„Република“: Европа ќе ја признае независноста на Косово
Европа ќе ја признае независноста на Косово, тврди весникот „Република“, повикувајќи се на изјава на близок соработник до италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Далема.
Оваа вест на италијанскиот весник е објавена по средбата во Љубљана, на која членките на контакт групата се обидувале да најдат излезе од ќорсокакот по последните изјави на Тадиќ и Тачи, дека ниту една од страните нема да отстапат од позиции.
На состанокот се лицитирало и со датуми, кога да биде прогласена косовската независност, британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд предложи прогласување на независноста на 4 февруари, односно еден ден по вториот круг на претседателските избори во Србија, додека Далема се заложил за 9 март, односно по изборите во Шпанија.
Спротивно на овие најави известувачот на европскиот парламент Јелко Кацин е уверен дека Косово во скоро време нема да прогласи независност.
Се огласи и хрватскиот претседател Месиќ, според кого, предлогот на финскиот дипломат Ахтисари е најдобро солуција досега ставена на маса.
Македонија, пак, веќе се изјасни дека ќе застане зад онаа решение што ќе биде поддржано од Меѓународна заедница.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88747