А бе како да не бидеме ниско задолжени кога лавовите, и остала шаховница, чинат 587.934.241 еврици, ама гледате сега колку сме горди на нив а,гледате кога чичко Николче ни викаше дека ке се гордееме на проектот дека беше во право? Глеате колку ни го направија меракот, и колку туристи привлековме. Глеате колку се вложи во 400 години стариот барок, и колку сме горди што денес во 21ви век, 3-4 века по неговиот подем, го градиме? Тоа ти се вика креативни интелектуални умови.Македонија е расад на креативци и високо образовани личности, кои се толку вредни, што просечниот јапанец може водичка да ни носи.
Ај не ми се занасајте овде, гледате ли какви автопати имаме со по 5 ленти и неограничена брзина, ама кој ги изгради, бранко сигурно не? Кога Скопје-Охрид сте стигале за 1 час? Никогаш нормално, ама сега стигате. Е па да не беа вмро ке си се возевте уште на стариот автопат со 1205 патарини, поставени на 1.5 километри.
Секое село има асфалтиран пат, одвод, водовод и улично осветлување...СЕКОЕ.
Возови..... пууу, па јапанцине не ни се рамни бе. Најновава пруга со супер брзите електромагнетни возови се нешто најново. Ние први во Европа ги напраивме. До бугарија пругата кој ја направи, сигурно не бранко, ВМРО нормално.Тито петковски што си лапна, си лапна, ама еве ги сега откако дојдоа вмро одма ја направија пругата. До Охрид пругата кој ја направи? Вмро нормално.
Војската гледате како ја средија, никој не смее да писне бе...заедно со министерот... сите почитуваат закони и прописи, и кој ке прекрши закон одма, ШЉАК, кривично обвинение, дури и министерот за одбрана ене го во шутка, лежи во самица.
Гледате каква демократија сме, ниедна друга земја не е како нас. Ние од увек сме биле народ што почитува други националности. Од што ги почитуваме премногу, им дозволуваме се што ке посакаат да направат во државава, едноставно се грижиме, како и секој домаќин,гостите од Косово, да се чувствуваат како дома. Ако сакаат че го пукаат, ако сакаат че го менуваат име, ако сакаат че го работат државна работа и ако сакаат че поклонуваат цвечиња на разни "борци".
Во бунарџик најстрого забрането е партиско вработување или по роднински врски и сл. Одма се лежи затвор.
Платите ни се зголемија исто како што се зголемија и европските закони кои носат европски казни... право пропорционално.
Еее тоа ти се вика држава, а не некои други таму ШКЉ држави бе...
Шо се занесувате бе ние сме Швицарска на балканот.
Нашите телевизии какви убави програми даваат, а бе човек просто да има што да научи. Најмногу ми се допаѓаат турските програми... па тоа поучно, тоа, едноставно откако ке ги изгледаш исто како уште еден факултет да си завршил, до толку се образовни и те тераат да размислуваш, мислам тоа е нешто невероватно.
И нормално не им доаѓа на памет да направат наша серија. Па што ке прават, ние што имаме за да прикажеме, што можат прости сељачишта што не знаат ни како им се вика државата да направат? Од величенствениот не можеме ние нешто подобро да направиме, no way they are too inteligent for us.
А и едноставно, боље да го земеш најквалитетното, а ефтино него да направиш свое, нетолку квалитетно, а скапо. Боље е кога е од увоз.