Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Moon Child

Гостин
Во склоп на темава... (y) Вреди да се прочита.

Трпна состојба
Одо ја за Београд... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ
1 Не сум по спортот. Не сум многу ни по навивањето. Ама неделава интензивно се посветив на ракометот. Морам да признаам дека не можев да ги сконтам сите можни комбинации од типот кој кого да победи, колкава да биде разликата, кој би било добро да се повреди, кој смее да скрши рака, кој на кого треба да му попушти и чија националност треба да бидат судиите за да игра Македонија во полуфинале.
Најзбунет бев кога играа Полска и Германија. Супер беше додека Полска водеше еден до два разлика. Но кога Германците почнаа да даваат голови повеќе отколку што ни одговараше, ми рекоа да навивам за Германија. На крај победи Полска и коментаторот со олеснување ни порача: Ај сега навивајте за Шведска, а против Данска. Додека дојдоа нашите да играат, веќе не знаев за кого да навивам. За Србија, или за Македонија?
Ова е тема за анализа на психолошката состојба на еден просечен Македонец. Чека некој друг да му ја заврши работата. Или, некој да нe сожалува и да ни попушти, оти сме мали и симпатични.
Во целата таа комбинаторика најголема трагедија ќе беше да победеа и Полска, ама и Шведска, а ние да изгубевме од Србија. Дури тогаш ќе беше "Оф леле, има ли понапатен народ од македонскиот".

2 Ги анализирав и изјавите на капитенот Кире Лазаров. И тој придонесе за дефинирање на психолошкиот профил на Македонецот кога рече: "За нас станува проблем кога ќе стигнеме до убедлива предност, бидејќи не сме навикнати на такви позитиви кога против себе имаме елитни репрезентации на едно големо натпреварување".
Што сакаше да каже Кире? Ние едноставно не сме навикнати да водиме, да добиваме, да победиме... И после нормално е да се радуваме предимензионирано. За четврто, за петто, за шесто место. Што да е. Нормално е и вонредни вести на телевизија да се прават кога ќе се квалификуваш за натпревар за петто место. При што најмногу се возбудив на еуфоричниот дијалог на новинарот со група навивачи на улица: "Каде одите сега? Па еве одам да ја испратам другарка ми дома". И нормално е во држава во која невработеноста е 30 отсто, дури 23.000 луѓе да се пријават за бесплатен пат до Белград во понеделник - работен ден, а капитенот воодушевен од навивачите да се чуди: "Работи ли некој во Македонија!?" Од Претседателот на државата, преку пониските политичари и македонската бизнис елита, па надолу.
Како што рече водителот на Македонската телевизија, "сите ние имаме по некој во Белград, па ќе се снајдеме". Е па, одо ја за Београд.

3 Коментаторот на еден од натпреварите очајно молеше: "Да издржиме уште осум минути".
Како бе да издржиме? Кога, на пример, "Да издржиме" би рекол германски спортски коментатор? Попрво би викнал: "Ај сега да им дадеме уште осум гола, да ги згазиме".
Ама ние не одиме да победиме. Ние одиме да издржиме.
Така издржуваме додека дојде платата, па издржуваме додека не те вработи ВМРО, издржуваме да помине јануари, оти февруари е покус и полесно ќе се издржи, издржуваме чекајќи за лекарски прегледи со часови и со месеци ако треба (некои, за жал, не додржуваат), издржуваме додека не се смени СДСМ, па после издржуваме додека не се смени ВМРО.
Како што би рекол Кире: "Не сме навикнати". Не сме навикнати да живееме. Ние сме си навикнати да издржуваме.

