... види, тоа изразот „штаб“ и партиско обраќање би требало да ти одговори тој/таа што си има книшка од тој другиот табор контра твојот и си ги уживаше барем досега бенифитите од тоа членство, ти сигурно според однесувањето си младо момченце малку поинаку дефинирано и воспитано што во текот на реалниот живот ќе ти се одрази во негативна смисла како во професионален план така и во релација со девојка/ жена, но јас за тоа нема да искоментирам, сега ќе ти одговорам само затоа што ме цитираше,затоа што се подсмевнуваш на нешто што не е во интерес на сите нас, оти сите ние сме на некој начин „обични пациенти“ за разлика од тие што Ти и другите завземате страна, а тие се повластени во секој случај за разлика од нас...
...новиот министер, според мое мислење, нема многу да направи, затоа што како што гледам почнува со некои промени во здравството „од доле нагоре“ , а не од „горе - надоле“ т.е. се фати со проблеми на хигиена со хигеничарки, болничари, анкета на пациент за задоволство на хигиена???
Кога работата на вакви осетливи институции се сведува на првите почетоци како почеток на промени на нездравствени вработени кои не се носители на здравствена услуга всушност се бега од суштискиот проблем истите грешки ја правеше и минатата власт истите грешки очигледно ќе ги прави и оваа власт, односно се прашувам дали воопшто се грешки или замајување на народот дека се работа нешто....
Пациентот ако нема ЕКГ апарат каде да направи тест на срцевата работа, нему му е гајле ако кошот е полно со ѓубре или е околу, нему му е гајле ако има скршена столица ако не го најде соодетниот доктор на дежурство и истиот одговара кривично ако е отсутен,ниту некој до сега се казнил ниту пак ќе казнат...
Во моментов има појава на вработување на нови кадри (не знам врз која основа кога се уште нема конкурси) роднини блиски на членови на негова партија, односно присутно непотизам и веднаш поставување на раководни места со ниеден работен ден во таа болница (во процес на менување на раководители и директори од предходна власт) иако на тоа одделение има реномирани личности со повисоко образование и со работен стаж (од тукушто вработени?) кои по инерција на правилноста на нештата би требало тие да ја имаат таа највисока одговорност (партиски неодредени) во болниците не само во Скопје, туку и во Струга и Куманово, каде никаде по портали не пишуваат ниту пак министерот коментира (се дистанцирам од 100% сигурност дека министерот знае и прашање дали воопшто знае што му праваат неговите директори)...
ако сака промени во здравството како кажува и се залага (се надевам дека е искрен) министерот, треба да почне одозгора со прочешлување на првите луѓе, земање на одговорност или сменување и најважен факт да не менува под инерција или притисок од партијата, медицински лица на позиција со соодветно образование и работен стаж со тукушто завршени медицински лица без ниеден ден работен стаж во здравството, само со факт дека се од албанско потекло !
п.с
...околу прашањето на
Директорот на ФЗОМ и Министерот за здравство, што е како си е само тие двајца
Др.Сашо Стефановски си знаат никако трето лице, едниот е стоматолог доктор именован од предходната влада, другиот е исто доктор
Др.Арбен Таравари именуван од новата влада и нормално да дојде до промена и измена, и двајцата се високообразовани медицински лица што нема потреба ниту едниот да се крие од другиот, ниту другиот да го „шутне“, прашање е само дали ќе биде „нормална“ промена “ или театрална како што знае да се направи на ова македонско тло...а можеби дека е едниот од Охрид македонец, а другиот од Струга со албанско потекло дупло вечно ривалство...
Ај донт ноу!