Груевски: Малезијците заинтересирани за инвестирање
Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска со презентацијата на можностите за инвестирање во Македонија во Куала Лумпур ја заврши посетата на Индија и Малезија.
Покрај форумот, делегацијата оствари и средби со претставници од повеќе компании што пројавуваат интерес да дојдат во Македонија, да го разгледаат пазарот, да се запознаат со локални бизнисмени и да размислат за можноста за отворање бизнис во Македонија. Ова, според премиерот Никола Груевски, би значело и отворање нови работни места.
- Успеавме да направиме една добра презентација пред околу 60-70 компании што покажаа интерес за Македонија. Малезија е брзорастечка држава, која има раст од 6,5-7,0 отсто секоја година. Имаат многу компании што одат на меѓународниот пазар надвор од Малезија, надвор од Азија, одат во Европа, изјави премиерот Груевски по завршувањето на денешниот бизнис форум.
Тој додаде дека пред малезиските стопанственици ги објасниле предностите за инвестирање доколку дојдат во Европа и ја изберат Македонија за бизнис дестинација, за можностите за правење бизнис во Македонија, за ниските трошоци, ниските даноци, драстично намалената бирократија, за договорите за слободна трговија кои, како што рече, од, на прв поглед, една двомилионска држава и релативно неинтересна за која било поголема компанија стануваме држава која покрива 650-милионски пазар.
- Значи, ги објаснивме деталите околу Македонија, околу можностите за правење бизнис од секој аспект, предностите што ги нуди земјата, но и рангирањата што ни ги дава Светската банка, бидејќи тоа е еден вид гарант за инвеститорите. Кога Светската банка за шест години ќе ве рангира од 94. на 22. место и кога секоја година сте на врвот на топ-реформатори во светот, тогаш тоа е еден вид гранција за инвеститорите дека тоа што го говори премиерот, министрите и другите во делегацијата не само што е точно, туку има длабока суштина, истакна премиерот, додавајќи дека тоа ги охрабрува повеќе да разговараат за конкретни работи.
Владината делегација за време на престојот во Индија ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија во Њу Делхи, Пуне, кој е центар на автомобилската индустрија на Индија и во Мумбај.
KОЈ СТОИ ЗАД МЕЃУЕТНИЧKИТЕ ИНЦИДЕНТИ ВО МАKЕДОНИЈА
Странски служби провоцираат албанско-македонски конфликт?
Брза реакција, обраќање до граѓаните од премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети со смирувачки пораки, итна владина и собраниска седница побараа вчера и експертите и опозицијата. Дека ситуацијата е сериозна, укажуваат и најавите за вонредни седници на највисоките органи на ДУИ и на ДПА
Последните инциденти во градските автобуси во Скопје, при што сериозно беа повредени десeтина граѓани од албанска и од македонска националност ги разбудија стравувањата дека на Македонија ~ се заканува нов меѓуетнички конфликт. Експертите, но и политичарите предупредија дека на инцидентите не смее да се гледа изолирано, сторителите веднаш да бидат откриени за да не се влезе во спиралата на меѓуетничките одмазди. Брза реакција, обраќање до граѓаните од премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети со смирувачки пораки, итна владина и собраниска седница побараа вчера и експертите и опозицијата. Дека ситуацијата е сериозна укажуваат и најавите за вонредни седници на највисоките органи на ДУИ и на ДПА. Од Владата вчера немаше никаква реакција за инцидентите, ниту најава дали ќе се одржи вонредна седница.
Регионален контекст
Експертот по безбедност Владимир Пивоваров предупредува дека инцидентите кои се повторуваат и во кои континуирано учествуваат Македонци и Албанци, треба да бидат сериозен сигнал за институциите бидејќи секоја искра предизвикува оган.
- Ваквите појави им одат во прилог на оние што сакаат да ги подгреваат етничко националните страсти. Затоа овој проблем мора итно да се реши на државно ниво зашто инцидентите очигледно е дека се префрлаат од едно на друго место во Скопје, од еден во друг град во Македонија. Политичарите треба да отидат на терен, меѓу народот и да преземат клучна улога во решавањето на овие проблеми - вели Пивоваров и додава дека сторителите треба веднаш да се најдат и да одговараат за тоа што го направиле.
Нашиот соговорник нагласува дека инцидентите треба да се толкуваат и во поширок регионален контекст, односно низ призмата на референдумот во Kосово, на изјавите за голема Албанија, но и преименувањето на улиците во Скопје. Можеби во други околности, додава тој, убиството во Гостивар немаше да добие толкави меѓуетнички димензии.
За политикологот Алберт Муслиу инцидентот во автобусот во кој беа претепани деца од маскирана група е еден од најзагрижувачките што се случил од осамостојувањето на Македонија.
- Вакви инциденти не паметам дека се случувале ниту во Босна и Херцеговина ниту во Kосово пред војните. Овие случувања не шират само страв, туку што е уште побитно недоверба во системот. Доколку дојде до тоа, граѓаните ќе почнат сами да се штитат, а тоа е најлоша фаза на прединцидентна состојба во државата, која никој самосвесен не треба да очекува дека ќе може да ја контролира - објаснува Алиу.
ТОА Е ТОА ШТО ГО ЗБОРЕВ УШТЕ ВЧЕРА !!!!!!!!!