Ваљда Агенција за млади и спорт почнала да функционира асално...Еднаш у прва година не викнаа на аудиција и ние ги носевме електричните гитари, надевајки се дека таму имаат појачала...Али они рачунале дека ние ќе зееме акустични такашто неможеа да не чујат и ни рекоа дека ќе не викнат за недела дена...Ни земаа мобилни телефони, од дома и мејл и тврдеа дека ќе не исконтактираат што поскоро...Ден денес нит ми стигнал мејл, нит никој ми се јавил.
И јас исто се надевам конечно дека ќе добиеме квалитетно владино тело кое ќе се „грижи„ за нас младите како и ќе работи за развивање и промоција на спортот.
Еве што донесува денешна Нова Македонија:
Кратки Вести
Ѓурчевски нов директор на Агенцијата?
Драган Ѓурчевски, раководителот на секторот спорт во Агенцијата за млади и за спорт (АМС), најверојатно ќе биде новиот директор на Агенцијата, дознава „Нова Македонија“. Досегашниот прв човек на владиното тело одговорно за младите и за спортот Ивица Георгиевски заминува во пратеници и Ѓурчевски најверојатно ќе го наследи на оваа функција.
Георгиевски беше на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица и беше избран за пратеник. Иако најавуваше дека можеби ќе остане во Агенцијата, досегашниот прв човек на АМС реши да влезе во парламентот.
Во понеделникот, на скопскиот, плоштад АМС го промовира проектот „Македонија засекогаш“, каде што македонските музички ѕвезди старите македонски песни ги отпеаја во нов аранжман. Со овој проект Георгиевски го заврши директорувањето во Агенцијата. Бојан Георгиев, помошникот на секторот спорт и задолжен за односи со јавност, ќе го наследи Ѓурчевски на местото раководител на секторот спорт.
линк