4 Владата во два наврати плати воз да однесе по 1.000 навивачи за Белград. Ама првиот пат нешто се зезнало со организацијата, па некои од навивачите што добиле на лотаријата на Македонската телевизија останаа дома. Ги гледав изјавите на измамените патници на некои вести. Ги емитуваа со заматено лице оти "се плашеле да зборуваат пред камера".
Ете уште една слика за психолошката состојба на Македонецот. Кај го убедиле да се пријави на Интернет, кај го извлекле, кај го станале во рани зори, кај го малтретирале на Железничката станица, кај не заминал за Белград, кај за негови пари носат 1000 луѓе за Белград, тој за секој случај не го вади кубурот. Дава изјава, ама да не му го покажуваат лицето. Оти се плаши.
Од што се плаши? Од победа? Да не го качат во вториот воз, ако видат дека луѓето се бунат?
Психолошката состојба на Македонецот е трпна состојба. Да трпи. Да издржува.
И после се чудевме кога Данецот за две секунди успеа да ја префрли топката и да даде гол. Ама тој отишол таму да победува. Не да издржува.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.817
Поени од реакции
8.832
Ако Македонците се дигнат на револуција, тоа значи дека се обединиле против непријателот и успеале да се организираат. А обединета и добро организирана толпа народ, ретко кој ќе ја надвладее.
Ако Македонците се дигнат на револуција против Македонците во парламент (и власт, и опозиција), Албанците ќе се дигнат против Македонците.
И да, ќе не надвладеат. Било какво безредие кај нас, ќе придонесе за нивно зајакнување и дотепување на Македонците.
--- надополнето: 7 март 2012 во 16:57 ---
А да не ги заборавиме ЕУ и САД, први тие ќе не дотепаат, тоа се чека.
--- надополнето: 7 март 2012 во 16:59 ---
Најголема активно кај Македонците е пасивноста!
Сите сме пасивни. Сите велиме - Е што ќе сменам јас, никој не може тоа. Сите се буниме ама никој не се буни. Сите излагаме на протести ама никој не излага на протест. Се нешто правиме ама ништо не правиме.
Станавме импотентни, пасивни, неактивисти, мрзи, сеирџии, партиски поделени.
Тоа мислам е најбитното - партиската поделеност. Ако нешто не се смени и зејтините ќе бидат поделени по партиска основа!
Чаре? Чаре има. Али за тоа чаре не треба ние да чекаме друг да направи. Треба самите.
Ајде да направиме бунт.
Против кого? Државата? Власта?
ОК - Ќе ја смениме власта, ама некој ќе треба да биде ,,замената,,.
Кој ќе биде тој?
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Ако Македонците се дигнат на револуција против Македонците во парламент (и власт, и опозиција), Албанците ќе се дигнат против Македонците.
И да, ќе не надвладеат. Било какво безредие кај нас, ќе придонесе за нивно зајакнување и дотепување на Македонците.
--- надополнето: 7 март 2012 во 16:57 ---
А да не ги заборавиме ЕУ и САД, први тие ќе не дотепаат, тоа се чека.
епа не баш се сложувам со тебе. значи не се во прашање македонци или албанци туку во прашање е народот кој живее во македонија. како што ти плаќаш 30 денара за леб така и јас плаќам така плаќа и албанецот и босанецот. значи поентата е да се крене НАРОДОТ кој живее овдека за својата подобра иднина. и не гледам како би не надвладеале кога ете они се 25% нели остатокот што се? ете уште 10% да се од други националности сепак останува процентот од 65% македонци? што е во споредба со албанците од прилика скоро 3 према 1.

со слога цели власти цели држави цели структури се рушат - со ќутење само може да се натрти обичниот народ.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178

Каква револуција, во Македонија не може да се дигне ни селски бунт. Револуцијата значи и нудење на алтернатива. Кој ќе ни биде алтернативата? Драматург? :vozbud: Уживај, Македонија, а и било која друга држава во светов се далеку од револуција.
 
Кога би постоел соживот меѓу мнозинството Македонци, и најголемиот малцински етникум, би имало можност за подобрување во секој сегмент на општеството.
Но вистината е далеку поинаква - ти дигни си се на бунт, извади си ги твоите од Парламент, има кој да ги замени.
И да знаеш, Албанецот во Свирипичино, не легализирал градба, не плаќа данок, а уште помалку се занимава со прописно паркирање.
И за разлика од Македонците, не му е проблем ,,да го пука,,. Кај нас ќе се спопукаат во глувчешка дупка.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ајде да направиме бунт.
Против кого? Државата? Власта?
ОК - Ќе ја смениме власта, ама некој ќе треба да биде ,,замената,,.
Кој ќе биде тој?
Против сегашните! Ако и следните не бидува и против нив. Некој ќе дојде и ќе сфати дека народот може да ги смени, дека народот има сила да се буни и ќе почне да работи како што треба. Според тебе треба да прифатиме како што е и да си живееме така? Да си дочекаме уште полошо и тоа да го прифатиме? Тоа е подобро отколку да ПРОБАМЕ да смениме нешто? Подобро е да седиме мирни отколку да пробаме да смениме? Браво.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.817
Поени од реакции
8.832
Каква револуција, во Македонија не може да се дигне ни селски бунт. Револуцијата значи и нудење на алтернатива. Кој ќе ни биде алтернативата? Драматург? :vozbud: Уживај, Македонија, а и било која друга држава во светов се далеку од револуција.
Токму тоа и јас го зборувам. Не е толку голем проблем сите Македонци да најдеме заедничка кауза.
Без оглед на ,,партии,,. Проблемот е, што ако рушиме, треба двете најголеми македонски партии да ги срушиме. Кој после ќе биде ,,наш,, таму?
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Кога граѓаните на одредена држава се борат за подобри услови за живот , за промени во условите на живот никогаш не се прави : македонци албанци срби .. Овдека уште од сега почнаа лугето да се делат на национална основа, уште кога се даде само предлог за нешто. Тоа мора да се надмине, ако не се надмине обичен протест е невозможен исто како што треба да се надмине фактот кој на која партија припагал. Секој човек дури треба и да тргни од себе , но кога човек ке тргне од себе не може да заборави што некој му дал и колку му дал, мора да биде пристрасен. Јас разбирам да биде пристрасна една група која е во непосредна близина на власта и опозицијата, но не ја разбирам пристрасноста за партијата на обичните чиновници, а такви се многу.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Ако Македонците се дигнат на револуција против Македонците во парламент (и власт, и опозиција), Албанците ќе се дигнат против Македонците.
И да, ќе не надвладеат. Било какво безредие кај нас, ќе придонесе за нивно зајакнување и дотепување на Македонците.
--- надополнето: 7 март 2012 во 16:57 ---
А да не ги заборавиме ЕУ и САД, први тие ќе не дотепаат, тоа се чека.
--- надополнето: 7 март 2012 во 16:59 ---

Ајде да направиме бунт.
Против кого? Државата? Власта?
ОК - Ќе ја смениме власта, ама некој ќе треба да биде ,,замената,,.
Кој ќе биде тој?
Ти ова сериозно . Така ве учат во штабот?
Толку испран мозок не сум видел до сега,класика значи не се бунтувајте седете мирни зошто ако дигате галама ке дојде бабарога и ке ве изеде сите :facepalm:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас искрено се чудам на нашава издржливост. Не дека проблемов на детево што пишало ми е главен императив за да пишам овде, ама гледам се насобрале мислења за општа ситуација па ај викам да се надоврзам.

Од кај да почнам...
Ај од муабетов од пред некој ден направен со другарка ми на која и касни плати ни јас не знам колку, па дури им ја дадат им фрлаат буквално коска во вид на бонови за јадење од некоја месара. Абе бонови за јадење последен пат видов пред едно добри 15 години во време на транзиција. Ако дошло повторно време на бонови, а ние транзиција во поголем дел сме поминале и сега е време на капитализам, се плашам дека нареден чекор е питачки стап.
Остај тоа, ова со плативе веќе не е ни симптоматично, реален проблем е, на 90 % од луѓево им каснат плати со повеќе од месец дена. Мизерија невидена.

Друга работа ви се казниве. Кај плати каснат, па уште ми глумат тука превоспитувачи со напукани казни кои нормален човек не може да ги плати. Ама они не се обични луѓе, заедно си гласаа да си зголемат плати, обичен народ кој го врти. И не, првичната идеја која ни ја шитнаа ( а која на некој период и јас им ја купив) дека казните се ставени за да се воведе ред, воопшто не служат за тоа, туку за да се исцеди она што остана од фирмата или поединецот. Пошто во економијата нема пари зашто главниот контрактор на сите поголеми фирми е Влада, фирмите немаат пари да покријат трошоци за ништо и следуваат блокирани сметки. Па кој имбецил треба да си да доведеш волку луѓе во ќорсокак. Дојдовме до толку ниско рамниште да човек може слободно да констатира дека одреден бугарофил премиер милион пати подобро ја водеше економијава од овие. Трагично е што сега им се смее во лице од секоја страна, демек лудак, ама излегоа сите останати будали. Прашајте кој било во тој временски период, обично граѓанство и фирми полесно функционираа. Па мајку му, ако не можеш да измислиш топла вода, копирај она што се покажало како најдобро.

Трета работа. Се што е неписмено е во државна администрација. Кога ќе видам од маалово мое и општо населбава кој се стигнал до државно работно место, а уште потрагично функција сериозно се прашувам дали живеам во паралелен универзум. Барем писмени да беа, во тој случај не би имала замерка. Ова човече, одат на работа за кафе да пијат и живеат за паузи. Средно паѓале милион пати, а они ти пропагираат дека треба да завршиш факултет:facepalm:

Жал ми е за луѓево околу мене што останаа на пола пат со амбиција и фатени се во оваа тотално непродуктивна апатија. Не можам да ги обвинам, за прв пат мислам дека сериозно и нема некој излез. Јас не се срамам од земјава, таа е она што е. Јас се плашам од неа и иднината која човек го чека овде. Особено ако продолжи терков.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.817
Поени од реакции
8.832
Против сегашните! Ако и следните не бидува и против нив. Некој ќе дојде и ќе сфати дека народот може да ги смени, дека народот има сила да се буни и ќе почне да работи како што треба. Според тебе треба да прифатиме како што е и да си живееме така? Да си дочекаме уште полошо и тоа да го прифатиме? Тоа е подобро отколку да ПРОБАМЕ да смениме нешто? Подобро е да седиме мирни отколку да пробаме да смениме? Браво.
Јок, јок, не ме разбираш ти.
Арно, нема потреба од револуција, ајде ќе ги изгласаме ,,другите,,. Немаме голем избор, две опции се. И двете се далеку од вистински квалитетни, но, тие се.
И додека ние се бунтуваме против едните, или другите, знаеш што ќе остане од Македонија?

Јас ќе се бунтувам, кога ќе ми биде загарантирно дека Македонија е на Македонецот, а денес не е така. Денес имам посериозен проблем од 100 евра за паркинг. Денес се соочувам со реален проблем и реални закани од ,,добронамерните,, ни соседи, а башка и од домашните ,,рамнковни,,. Нив не ги интересира благосостојбата на народот, нив ги интересира нивната лична благосостојба и ширењето на нивните територии.
Додека е така, јас нема против НИКОГО да се бунтувам, а секој кој на било каков начин ме брани, ми гарантира дека оваа почва ќе остане Македонска, ќе бидам до него.
Без оглед кој од тие ,,две,, опции е.

А кога ќе го добијам тоа, ќе размислувам за сите останати работи кои ми пречат, и ќе се бунтувам.

Денес би се бунтувала само, и само ако, постои трета, квалитетна опција, која ќе ме одбрани, или ако по некој основ, некој (внатрешен) и нанесе национална или територијална неправда на Македонија.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако денес Македонците се дигнат на револуција, против било која македонска власт - и било која македонска партија, единствено ќе се офајдат - Албанците.
Се вели ,,раздели па владеј,, кај нас сами се разделивме, и те како ќе владеат.
Пумо значи некогаш сериозно го оставаш човек без зборови. Ова ли ви го викаат во рајските порти?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.817
Поени од реакции
8.832
Ти ова сериозно . Така ве учат во штабот?
Толку испран мозок не сум видел до сега,класика значи не се бунтувајте седете мирни зошто ако дигате галама ке дојде бабарога и ке ве изеде сите :facepalm:
А тие од твојот штаб те научија да се продаваш, сосе партали.
Не ме вознемирувај за џабе, нема понатаму да дискутирам со тебе, југоносталгичару.
--- надополнето: 7 март 2012 во 17:12 ---
Пумо значи некогаш сериозно го оставаш човек без зборови. Ова ли ви го викаат во рајските порти?
Имаш контрааргумент?
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Кога би постоел соживот меѓу мнозинството Македонци, и најголемиот малцински етникум, би имало можност за подобрување во секој сегмент на општеството.
Но вистината е далеку поинаква - ти дигни си се на бунт, извади си ги твоите од Парламент, има кој да ги замени.
И да знаеш, Албанецот во Свирипичино, не легализирал градба, не плаќа данок, а уште помалку се занимава со прописно паркирање.
И за разлика од Македонците, не му е проблем ,,да го пука,,. Кај нас ќе се спопукаат во глувчешка дупка.
пума. мене ми е јасно на што целиш. но сепак мислам дека погрешно гледаш на работата - еве зашто така мислам

замисли сеа да се крене цел македонски народ на нозе и да протестира крши пали и праи пепел се околу него барајќи спас од очајнава ситуација - ете ке дојде нова влада нов премер дрн дрн дрн... ако нешто не смени народот ПАК да се крене и се така додека не дојде некој со навистина добри намери кои меѓу редовните обврски ке ги стави во ред и тие од свирипичино што викаш дека прават дибоградби и не се замараат со паркинзи - муабетот ми е ако се сака све се може - ако народов македонски еднаш ( некад се надевам ) се освести да почне да ја превзема работата во свои раце тогаш единствено би се решиле проблемите на граѓаните. знам дека е мнооооогу тешко да дојде до таков масовен протест ама еве јас искрено верувам дека некогаш и тоа ке се случи - едеј да биде јак и да искочи и да каже ТОГАШ И ТОГАШ ВО ТОЛКУ СААТ МАСОВЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ СТРУКУТРАТА ВЛАДАТА ДРН ДРН ДРН ја ке бидам прв што ке искочи - ама и тука има проблем. ете ја ке искочам за разлика од моите врсници и другари кои ке седат дома и ке пуштат фејсбук и сите тие ГЛАСНО И ЈАСНО ке протестираат на фејсбук ставајки статуси УА ВЛАДА или пишувајки патриотски статуси ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА и слично.

п.с ме интересира колкава си ти и дали сеуште студираш или бараша работа или па веќе работиш - нека не биде у јавност пиши ми ПП а ке ти кажам зашто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom