iksimkd
ШшшШшшШ...
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 2.184
Македонија и објави војна на Бугарија. Македонската војска веќе се наоѓа пред Софија и до крајот на денот се очекува да падне бугарската престолнина.
За среќа, ова не реалност, туку само дел од најпопуларната онлајн стратегија еРепублика, на која зад македонското знаме се виртуелно борат безмалку 6000 Македонци. Иван е еден од нив.
Станува збор за виртуелна политичка стратегија во која се претставени безмалку 70 држави во светот. Секоја држава си има свој претседател и конгрес кои за разлика од реалноста, се бираат секој месец.
Иако најголемиот дел од нив не се ниту полнолетни, во виртуелната држава вршат многу значајни функции. Ги регулираат даноците, се грижат за макроекономската стабилност, ја организираат армијата.
Сепак, иако се работи за виртуелен свет, односите меѓу играчите од различните држави, особено Балканските, кореспондираат со оние од реалноста.
еМакедонија е млада држава. Постои безмалку 2 месеци, но граѓаните се упорни во своите намери еден ден виртуелно да го освојат егејскиот дел и во Солун да се вее македонското знаме.
За тоа, потребна е поддршката на што повеќе Македонци кои имаат слободно време и сакаат онлајн стратегии.
Па, ако имате неколку слободни часа во денот, ова е линкот на кој можете да проверите, каде повеќе од 200 илјади гејмери од светот го трошат слободното време.
Извор: Сител ТВ
Барем виртуелно ќе се задоволиме што ќе си ја вратиме Пиринска Македонија!