Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.424
Поени од реакции
16.708
Јас не правдам никого, очигледно не сфаќаш.
Знаат, мене тоа ми пречи. Тоа сакам да го променам.
Ајде да ги смениме. Што викаш, кој ќе го промени тоа?

Сите тие таму, и оние кои веќе не се (а мислам на оние кои сакаа да подаруваме територии), не донесоа до ова дереџе, изборот е меѓу двете зла, и ако си сонувач, имаш трет избор. Што викаш?
Па баш поради тоа што таму големците знаат дека народот размислува на овој начин си ги ладат ташаците на фотељите.
Оној момент кога ќе им ставиш до знаење дека ти имаш моќ над нив, а не тие над тебе ќе почне да се прави некаков ред. Нека биде и од ВМРО, нека биде и од СДС, нека биде и од ПОДЕМ, ПЦЕР или сличните на нив воопшто не ми е битно.
А со тоа размислување дека нема подобри, ништо не правиме.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тоа ме вади од корпата каде што ти ме стави.
Дека не знам како изгледаат можностите за работа, можностите за издржување на сам себе.
Всушност, знам. Но тоа не ми е најголем проблем во животот.
Не бе пумо, тоа те носи директ во таа корпа. Баш дека сега го знаеш сето тоа има ласта да се фрлиш во државна администрација. Ама ај да не си играме претскажатељ на будучност, се договоривме, ти здравје ќе си дипломираш и ќе се вработиш и ќе пишеш тука каде. Ако јас грешно сум проценила ќе се извинам.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Јок, јок, не ме разбираш ти.
Арно, нема потреба од револуција, ајде ќе ги изгласаме ,,другите,,. Немаме голем избор, две опции се. И двете се далеку од вистински квалитетни, но, тие се.
И додека ние се бунтуваме против едните, или другите, знаеш што ќе остане од Македонија?

Јас ќе се бунтувам, кога ќе ми биде загарантирно дека Македонија е на Македонецот, а денес не е така. Денес имам посериозен проблем од 100 евра за паркинг. Денес се соочувам со реален проблем и реални закани од ,,добронамерните,, ни соседи, а башка и од домашните ,,рамнковни,,. Нив не ги интересира благосостојбата на народот, нив ги интересира нивната лична благосостојба и ширењето на нивните територии.
Додека е така, јас нема против НИКОГО да се бунтувам, а секој кој на било каков начин ме брани, ми гарантира дека оваа почва ќе остане Македонска, ќе бидам до него.
Без оглед кој од тие ,,две,, опции е.

А кога ќе го добијам тоа, ќе размислувам за сите останати работи кои ми пречат, и ќе се бунтувам.

Денес би се бунтувала само, и само ако, постои трета, квалитетна опција, која ќе ме одбрани, или ако по некој основ, некој (внатрешен) и нанесе национална или територијална неправда на Македонија.
Значи кога во Солун гордо ќе се развее знамето вашето височество ќе мисли и на егзистенцијалните проблеми.
Типичен случај на испран мозок на кого просечна плата како казна за погрешен паркинг (!?) не му е проблем ама бугаро-грко-србо-албанската завера каде рајата својата егзистенција ја базира на целодневно копање гроб за античкиот идентитет и се спрема за десант на Паљурци е оној вистинскиот, реален проблем...

Ако рајата се бунтуваше, абе шо знам.....агресори ќе шетаа по собрание и ќе земаа пензии ееееј....
Oh wait, народот не се побуни но сепак шетаат.
Ова е само за да се потенцира наводната “закана“, во претходен пост објаснив дека не е проблемот во “рамковните“.

Знаеш што ќе остане од Македонија?
Пензионерите и оние на државна цицка на кои за една деценија нема кој да има да го полни буџетот за да паразитираат бидејќи се што е колку толку вредно ќе замине од античкиот рај каде ефтини реплики на линиски бродови пловат низ гомната преку триумфалните порти изградени во земја со најнизок стандард на цел континент...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Самата си рече во еден претходен пост, не ги оценувај луѓето според нивните постови на форум.
Ги знам многу добро “рамковните“ затоа и пишав дека некаква политичка дестабилизација кај Македонските партии, најмногу нема да им одговара. Самата помисла за нив дека е можно да го изгубат статусот којшто го имаат во овој момент, им е кошмар. А верувај тие не можат да добијат ништо подобро од ова што го имаат во овој момент. Тоа ги плаши нив. Моментално тие ја немаат таа подршка што ја имаа во 2001 година, тоа е многу битен момент. Можеби не оставени самите на себе, но не се толку силни како што ние ги перципираме. А ги перципираме така бидејќи Македонската владеачка партија им дозволи СЕ. Добија голема самодоверба.
Двете владеачки партии (едните за на телевизија, другите зад камера) го направија тоа што го направија.
Не ми е проблем што добиле образование на нивен јазик, или лични карти на нивен јазик.
Поголем проблем ми е ,,мижењето,, на сите во Парламент (Македонци) за нивното однесување во оваа земја. Тука, во оваа земја, се пали нејзиното знаме, се тепаат нејзините деца... Што по тоа прашање?

На Албанците, не им треба многу, а и се повеќе мислам дека ќе гледаме продолжение на истиот филм.
И можат да добијат подобро, ако продолжат Македонците да бегаат од западните делови. А не ги обвинувам Македонците што бегаат од таму, туку сите оние, кои минативе 20 години, дозволиле Македонците да бидат тормозени и малтретирани.
--- надополнето: 7 март 2012 во 17:53 ---
Па баш поради тоа што таму големците знаат дека народот размислува на овој начин си ги ладат ташаците на фотељите.
Оној момент кога ќе им ставиш до знаење дека ти имаш моќ над нив, а не тие над тебе ќе почне да се прави некаков ред. Нека биде и од ВМРО, нека биде и од СДС, нека биде и од ПОДЕМ, ПЦЕР или сличните на нив воопшто не ми е битно.
А со тоа размислување дека нема подобри, ништо не правиме.
Има подобри, како нема.
Нема помоќни.
--- надополнето: 7 март 2012 во 17:54 ---
Значи кога во Солун гордо ќе се развее знамето вашето височество ќе мисли и на егзистенцијалните проблеми.
Типичен случај на испран мозок на кога просечна плата како казна за погрешен паркинг (!?) не му е проблем ама бугаро-грко-србо-албанската завера каде рајата својата егзистенција ја базира на целодневно копање гроб за античкиот идентитет и се спрема за десант на Паљурци е оној вистинскиот, реален проблем...

Ако рајата се бунтуваше, абе шо знам.....агресори ќе шетаа по собрание и ќе земаа пензии ееееј....
Oh wait, народот не се побуни но сепак шетаат.
Ова е само за да се потенцира наводната “закана“, во претходен пост објаснив дека не е проблемот во “рамковните“.

Знаеш што ќе остане од Македонија?
Пензионерите и оние на државна цицка на кои за една деценија нема кој да има да го полни буџетот за да паразитираат бидејќи се што е колку толку вредно че замине од античкиот рај каде ефтини реплики на линиски бродови пловат низ гомната преку триумфалните порти изградени во земја со најнизок стандард на цел континент...
Тоекатер, не се мачи.
Јас за македонски прашања можам да зборувам само со Македонци.
А најмалку можам да зборувам со Македонци, кои не се чувствуваат како такви.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Тоа, затоа ќе си бидеме вакви какви што сме, зашто вака си размислуваме.
А имаш пример, кој може да ни послужи?
Ете, да ни помогне, да ги промениме нештата.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.424
Поени од реакции
16.708
А имаш пример, кој може да ни послужи?
Ете, да ни помогне, да ги промениме нештата.
Се пишуваше наназад по страниве примери кои треба да се земат во предвид, а не да се читаат со потсмев само.
 
B

Black Guard

Гостин
Значи кога во Солун гордо ќе се развее знамето вашето височество ќе мисли и на егзистенцијалните проблеми.
Најискрено пореално е вмбло да развива вселенска програма отколку да ги лоботомира рајата за Солун.

Па добро бре кој е брлав да гине за солун??

П.С МВР не се виновни-они се последни за обвинување,сум кажал и ПОВТОРНО ќе кажам,оставете ги полицајците раат...погледнете горе,рибата смрди од главата.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Се пишуваше наназад по страниве примери кои треба да се земат во предвид, а не да се читаат со потсмев само.
Јас ништо не читам со потсмев, за разлика од повеќето тука.
Всушност, само идеите за анархија ми се екстремно смешни.
Секоја друга опција, ме интересира.

