Македонија набави три авиони за гасење пожари

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
04.03.2009 16:05

avion-pozar-gasac.jpg

Дирекцијата за заштита и спасување денеска потпиша договор за набавка на три авиони за гасење пожари.

Авионите, од кои два ќе пристигнат во јуни, а третиот во август, имаат голема способност за маневрирање и можат да дејствуваат на кое и да било подрачје во државата.
Авионите можат да летаат во услови на голема надморска височина и високи температури на водухот до 49 степени.
Авионите се обезбедени со средства од Владата, а чинат околу 10 милиони и 300 илјади долари. Во цената е вклучена и обуката за шест пилоти, три инженери и двајца одржувачи на авионите.
http://kajgana.com/statija_6085.html

А од кај ќе полнат вода :) кога Дојранското Езеро е полупразно и нема толкава површина за маневар на авионот,Охридското Езеро е големо ама со секое слетување ќе се наруши територијалниот интегритет на Албанија и кај ќе полни вода во Охрид а пожарот е во Струмица? :raz:
Опција е и Преспанското Езеро ама таму не сум бил никогаш и не знам каков е теренот?
 
Има и вештачки акумулации.
А и Охрид-Струмица воздушна линија и не е толку голема на крајот на краиштата...
 
Блиску им е Солунскиот залив, и така Солун си е наш!:vozbud:
 
редно беше нешто корисно да се направи:)
 
Дај Боже да не полетаат :)
 
Има и вештачки акумулации.
А и Охрид-Струмица воздушна линија и не е толку голема на крајот на краиштата...

Да,не е голема далечината ама на секое вртење ќе повреди нечиј воздушен простор така да како единствена опција ја прифаќам онаа на vone дека Солун е наш и таму ќе си полниме вода! :smir:
 
А од кај ќе полнат вода :) кога Дојранското Езеро е полупразно и нема толкава површина за маневар на авионот,Охридското Езеро е големо ама со секое слетување ќе се наруши територијалниот интегритет на Албанија и кај ќе полни вода во Охрид а пожарот е во Струмица? :raz:
Опција е и Преспанското Езеро ама таму не сум бил никогаш и не знам каков е теренот?
E сега и ти малку претеруваш... овие не се боинг 737, обични канадери се. Кога имаше пожар во Битола, канадерот можеше да слета и да собери вода од стрежевското езеро, кое патем е едно од помалите вештачки езера во државава.

Конечно паметна инвестиција, за пилоти мислам дека не е страшно, има војската добри кадри, има неколку аеро клубови со солидни летачи, а во најлош случај битно е леталото да се има и да е во топ форма, пилоти се изнајмуваат од странски земји.
 
Се разбира дека е воден ама прашањето е дали може таму авион да слета и да полета? :raz:

E сега и ти малку претеруваш... овие не се боинг 737, обични канадери се. Кога имаше пожар во Битола, канадерот можеше да слета и да собери вода од стрежевското езеро, кое патем е едно од помалите вештачки езера во државава.

Конечно паметна инвестиција, за пилоти мислам дека не е страшно, има војската добри кадри, има неколку аеро клубови со солидни летачи, а во најлош случај битно е леталото да се има и да е во топ форма, пилоти се изнајмуваат од странски земји.

Знаејќи ја организацијата кај нас може да се случи пилотот да слета и да се манијачи на некоја плажа кај што има топлес девојки :baeh:
 
Народот нема што да јаде а Гвујо тупото авиони за гасење пожар купуе... и тоа во време на Светската Криза ( која почна да постои откако Гвујо почна пари да троши).
 
Па штом се набавиле сигурно се знае каде ќе полнат вода...:wink:
 
Народот нема што да јаде а Гвујо тупото авиони за гасење пожар купуе... и тоа во време на Светската Криза ( која почна да постои откако Гвујо почна пари да троши).
Море да ти гори на 10 метра од куќата пламен висок 20 метра (како што ми гореше мене пред 3 години) ке се подзамислиш малку дали вреди или не. Остај ти светска криза, авионите се потребни и ке имаат примена. Дај боже да се пропадната инвестиција, ама ко шо почнаа пиромани да се јавуваат последниве години.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom