Пиратик, за многу работи си во право и тоа е реалноста до некаде. Штета е што повеќето верници се “изгубени во преводот“ и религијата ја користат па и чувствуваат како нешто преку кое некому ќе докажат дека е грешен и притоа не гледаат колку истите грешат. Уште повеќе гледаме и дека религијата денес како да станува дел од модата, дел од групите кои се делат на вакви и такви, на добри и лоши, на модерни и глупи, оние ки се од град и оние кои се од планина.... На форумов можеш да се изначиташ ама баш се, разни навреди од сите страни, надмудрувања и докажување дека другиот, поинаквиот е во право, но најретко може да прочиташ самокритични коментари. Јас сум муслиман и никогаш не се декларирам поинаку од тоа т.e модерен, немодерен, атеист, секуларист. Она што го сакам во мојата религија и кое ме тера да верувам така како што верувам,е тоа што во неа можам да најдам многу нешта кои се дел од реалноста, дел од секојдневието и социјалниот живот. Исламот покрај многуте работи учи и на тоа како да се справуваме со одредени појави и понекогаш дава некои решенија кои за некого се, а пак за некого не се прифатливи. Истото важи и за другите религии, и сите понекогаш нудат добри решенија а понекогаш не се во согласност со она на кое ние сме навикнати и сакаме да го правиме, без оглед дали тоа е исправно или не( впрочем за тоа одлучува некој поголем од нас нели?). За жал има многу верници муслимани кои ненамерно а има и мал број кои намерно ја злоупотребуваат религијата и јас таквите не ги сметам за вистински претставници на мојата религија, Исламот. Знам што за мене значи Мухамед а.с но знам и за другите пророци па и за Иса а.с - Исус и верувај дека многу знам за она што тој го проповедаше. Сепак доколку вие барем малку реално погледнете низ форумов, какви се христијани има, ќе видите дека ни тие не се ништо подобри од оние “мои муслимани„. Тука има многу малку христијани кои ќе му го свртат другиот образ на оној кој ке им удри шамар на едниот( побрзо ке удрат бокс или ќе извадат нож одколку да простат). Тука тие таканаречени верници повикуваат на војни, на радикални работи и подгреваат верски и меѓуетнички тензии. Има и еден куп христијани кои забораваат да си ја тргнат гредата од своето око а им смета сламата во тугото. Поради ова сакам да те уверам( иако сметам дека и ти самиот го чувствуваш тоа) дека радикализмот не е само кај лугето кои носат куси пантолончиња. Истиот го има насекаде околу нас. Радикализмот не произлегува од религиите, тој произлегува од незнаењето. Радикализмот не е дел само од една култура, за зал него го има насекаде. За ова денес барем постојат многу многу снимки по интернет, и секј може да ти најде иљадници видео записи како оџи и попови испраќаат војници кои покасно одат да колат невини луѓе. Тоа е нашата реалност која треба да се трудиме да ја измениме, а тоа од нас го бара бог ако веруваме во него. И како и да го нарекуваме, дали Аллах или Исус или Јехве, тој од нас бара да се сакаме и да сме заедно па макар и да не веруваме на ист начин. Зарем човек може да биде толку глуп и да помисли дека бог сака да има ексклузивен начин на молење кон него, екслузивен начин на празнување и сл. Тој знае зошто не создаде толку различни и сигурен сум дека сите ние на свој начин сме во право. Сепак најблиску до вистната се оние кои веруваат без да мразат, без да делат по етничка и верска припадност. А оние кои убиваат деца, кои кршат гробови, кои мислат дека со изградби на џамии и цркви ќе купат поубаво место во рајот, тие се во тешка заблуда. Па денес најмногу пари за тие објекти се даваат од најголемите арамии- бизнисмени,а народот( чии пари најчесто се трошат од таквите) слеп и прост само гледа црквата и џамијата да биде што поголема и што полуксузна, небаре во нив ќе одат на кафе и масажа. Поздрав