ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 173
``Ете доколку ти е за утеха, и јас сакам.Поздрав ogledalo.Дококу сметаш дека Северана е за аирлија, во ред. Аирлија нека ни е.
Мене ми е искрено жал што сеуште мислиш дека пораката за старт на преговорите не е дадена со взаемен договор помеѓу македонската влада и авторитетите во ЕУ, кој во најскоро време треба да се реализира.
Во наредниве неколку месеци и двајцата ќе бидеме сведоци на ова.
Па не го кажал токму поради тоа што му е битна "славата".
Каде му е сега двојната формула ?
Каде му се писмата ?
Каде се спомениците ?
Каде е Александар ?
Каде се неговите мегафони кои секојдневно низ Македонија пронаоѓаа по неколкумина грчки платеници ?
Ги нема.
Знаеш зошто ?
Затоа што јавноста се подготвува за компромис.
Еве што вели партиското гласило "Вечер" по објавувањето на наводното реререндумско прашање:
"Доколку се сака да се постигне успех во преговорите со Грција, прашањето за името треба да биде автентичен македонски општествен процес. Тоа нема да се случи со трикови по дипломатски пат за потребите на одредени грчки лоби групи, пласирани во Вест, може да се добие сосема спротивен ефект, а тоа е пропаѓање на референдумот. Тоа исто така може да предизвика и будење на радикалните сили кај Македонците кои на текстот во Вест можат да излезат со своја верзија на референдумско прашање: Дали сте согласни да се откажете од вековното и библиско име Македонија и Македонци, за членство во ЕУ и НАТО, како привремени асоцијации. Колку што е можна верзијата објавена во Вест, толку е можна и оваа."
Што ќе значи дека власта, или партијата на власт, се плашат од будењето, на како што ги оквалификувале "радикалните сили", кои до вчера самите тие ги радикализираа.
Ова е порака друже.
Затоа ценејќи ги твоите ставови, да сум на твое место не би бил толку еуфоричен
Изборот во деведесетите беше прифаќање преговори како возврат за влез во ООН.
Денес изборот е прифаќање компромис, како возврат за влез во НАТО и ЕУ.
Кмери се кмери.
Зарем има разлика дали се црвени или портокалови ?
Го знаеш вицот за кокошката која извртела неколку круга +, за да не помисли петелот дека е лесна ?
Па токму затоа некој ќе мора или да направи компромис, или пак да ги повлече апликациите за влез во овие сојузи.....и конечно да престане да го лаже народот дека може под една мишка, две лубеници да носи, бидејќи и обете се бајаги крупни.
Во спротивно и понатаму во анкетите ќе има 95% кои со уставното име сакаат во евроатланските структури.
Ете доколку ти е за утеха, и јас сакам.
А дали е можно тоа што го сакам, е сосема друго прашање.
Само два збора:
Пирова победа.
А дали е можно тоа што го сакам, е сосема друго прашање.``
ти можеби сакаш ама си се откажал од борбата за да се постигне тоа.
јас кажав и погоре не очекувам влез и датум, ако не добиеме вето во декември ќе морам да признам дека сум погрешил и дека се ``плете `` мрежа, ама ако добиеме имај доблест и признај дека една структура остана единствена која ќе си ги има епитетите налик на оние во мојот потпис долу..стaвен временски со камбекот на државникот.