Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.188
Поени од реакции
46.398
Kasarnata vo tetovo vecerva napdnata !!!!
Сеа видов на фејс, од каде си слушнал ? За каков напад станува збор во муабетот кој си го слушнал ? Деновиве излегоа многу рекла-казала муабети така да со резерва го земам ова инфо.
Од тв медиумиве ќе треба да почекаме да се раздени за да известат евентуално некој од порталиве со некое свежо инфо да не информира ако воопшто нешто се случило.
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
464
Поени од реакции
285
Znaci , noa.al , kaj nivniot portal postavija vesta deka ACTOSH ja napadnal kasarnata vo Tetovo ..

Vesta se prosiri po fb ,a NISTO PO SERIOZNO NEMA , samo spekulaci se ovie ;)

Od Tetovcani sto ziveat blizu kasarnata ...
 

te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
Сеа видов на фејс, од каде си слушнал ? За каков напад станува збор во муабетот кој си го слушнал ? Деновиве излегоа многу рекла-казала муабети така да со резерва го земам ова инфо.
Од тв медиумиве ќе треба да почекаме да се раздени за да известат евентуално некој од порталиве со некое свежо инфо да не информира ако воопшто нешто се случило.
Isto i jas so rezerva,bev dosega vo grad nisto ne primetiv,ama jbg medium i jas citiram..
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.188
Поени од реакции
46.398
Ништо, би ви препорачал да не пишувате ништо на оваа тема се додека не добиете некое здраво асално инфо ако и воопшто добиете, до тогаш ко да не сте го прочитале постот за наводниот напад од погоре.
 

te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
glupi mi se ovie mediumi so sakat da se popularizirat so toa so ke objavat nekoja bombasticna(lazna vest)..upm,valda i onie sakat da ja iskoristat ova anarhija i da krenat panika bezveze..Bev dosega vo grad nisto neobicno,ke vlezam doma citam se sokiram !
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.241
Чудно, 'веста' е издадена во 00:19, а два коментари за демантирање дека се е нормално итн. најдолу се со датум од 20.4.2012 (17:31 и 18:13).Да не е Онион страна ова?:tapp:
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.233
Поени од реакции
338
Како може да им се дозволува на вакви медиуми да им се дозволи оперирање ова е диретно платена вест чиста лага ..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ајде уште една моја анализа:

Нови факти изнесени за убиството се:
1. Децата се спремале да си идат дома, фаровите на колата биле запалени.
2. Последен пат едно од децата се слушнало со некој другар околу 19:30 и му потврдиле дека се спремаат за накај дома.
3. Убиствата се случени околу 20 часот.(значи отпаѓаат истрелите во 19:15 кои ги слушнал жителот што кажуваше на снимката)
4. Убиствата се случени во рок од 5-10 минути

Други факти:
1. Колата е најдена на 10 Километри. Според снимката што е објавена не е на автопат туку на некој регионален пат, во ненаселено место. Значи најверојатно останува негде во близина на Скопска Црна Гора.
2. Пукано е со 3 вида оружје.
3. Колата е видена на местото на настанот деновите пред убиството (не се знае кој ден)
4. Повозрасната жртва се враќала од работа, а работел како градежник. Така да најверојатно тој тогаш доаѓал на езерото. Според изјавата на брат му, се јавил на телефон во 18:30 да му каже дека ќе оди на риба, а не се знае дали е веќе таму.

Непознати:
1. Не се знае дали се користени пушки или пиштоли иако се сугерира на автоматско оружје
2. Нема инфо дека Опелот бил на местото на настанот тој ден.

Анализа:
Многу е веројатно злосторниците да го обиколиле барем еднаш езерото, за да бидат посигурни во извршувањето на злосторството. А во исто време децата да се спремале да си одат накај дома. Најверојатно повозрасната жртва сеуште не бил дојден на местото на настанот, пошто прво и основно он е фатен на влезот и е извлечен од кола, а не ми се верува дека отишол да лови риба толку кратко, значи многу веројатно е да е фатен на доаќање. Пошто градежниците работат до покасно (додека се гледа) и според мене иако не е кажано каде бил кога се јавил, мислам дека кога се јавил во 18:30 не бил на езерцето. Во најмала рака ситуацијата со него не е сеуште чиста. Следи заробување на децата. Заробувањето се случува во близина на колата, пошто како што е кажано фаровите биле вклучени, значи они биле спремни за одење. Самиот редослед на егзекуција и заробување на петтата жртва може да има неколку верзии:

- Верзија 1: Кога децата го егзекутираат, Борче бил скриен негде во близина, кога ја видел егзекуцијата испаничил, излегол и почнал да бега. Злосторниците го забележале се стрчале кон него стигнале кога влегол во колата, го извлекле и го убиле. Оваа верзија ја мислев на почетокот, но некако како поминува времето, не ми излегува за логична, пошто верувам дека злосторниците направиле извидување на теренот и пошто мислам дека ако имал 30 метри предност ќе им избегал подалеку. а на 30 метри не е е така едноставно да пукаш и погодиш глава човек кој трча.
- Верзија 2: Децата се заробени, и во меѓувреме забележуваат како доаѓа Борче со кола. Еден или двајца остануваат да ги држат на нишан децата, а еден или двајца оди полека до кај Борче, најверојатно со скриено оружје. Кога стигаат до колата го извлекуваат Борче од кола и го убиваат. После се враќаат кај децата и ги убиваат.
- Верзија 3: Децата се веќе егзекутирани, злосторниците се спремаат да го напуштат местото и во тој момент доаѓа кола. Пошто знаат дека има голема можност да ги види телата, а и ги видел извршителите и нивното возило, што значи ќе им се намали просторот за бегство, па го извлекуваат од кола и го убиваат и него. Оваа верзија ми е некако најлогична во цел настан, од причина што за да му се доближиш толку блиско за да го извлечеш од кола, ако претходно знаел за убиствата, речиси не е можно(ова ми збори дека злосторниците не носеле униформи). Верзијата 2 е исто така помалку возможна поради фактот што доколку децата ги виделе убиствата заробени, они би испаничиле и би почнале да бегаат, пошто злосторниците веќе биле поделени.

Можни егзекутори:
Морам да нагласам дека на некој начин злосторството по својата свирепост подсеќа по својата бруталност на убиствата на децата во Еврејското училиште во Франција. Што ме наведе да дадам нова можност дека има веројатност да се исламски фундаменталисти.

Исто така, според мене, станува збор за уиграна екипа, што на некој начин потврдува дека егзекуторите добро се познаваат и најверојатно заедно биле учесници во воени дејствија.

Според мене едно е сигурно, убиството е планирано, но немора да значи дека е за тој ден. Туку е чекан погоден момент. Тој ден условите на злосторниците биле идеални и едноставно се случил злосторот. Значи во сите случаи жртвите се случајни, според мене.
Главните прашања што треба да се постават се:
1. Дали постојат и други слични групи?
2. Дали е позади злосторот е идеолошка или верска основа?

Убијците постапуваат многу дрско и според мене се некако сигурни дека нема да ги стигне казна. Не дека нема да се дознае кои се, туку се сигурни дека тоа што го прават ќе ги донесе посакуваните ефекти. Тоа ми збори дека ова не е изолирана група туку цела организација, мрежа на групи, раштркани низ државава, чија јасна цел е дестабилизација на државата. Профилот на злосторничката група која го изврши злосторството, како и другите групи, го читавме по медиумите, но претежно профилирањето се врши за патолошките убијци, психопатите, социопатите. Тука според мене станува збор за војници. Класична војничка егзекуција е во прашање. Што пак збори за идеолошка позадина на убиствата. Е сега, може една идеологија да ги најми своите војници, а може и да ги има. Доколку се наемници, ќе биде полесно да се најдат и откријат и новите потенцијални сторители, но доколку убијците се со идеолошка позадина, тогаш откривањето на слични групи ќе оди отежнато. Ако постојат и други групи, тогаш е доста веројатно оваа група да е излезена надвор од Македонија, од причина да се одложи нивно апсење, а со тоа да се намали можноста од издавање на другите групи. Исто така е можно, да не постојат други вакви групи, но оваа истата да проба да изврши друг злостор.

Ако пак станува збор за некоја скриена ќелија на фундаменталисти. Тогаш оваа верзија е доста повеќе веројатна. Во тој случај оваа ќелија делува изолирано и тешко дека се одлучиле да ја напуштат Македонија. И во тој случај егзекуторите се најверојатно од Македонија. Туку во секој случај ќе имаат повторен обид за слично злосторство.

Јас во моментов сепак мислам дека позади ова убиство не стои верски фанатизам иако ја додадов таа можност во моето размислување. Сепак мислам дека позади све ова се крие нарачател со идеолошко-национална позадина.

Логистика:
Што се однесува до колата, тука има доста непознати. Знаеме дека колата била ден или денови пред убиството на местото на настанот, ама не и на денот на убиството. Пошто доказот од почвата може да е и од претходниот ден, кога било извидувањето или претходен обид некој за кој немало идеални услови, па бил одложен. Потоа не знаеме дали истата кола е користена на денот на убиството. Можно е сторителите да користеле различни коли во различни денови. Знаеме дека имаат барем уште една кола, која е легална за да не привлекува внимание. Но во секој случај, ова ни дава мошне цврст доказ дека и доколку се егзекуторите од надвор од Македонија, сепак имаат многу јака логистика во Македонија, минимум двајца луѓе, најверојатно со дебело криминално досие, најверојатно барем едниот со убиство позади себе во најмала рака, но уште поверојатно доста активно учество во војна. Луѓето мошне добро го познаваат теренот и најверојатно се доста уиграни во избегнување полиција по пат, најверојатно со претходно пуштање легалното возило како извидница.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom