Македонија со најлошо здравство во цела Европа

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од Рудници и, 26 јануари 2015.

  1. PIRATIC

    PIRATIC diplomiran klozetar

    Член од:
    26 јануари 2012
    Мислења:
    4.646
    Допаѓања:
    3.665
    Блаблабла а до сега кој тоа бил избркан од работа од државното здравство ?!
    Освен оние личности кои поради ХХ причини самите го напуштиле работното место т.е. си дале отказ !
    А и да биде некој казнет или избркан од работа секако тоа ќе биде некоја незаштитена и нечујна кокошка, бидејќи оние кои што се со силни партиски врски (ДПМНЕ, СДС, ДУИ...) тешко дека може некој да ги бутне од тронот, а исто така неуништливи се и оние кои имаат висок авторитет помеѓу персоналот со години па и со децении, независно на нивната политичка (не)припадност ... некои што палат и гасат со децении по клиниките почнувајќи уште од времето на Тито(екс-ЈУ) па се до ден денес, а сите знаеме дека за толку многу децении сменети се повеќе различни политички гарнитури во државава !
    --- Споено дупло мислење, 8 јули 2017 ---
    Докторка ли си ?!!
     
    Последно уредено: 8 јули 2017
    На katinakatalina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.111
    Допаѓања:
    971
    ... не треба да се експонирам ама ете сакам да те разочарам дека сум член на таква комисија што сакаш да повикаш да ми направиш мене контрола, :facepalm:
     
  3. Zarniwoop

    Zarniwoop

    Член од:
    2 септември 2010
    Мислења:
    4.617
    Допаѓања:
    4.465
    Уште една причина зошто Таравари мора да расчисти со вмровските доктори е таа дека ти ваква која викаше јогурт да се пикал кај шо не треба си член на комисија. Тоа е лудо, мора да биде исечено во корен, а се надевам дека министерот нема да е милостив. Исто како шо го шутна Кедев, така треба и вас.

    Вие сте партиски војници во бели мантили.
     
    На Ilumious и Beric Dondarrion им се допаѓа ова.
  4. povtornojas

    povtornojas

    Член од:
    25 јули 2016
    Мислења:
    316
    Допаѓања:
    216
    зошто навечер инспекции, па затоа што навечер сестрите се ропат на мртво. оно и дење не им сопира, ама навечер растур се праат.
    да ги фатат на чин и одма и сестрата и докторот отказ добиваат.
     
  5. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    19.229
    Допаѓања:
    22.438
    за доброто на сите, се надевам дека лажеш
     
  6. katinakatalina

    katinakatalina

    Член од:
    5 мај 2016
    Мислења:
    1.110
    Допаѓања:
    722
    Сексуални односи на работно место помеѓу доктор и сестра било и ќе биде, посебно на дежурство.
    Секогаш знаеме која сестра е дежурна и кој доктор ќе биде...хаха..ама од како инсталираа камери насекаде, некако им ги помешаа картите:pos:
    :pos:
    Како и да е, за подобрувањето на состојбата во здравството треба многу промени да воведат...но ме мрзи да пишувам оти знам дека сето тоа е само научна фантастика за овој наш македонски народ кој одамна изгубил осет за дидциплина, одговорност, свест, работни навики, закон, права, љубезност и др:(
     
    На Bafra и bijons им се допаѓа ова.
  7. Zarniwoop

    Zarniwoop

    Член од:
    2 септември 2010
    Мислења:
    4.617
    Допаѓања:
    4.465
    @bijons стварно директорот на ФЗОМ се криел од министерот и не доаѓал на работа? :pos:
    И да се криевте почнавте, штета шо министерот не ве слуша па штом се криел, го шутнал.
    Ама само кажи дали стварно, ништо друго. :ROFLMAO:
     