Најблиску до можно остварување, е менување на власта постојано. Тоа е ОК. Заебано е што тоа што ќе почнат едните, нема да го довршат другите. За да му умре козата на комшијата, обратно ќе направат.
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
... И така нашите дедовци и баби се возеа беспари секој вторник и петок, кој за муабет, кој со 53ка беспари да игра ватерполо во Катлановска бања... И така ќе се изгради бродот на погон на лајна од Вардар... И така се изградија спомениците... Удри на џебот на народот!
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
- Во јавноста се пласираат многу шпекулации и невистини, со цел да се создадат конфузија и впечаток дека буџетот се полни од казни. Одговорно тврдам дека тоа се политички пласирани невистини. Да ја расчистиме „маглата“, која свесно се креира. Прво, јавноста треба да знае дека во неданочните приходи влегуваат многу различни категории, меѓу кои и приходите на Агенцијата за патишта од такса при регистрација на возила и патарини (планирани се 1.890 милиони денари или на приближно исто ниво од лани), планираните средства од концесии за води, минерални суровини и земјоделско земјиште (950 милиони денари), дивидендата од телекомот (2.400 милиони денари), профитот од Народна банка, продажбата на дворното земјиште за едно евро по квадрат, наплатата на побарувања од санација на банките, каматата од депозити итн. Второ, да ги презентираме прецизно бројките: неданочните приходи за 2010 година се пониски во однос на 2009-та за 2.706 милиони денари, или за околу 15 отсто. Трето, во рамките на неданочните приходи, од административни такси се планирани околу 850 милиони денари, што е идентично со 2009 година. Четврто, и најважно, приходите од парични казни во 2009 година се планирани на ниво од само 526 милиони денари (а во 2010-та се предвидува исто ниво), а остварувањето заклучно со ноември е само 440 милиони денари. Ако тие 526 милиони денари, или 8,5 милиони евра, ги споредиме со вкупно 2,3 милијарди евра колку што се вкупните буџетски приходи, тоа значи дека приходите од казни изнесуваат занемарливи 0,3-0,4 отсто од вкупните буџетски приходи. Може ли по сите овие факти, некој со аргументи да ја одбрани тезата дека државната каса се полни од казни?
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
не ве разбирам за “проектираните казни“ ?! голем дел од сообраќајните казни се застапени со казнени поени,не плаќаш пари ами имаш можност да добиеш казнени поени кои застаруваат по 2 години,фактички иди како поука а не како казна ! нормално ќе се пазиш да не ги направиш 100 поени,а треба да си стварно дебил (или тежок малер) за да ги поминиш тие 100 поени !

така да мислам дека е невозможно ПРОЕКТИРАЊЕ на казни за берење пари во буџетот преку сообраќајните прекршоци,а дека некој ќе си дозволи да вози пијан,да помине на црвено,да паркира каде ќе му текне итн - треба да знае кога полага што е дозволено,а што е “луксуз“ во сообраќајот !!!
Знаеш како функционира тоа со казнените поени,сега ке ти кажам - добиваш писмо од комисијата одиш ти велат дечко еве ти уплатница казната ти е 200 евра,ти велиш сакам казнени поени а господинот фино лепо ти објаснува дека делото веќе поминало,пресудата е донесена и е одлучено да си платиш не може да поминеш со казнени поени.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Едно имам да ти кажам - ‎"No one can make you feel inferior without your consent"
A јас да те прашам... не се чувствуваш инфериорно?
Мислам дека секој граѓанин се чувствува така. Освен оние кои мислат дека го фатиле бог за муда.
А такви се оние кои имаат доволно пари, и недоволно совест, па ќе му ја дувнат некаде, ако веќе се мора.
--- надополнето: 7 март 2012 во 18:27 ---
Знаеш како функционира тоа со казнените поени,сега ке ти кажам - добиваш писмо од комисијата одиш ти велат дечко еве ти уплатница казната ти е 200 евра,ти велиш сакам казнени поени а господинот фино лепо ти објаснува дека делото веќе поминало,пресудата е донесена и е одлучено да си платиш не може да поминеш со казнени поени.
Не се разбирам многу во казнените поени и плаќањето казни, генерално зошто не сум возач, но мајка ми има платено казна 45 евра за зборување на телефон додека вози (сосема оправдано казнета), и знам дека има 15-20 казнени поени, само не сум сигурна за што.
По кој принцип одлучуваат дал ќе платиш казна, или ќе добиеш казнени поени?
 
M

MrzaRules

Гостин
После новиве одлуки за промена на улици и незнам ти шо јас лично и персонално ќе кажам дека СЕ СРАМАМ ШО СУМ МАКЕДОНЕЦ,СЕ СРАМАМ ШО ПОСТОИ ВАКВО НЕШТО НАРЕЧЕНО македонија
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom