиле добро модифицирани верзии. Ама не, тебе некој треба посебно да дојде и да те убедува пошто по се изгледа си мислиш ти дека си избраниот.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Само ја мониторирам темава зошто има далеку попаметни, поинформирани луѓе од мене кои разбираат многу повеќе од „лавот е грб на вмро и они ради тоа го мењаат“ и затоа само ќе ти реплицирам на болдираното.

Многу, апсурдно многу луѓе ова го прифаќаат како аргумент :)
 
Ф

Флеш

Гостин
Господинот Јоновски кој е член на форумов и даде изјава во врска со новиот грб,го сметам и го почитувам неговото мислење и нема потреба за повеќе за размислување.Човекот живее цел живот со проучување на грбови и нивната историја и сметам од Јоновски нема подобар соодветен човек за да даде убаво мислење.
 
Јок глеаш го купипе. Исто и тие симболи собрани од грбовници од пред 500 години се купени и лажни. Само планината и реката и афионот се вистински. Дај уозбилете се, тој амблем се користел кога требало да се користи а сега е друго време. (у случај некој да не слушнал дека пропаднал социјализмот).
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Секој што ја има читано Грбовите на Македонија од Матковски, знае дека овој пример е замена по грешка.

„Грбот на Македонија во оваа ракописна „Стематографија“ е згрешен. Тој е претставен од црвен лав на жолт штит со златна голема круна над штитот. Ова е всушност грбот на Бугарија, но Витезовиќ ги замешал. Со други зборови, Витезовиќ оваа Стематографија ја направил така што сечел грбови од постари грбовници и ги лепел на хартија и пишувал со мастило од каде е грбот.“
Точно и тоа се однесува за “Стематографијата“, но постојат и други извори кои датираат векови пред стематографијата и кои го прикажуваат лавот во црвена боја.
Постојат и други верзии на историски симболи кои се споменуваат како историски грб на Македонија и не секогаш тоа бил лавот, меѓутоа за најверодостојна секогаш се зема онаа верзија која била најзастапена.

И да, да не се повторуваме во круг, веќе 5 години дискутираме на истата оваа тема на форумов:
http://forum.kajgana.com/threads/Грбовите-на-Македонија-Македонска-Хералдика.26652/page-22
 
Ф

Флеш

Гостин
Јок глеаш го купипе. Исто и тие симболи собрани од грбовници од пред 500 години се купени и лажни. Само планината и реката и афионот се вистински. Дај уозбилете се, тој амблем се користел кога требало да се користи а сега е друго време. (у случај некој да не слушнал дека пропаднал социјализмот).
И него за жал ќе го направат сега ненормален како шо мене ме направи ја ненормален и ретардиран пред некој месец поголем дел од постариве членови....Абе стручњаци за се мајка му стара...
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Верувам дека го имам истото школо кое ти пробуваш да го завршиш. Како прво не те спомнав тебе никаде извини што се препозна. Како второ реков не јас туку дека мнозинството Македонци размислуваат така (или барем јас се надевам). И кој рече дека се срамел? Да има делови од таа историја од кои навистина треба да се срамиме ама генерално тоа е дел од нашата историја. Ако ти со твои <30 си емотивно врзан со амблемот создаден во Југославија тоа е твој проблем. Македонија имала свој грб и сега си го враќаме назад, дали ти го оспоруваш тој факт? Исто како што направија 99% од бившите социјалистички републики. Барем во денешно време имаш интернет, отвори види ја историјата на грбовите на сите бивши социјалистички земји. Речиси сите ги имаат целосно сменето грбовите а останатите направиле добро модифицирани верзии. Ама не, тебе некој треба посебно да дојде и да те убедува пошто по се изгледа си мислиш ти дека си избраниот.
Не знам од кај виде дека сум бил емотивно врзан со тој симбол :ROFLMAO:
Ајде не е битно тоа. Кој грб го враќаме, тој од антиката ?
Мене лично ми се смачи више од таа антика, антика, антика. Се веќе ни стана антика и враќање кон антиката. Не го негирам тој дел од нашата историја, таман работа ама мислам дека беше доста веќе со антиката.
А ако мислеше на тој грб, тогаш има еден можен правен проблем, а тоа е Времената спогодба, зошто таму пишува дека нити ние нити грците не смееме да употребуваме симболи од тој период (добро може не беа овие исти зборови, ама во таа смисла беше). Ако не тужи да речеме грција и ако го добие спорот, ние верувај ќе го кркаме зошто ние не сме толку силна земја како нив и ако они немаа последици од пресудата во наша корист што беше, ние ќе имаме од ваквата...
Не викам дека сеа поради Времената спогодба ја го негирам тој дел од нашата историја, ама ете поради тој глуп документ кој го склучиле глупи луѓе, нас ни е забрането да употребуваме некои такви симболи.
Сувереноста јас ја гледам како самостојно одлучување за работи од сопствен интерес, без влијание од други, така да тоа што некој друг сменил грб или направил било што уопште не треба да ни биде како репер.
И не, не треба некој да дојде мене да ме убедува, ама треба да дадат едно нормално објаснување зошто ќе се менува грбот.

Само ја мониторирам темава зошто има далеку попаметни, поинформирани луѓе од мене кои разбираат многу повеќе од „лавот е грб на вмро и они ради тоа го мењаат“ и затоа само ќе ти реплицирам на болдираното.

Многу, апсурдно многу луѓе ова го прифаќаат како аргумент :)
Не те сфатив, сакаш да кажеш дека ја го гледам лавот како вмровски симбол ?!
Каде сум го напишал тоа ?
Болдот е официјалното соопштение од Владата, што мене ми изгледа неиздржано и ќе го критикувам, ама нигде не сум спомнал дека лавот го гледам како вмровски симбол.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Јас имам предлог, еден нож онака збрцан (во грбот). Пошо единствено тоа не` претставува какви луѓе сме.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Не знам од кај виде дека сум бил емотивно врзан со тој симбол :ROFLMAO:
Ајде не е битно тоа. Кој грб го враќаме, тој од антиката ?
Мене лично ми се смачи више од таа антика, антика, антика. Се веќе ни стана антика и враќање кон антиката. Не го негирам тој дел од нашата историја, таман работа ама мислам дека беше доста веќе со антиката.
А ако мислеше на тој грб, тогаш има еден можен правен проблем, а тоа е Времената спогодба, зошто таму пишува дека нити ние нити грците не смееме да употребуваме симболи од тој период (добро може не беа овие исти зборови, ама во таа смисла беше). Ако не тужи да речеме грција и ако го добие спорот, ние верувај ќе го кркаме зошто ние не сме толку силна земја како нив и ако они немаа последици од пресудата во наша корист што беше, ние ќе имаме од ваквата...
Не викам дека сеа поради Времената спогодба ја го негирам тој дел од нашата историја, ама ете поради тој глуп документ кој го склучиле глупи луѓе, нас ни е забрането да употребуваме некои такви симболи.
Сувереноста јас ја гледам како самостојно одлучување за работи од сопствен интерес, без влијание од други, така да тоа што некој друг сменил грб или направил било што уопште не треба да ни биде како репер.
И не, не треба некој да дојде мене да ме убедува, ама треба да дадат едно нормално објаснување зошто ќе се менува грбот.

Не те сфатив, сакаш да кажеш дека ја го гледам лавот како вмровски симбол ?!
Каде сум го напишал тоа ?
Болдот е официјалното соопштение од Владата, што мене ми изгледа неиздржано и ќе го критикувам, ама нигде не сум спомнал дека лавот го гледам како вмровски симбол.
Како што кажав се гледа дека си од истата школа. Сега ретеририаш со ставот. Сега го сврте на антиката. Да овој симбол има корени во антиката меѓутоа историските извори говорат за овој знак како симбол на македонија и во средновековието. Грбовниците се сите од периодот од 1200 до 1900. Дали ова сега ти чини? :) За Грците ич гајле да немаш. И последно, ова вчера беше предлог на владина седница ваљда знаеш што значи тоа? Треба да помине расправа на комисија па во собрание...ќе се изнаслушаш додека го донесат. Сигурно ќе има и поезија малце.[DOUBLEPOST=1417860815][/DOUBLEPOST]
Точно и тоа се однесува за “Стематографијата“, но постојат и други извори кои датираат векови пред стематографијата и кои го прикажуваат лавот во црвена боја.
Постојат и други верзии на историски симболи кои се споменуваат како историски грб на Македонија и не секогаш тоа бил лавот, меѓутоа за најверодостојна секогаш се зема онаа верзија која била најзастапена.

И да, да не се повторуваме во круг, веќе 5 години дискутираме на истата оваа тема на форумов:
http://forum.kajgana.com/threads/Грбовите-на-Македонија-Македонска-Хералдика.26652/page-22
Па 5 години сте збореле а не видов некој од вас да коментирал на темава? Океј е или не е оваа одлука?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не те сфатив, сакаш да кажеш дека ја го гледам лавот како вмровски симбол ?!
Каде сум го напишал тоа ?
Болдот е официјалното соопштение од Владата, што мене ми изгледа неиздржано и ќе го критикувам, ама нигде не сум спомнал дека лавот го гледам како вмровски симбол.
Неее брат, не ме разбра :)
Нит помислив на такво нешто, нит го напишав тоа. Сакав да кажам дека многу неинформирани (меѓу кои еве и јас ќе се сместам, како делумно неинформиран) ќе помислат, мислат или би помислиле дека лавот е вмровски симбол и нема допирна точка со муабетот тука што го правите, историја, грб итн.
Ме сфаќаш сега? :)

Во врска со болдот, сакав да кажам дека таквите, неинформираните, заслепени или како и да ги наречам тоа што ти кажа дека не може да се прифати како аргумент, ќе го прифатат поради горенаведените причини.

Се надевам ме разбра. Не сакав нит да те нападна, нит навредам, уште помалку и да ти залепам некаква етикета :)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Па 5 години сте збореле а не видов некој од вас да коментирал на темава? Океј е или не е оваа одлука?
Имаш мое мислење пост 334.

Мене ме интересира како не ѝм е срам на овие од Хералдичко здружение вака ниско да паѓаат. Изгледа денес со пари може да се купи се, па и честа.
Дали е лавот од грбот на Александар Велики или не? Тоа да нѝ кажат. Продавање муда за бубрези дека црвениот лав е најконзистентен симбол на Македонија да ѝм кажуваат на неуките.
Зошто во вашиот напис никаде не е спомнат Александар Велики? Пак ли со прикривање на вистината ќе ја замајувате јавноста? Се плашите од грчка реакција?
Приметливо е дека твојот интерес за темата со грбовите е исклучиво сезонски, само сега откако се појави на вестите вчера.

Неќе да е лошо да посветиш повеќе време на подобро запознавање со сите факти, отколку придавање на субјективно игнорантни заклучоци зачинети со дневна политика.

Интервју: Јован Јоновски, хералд
Македонија мора да најде нов грб, од грбовите на Александар Македонски
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/makedonija-mora-da-najde-nov-grb-od-grbovite-na-aleksandar-makedonski#1

Види ги оние од Разловци, се обидувале да ја “антиквизираат“ Македонија под Турците....

Ајде олабавете малце со конспиративно политички срања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom