Францускиот филм своевидно ја негира Македонија, Македонската нација и едноставно се потсмева на Македонија.
Не нарекува Македонски Словени, Античка Македонија ја посочува како Грчка, Александар Македонски како Грк, именувањето на аеродромот како провокација, ние сме биле националистички настроени, сме фрлале масло на огнот со тоа што не сме прифаќале компромис (ака промена на името).
За А1:
Посочен е како опозициски медиум, кажуваат дека А1 нема платено данок во висина од 17,5 милиони евра, потоа дека Груевски пробува да ја дискредитира А1, колку што знам Груевски беше во А1 (зошто обвинуваат дека немале одговор?)... тука надоврзуваат дека немаме демократски избори. Јас се извинувам до ТВ-то и знам дека има нерегуларности, но да се обвинува дека некој дошол на власт со целосно фалсификување на изборите е непристојно. Не е ова 19век за да кажуваат каубојски филмови за Балканот.
Се надевам дека репортажата со Ромите ќе им служи како насока на тоа како треба да се однесуваат со луѓе кои они со возови ги протеруваат.
Репортажата сега за сега е разочарувачка, видно анти-македонски расположена и штом завршија со клеветите ја сменија цела тема и почнаа да зборуваат за Ромите. Како и да е ќе почекаме за другите делови, да се надеваме дека ќе кажат и нешто друго за Македонија.
-
На БиБиСи репортажата е многу различна, и самата си има моменти но барем знае што сака да каже. Многу објективна со правилно испрашување на Грците. Според мене французите треба малку да ѕирнат како се прави кратка, прецизна репортажа со правец на движење и цел.