  8. bijons

    bijons Lady in red

    Член од:
    7 септември 2016
    Мислења:
    1.111
    Допаѓања:
    971
    ... види, тоа изразот „штаб“ и партиско обраќање би требало да ти одговори тој/таа што си има книшка од тој другиот табор контра твојот и си ги уживаше барем досега бенифитите од тоа членство, ти сигурно според однесувањето си младо момченце малку поинаку дефинирано и воспитано што во текот на реалниот живот ќе ти се одрази во негативна смисла како во професионален план така и во релација со девојка/ жена, но јас за тоа нема да искоментирам, сега ќе ти одговорам само затоа што ме цитираше,затоа што се подсмевнуваш на нешто што не е во интерес на сите нас, оти сите ние сме на некој начин „обични пациенти“ за разлика од тие што Ти и другите завземате страна, а тие се повластени во секој случај за разлика од нас...
    ...новиот министер, според мое мислење, нема многу да направи, затоа што како што гледам почнува со некои промени во здравството „од доле нагоре“ , а не од „горе - надоле“ т.е. се фати со проблеми на хигиена со хигеничарки, болничари, анкета на пациент за задоволство на хигиена???
    Кога работата на вакви осетливи институции се сведува на првите почетоци како почеток на промени на нездравствени вработени кои не се носители на здравствена услуга всушност се бега од суштискиот проблем истите грешки ја правеше и минатата власт истите грешки очигледно ќе ги прави и оваа власт, односно се прашувам дали воопшто се грешки или замајување на народот дека се работа нешто....
    Пациентот ако нема ЕКГ апарат каде да направи тест на срцевата работа, нему му е гајле ако кошот е полно со ѓубре или е околу, нему му е гајле ако има скршена столица ако не го најде соодетниот доктор на дежурство и истиот одговара кривично ако е отсутен,ниту некој до сега се казнил ниту пак ќе казнат...
    Во моментов има појава на вработување на нови кадри (не знам врз која основа кога се уште нема конкурси) роднини блиски на членови на негова партија, односно присутно непотизам и веднаш поставување на раководни места со ниеден работен ден во таа болница (во процес на менување на раководители и директори од предходна власт) иако на тоа одделение има реномирани личности со повисоко образование и со работен стаж (од тукушто вработени?) кои по инерција на правилноста на нештата би требало тие да ја имаат таа највисока одговорност (партиски неодредени) во болниците не само во Скопје, туку и во Струга и Куманово, каде никаде по портали не пишуваат ниту пак министерот коментира (се дистанцирам од 100% сигурност дека министерот знае и прашање дали воопшто знае што му праваат неговите директори)...
    ако сака промени во здравството како кажува и се залага (се надевам дека е искрен) министерот, треба да почне одозгора со прочешлување на првите луѓе, земање на одговорност или сменување и најважен факт да не менува под инерција или притисок од партијата, медицински лица на позиција со соодветно образование и работен стаж со тукушто завршени медицински лица без ниеден ден работен стаж во здравството, само со факт дека се од албанско потекло !(y)
    п.с
    ...околу прашањето на Директорот на ФЗОМ и Министерот за здравство, што е како си е само тие двајца Др.Сашо Стефановски си знаат никако трето лице, едниот е стоматолог доктор именован од предходната влада, другиот е исто доктор Др.Арбен Таравари именуван од новата влада и нормално да дојде до промена и измена, и двајцата се високообразовани медицински лица што нема потреба ниту едниот да се крие од другиот, ниту другиот да го „шутне“, прашање е само дали ќе биде „нормална“ промена “ или театрална како што знае да се направи на ова македонско тло...а можеби дека е едниот од Охрид македонец, а другиот од Струга со албанско потекло дупло вечно ривалство...
    Ај донт ноу! :facepalm:
     
    Последно уредено: 16 јули 2017 во 22:25
    На PIRATIC му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PIRATIC

    PIRATIC diplomiran klozetar

    Член од:
    26 јануари 2012
    Мислења:
    4.646
    Допаѓања:
    3.665
    @bijons
    Фала богу ... јас како граѓанин и како пациент кога одам на некоја клиника не ги бројам отпадоците, ниту пак кучките и мачките во дворот на истата, ниту пак бактериолошки ја проверувам чистотата на болничкиот под, ниту пак детално проверувам колку има наталожено прашина на полиците или прозорите, најмалку па ми е битна фризурата на докторот/докторката, туку ми е битно кога ќе влезам таму да добијам задоволителна и фер здравствена услуга и третман, очекувам најмодерни дијагностички апарати и најкомпетентни анализи, очекувам културни и фер доктори кои во детал ќе ме ислушаат и прегледаат, а не доктори кои додека пациентот им ги кажува симптомите они си прават приватни муабети на мобилниот телефон и си гледаат низ прозор или пак си палат цигара внатре во нивната ординација заедно со кафенцето и на крај наместо да ти кажат чаре они дигаат раменици и или ќе ти опнат погрешна дијагноза и погрешна непотребна терапија или пак ќе те шетаат од клиника на клиника, во најлош случај па може и мито да ти бараат ... тоа се тие основни работи кои граѓанинот/пациентот ги бара, едно подобро и поефикасно здравство кое ќе овозможи брза дијагностика и успешен третман, но досега ниту една власт не го помрдна Македонското здравство ниту една педа нанапред !
     
    На bijons му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fringe

    Fringe Скитник низ паралелни светови

    Член од:
    24 септември 2011
    Мислења:
    7.901
    Допаѓања:
    2.966
    Ајде не се секирајте,тревари со османи и помош од селмани во тандем ќе го поправат здравството.
     
    На PIRATIC му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    15.102
    Допаѓања:
    14.037
    Здравството ни е доста лошо, ама би рекол дека пациентите се полоши.
     
  12. Zarniwoop

    Zarniwoop

    Член од:
    2 септември 2010
    Мислења:
    4.617
    Допаѓања:
    4.465
    Многу глупости изнапиша, а тоа значи дека редот ти дошол и тебе, ај среќно понатака.
     
    На Beric Dondarrion му/ѝ се допаѓа ова.
  13. PIRATIC

    PIRATIC diplomiran klozetar

    Член од:
    26 јануари 2012
    Мислења:
    4.646
    Допаѓања:
    3.665
    Не се криви пациентите, точно е тоа дека има големи гужви особено по Скопскиве клиники, тие гужви продуцираат нервоза кај пациентите, карање со персоналот, викотници по шалтерите и по болничките чекални, но тоа е поради 2 причини.
    Првата причина е тоа што во Македонија има огромен демографски дисбаланс на популација, старото како и средовечното население е многу помногубројно од она младо население и токму поради тој висок процент на средовечни и стари граѓани амбулантите и клиникиве се преполни, особено во Скопјево како најголем и главен административен центар во државава и град каде што е сместен врвот на здравството и државното, така и приватното здравство !
    Вториот проблем е тоа што Скопските клиники се пренатрупани како со пациенти од Скопје и Скопско така и со пациенти од целата внатрешност на државава, граѓаните од сите краишта на државава дури и за нај основни анализи на крвта доаѓаат во Скопје, значи не говорам за оние посериозни повреди или посериозни дијагнози и потребни покомплицирани терапии и операции, туку зборам за основни проверки и третмани на дијабетес мелитус, липиди, хормони и сл. испитувања и терапии кои може да се обават и во болниците ширум државава, зошто да мора Скопскиот здравствен систем да е пренатрупан секојдневно, а болниците во провинциските градови да бидат полу-празни и дури и за не така екстремно комплицирани дијагнози и потребни терапии да мора сите пациенти да се пренасочуваат на анализи и тераписки третмани во главниот град !
    Струмица е скоро 100к жители зошто да нема еден голем и модерен регионален клинички центар или пак Штип на пр. Потоа Битола која има повеќе од 100к жители зошто да нема еден модерен и ефикасен клинички центар(не онаа стара руинирана болница што личи на Чернобил) или пак во Прилеп или Велес ... Охрид па кој е главен туристички центар во државава треба да има ултра модерен здравствен центар, а не тие смешни стари, дотраени и руинирани болничиња кои се срам за еден таков туристички центар, потоа зошто пациентите од Полошкиот крај кој има преку 300к жители да мора да доаѓаат во Скопје за основни крвни анализи и терапии, зарем не може таму да се креира изгради еден ефикасен и модерен регионален клинички центар, да не зборам па за Куманово кој е исто така голем град со повеќе од 100к жители, а пацинети од таму секој ден лутаат низ Скопските болници и тоа за нај основните крвни анализи и потребни терапии како на пр. дијабетес, тироидна жлезда, липиден статус, остеопороза и.т.н.
    --- Споено дупло мислење, 17 јули 2017 во 17:04 ---
    Бујар Османи веќе беше еднаш министер за здравство и тоа од 2008 до 2011 год. кога пристигна на тронот Никола Тодоров кој беше 6 години министер за здравство !
    А пред Бујар Османи на тронот седеше две години од 2006 до 2008 год. Имер Селмани, така да во право си овие двајца Османи и Селмани имаат веќе големо искуство бидејќи биле министри за здравство и кобајаги "познати" им се проблемите во Македонското здравство, па ќе му бидат повеќе од потребни и успешни советници и соработници на новиот министер неврологот Арбен Таравари ... ај со среќа (к'смет) да им е и да ни е :confused:
     
    Последно уредено: 17 јули 2017 во 17:06
    На vlatko100 и bijons им се допаѓа ова.
  14. katinakatalina

    katinakatalina

    Член од:
    5 мај 2016
    Мислења:
    1.110
    Допаѓања:
    722
    Единствен примерок на глуп и туп...катастрофално досадно створење:facepalm:

    Имаш ли бе ти излезено малку надвор да се помешаш меѓу луѓе или само на форум дремеш 24 часа!???:tapp:
     
  15. Zarniwoop

    Zarniwoop

    Член од:
    2 септември 2010
    Мислења:
    4.617
    Допаѓања:
    4.465
    Не се мавај по глава и тебе ќе ти дојде ред. Ќе направиме нешто немај гајле.
    Јас ако сум 24 саати на форум тогаш не знам...
    И да ти одговорам, да излезен сум си имам работа се мешам со луѓе. Ти со што се мешаш? Со кофата?
     

Сподели преку: