СПОРЕД "ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС":
Без реформи на ЕУ нема членство за Македонија и Хрватска
Ако не се изврши реформа на Европската унија, посебно во нејзиниот систем на функционирање, неопходна за одржување на процесот на проширување, Европа треба да заборави на зачленувањето на Хрватска и на другите земји од поранешна Југославија, пишува "Фајненшл тајмс".
Весникот, инаку силен застапник за продолжување на тој процес кон регионот на Југоисточна Европа, сега вели дека без европскиот Устав нема место повеќе за никого, предвидувајќи дека во тој случај ширењето на ЕУ ќе заврши со бројот 27 земји-членки, со влегувањето на Бугарија и на Романија.
Договорот од Ница со кој сега функционира ЕУ, не предвидува натамошно проширување на Унијата, бидејќи не нуди решенија за многу ситуации што ќе се случат, ако се продолжи со зголемувањето на бројот на нејзините членки.