Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Kasarnata vo tetovo vecerva napdnata !!!!
Што медиум е ова ноа.ал o_O
Сеа видов на фејс, од каде си слушнал ? За каков напад станува збор во муабетот кој си го слушнал ? Деновиве излегоа многу рекла-казала муабети така да со резерва го земам ова инфо.
Од тв медиумиве ќе треба да почекаме да се раздени за да известат евентуално некој од порталиве со некое свежо инфо да не информира ако воопшто нешто се случило.
Cisti Spekulaci se :)

Nema nisto .. Sigurni IZVORI..
Не знам еве и друг пишува за тоа: Нека бидат љубезни и нека преведат..
http://www.albtime.com/?p=28826
 
M

Muranyi

Гостин
Навистина незнам што има лошо во тоа што Антонио М. кажал дека убијците треба да платат со смрт(смртна казна), па за вакво злодело и навистина треба да се плати со смрт(смртна казна), а истото на некој начин го кажа и премиерот, само во поблага форма !
Е сега околу тоа кој како си се чувствува, тоа си е веќе лично прашање и лично право, сликањето пред туѓи знамиња незначи дека те прави нешто друго и јас можам да се сликам со знамиња на Бурунди на пр. и да викам дека сум Бурундиец, но дали мене тоа навистина ме прави да бидам тоа !
Тоа си е веќе лично право, кога можат многумина сеуште да гледаат према Београд и да бидат тешки и закоравени Југоносталгичари, зашто пак некој друг да несмее да гледа на пр. кон Софија или пак кон нешто друго, не велам дека тоа е правилно и позитивно, напротив, но сепак си е лично право !
П.С. Да се навратиме на темава, некој напишал дека имало некаков инцидент во касарната во Тетово, знае ли некој нешто повеќе за ова или пак се шпекулации и непотврдени информации ?!
Имаш во подфорумот Свет тема за наводен напад во Тетово.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Член од
17 април 2012
Мислења
47
Поени од реакции
21
Значи меѓуетничките тензии се смирија, ние сме разумен народ и ги свативме пораките на Груевски, Топи, Меѓунаредна заедница,братот на еден од убиените момчиња и на многу други. И Али Ахмети изрази сочувство и даде изјава и кој ли уште не..Свативме дека убијците не се ниту Македонци ниту Албанци туку дека убијците се УБИЈЦИ и не треба да ги гледаме по национална припадност..СВАТИВМЕ.. Сега треба сите да излеземе на улица и мирно да протестираме за да сите тие кои не смируваа СВАТАТ дека ова не чудото за 3 дена колку и да изгледа така и никој нема да седи мирен дури не се пронајдат КОПИЛИЊАТА што крвнички одзедоја 4 млади животи + уште еден невин човек.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497

Друже ова е Македонија, овдека отсекогаш така било, така е и така ќе биде .............. секое чудо за три дена !
После неколкугодишно анализирање и проучување на Македонскиот менталитет и тоа во најразноразни средини и кругови и со најразноразни типови, бранши и класи на луѓе конечно ми стана јасно зашто толку многу векови сме биле покорени те од едни те од други и никогаш не сме имале своја Македонска држава ....... друже како прво кај Македонецот строго важи правилото: да му умре козата на комшијата, како второ народот отсекогаш бил длабоко поделен и омразен по разно-разни основи, како трето секогаш кога одат некаде двајца Македонци, да знаеш дека едниот од нив е кодош/издајник и како четврто Македонецот е јак само на тастатура(на прсти), на телефон(на уста) и секако откако ќе џапне некое ракииче, пивце или винце во некоја биртија/меана/кафана или на некоја слава/свадба/веселба .... е ова е Македонскиот менталитет, нажалост, секој си гледа само за својот г’з и тоа е тоа Апни Пивни Е*ни Легни .......... и после Турчинот, Србинот, Бугаринот, Гркот, Албанецот... НЕ ......... кај помладиве генерации пак колку-толку малку од малку се наѕира некаков минимален но сепак Патриотизам, но овие постариве Југо-Социјалистички генерации мислам дека тотално потфрлија и кај нив е усмртен националниот дух !
Па дури и убијците да се Албанци, пак не велам дека треба да се генерализираат работите и цела една етничка заедница/нација да се омрази, но сепак ваква рамнодушност кај Македонскиот народ е досега невидена, ај што не се прогласи ден/денови на жалост, уште и телевизииве нон-стоп даваа музики и свирки, а гледам дека и народов веќе спласна и почна да подзаборава на овој трагичен настан кој се случи пред 9 дена, ама тоа е тоа Македонче, секое чудо за три дена и толку !
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.255
Датум: 22.04.2012, 12:26

Осквернавени христијанските гробишта во Лабуништа

Според првичните информации, крстовите на околу 30 гроба биле извадени, скршени и донесени во дворот на црквата Свети Никола, јави Канал 5.
Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Засега непознати сторители ги извадиле надгробните крстови од околу 30 гроба, ги искршиле и ги пренеле во дворот на црквата Свети Никола. Полицијата врши увид.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BE2FC66601E3EC4BB33D9925ABCFE99C
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Друже ова е Македонија, овдека отсекогаш така било, така е и така ќе биде .............. секое чудо за три дена !
Така е другарче, Грујо и Гоца, секојдневно нас не заплашуваат со изјави на телевизија, со полиции, со апсење. Нас толку ни треба, "било што било, само војна да нема" и се е средено. Мене ме чуди возрасната популација што никаде ја нема. Егзекутираа 4 деца и еден сведок, и ние се што направивме беше што запаливме свеќи во Битола, Велес и 10 минутен протест во скопје, во кои џандарите се истрчаа 20-30 метри и еден крајслер изгуби задно стакло. (Требаше се да се искрши и цела влада да се запали и така ке ја реновираат.) Немаше ниту јавна осуда за масакарот од некое здружение на граѓани на телевизија, ниту некоја невладина организација да осуди нешто било што. Ниту пак испадна некоја граѓанско здружение на родители да рече барем, "Ало луѓе деца ни гинат." Додека зимоска кога имаше 40 сантима снег, лом се правеа на телевизија, оти децата со водени чорапи се враќале дома, оти никој не го чистел снегот. И одма почнаа партискиве УМС-а и Унии на жени со лопати да гриндаат снег + репутација за нив.
Ке испадне на крај дека убијците не се ни македонци, ни албанци ни срби, ни дека се убијци. По се изгледа кај нас повеке се осудува да преминеш на црвено, одколку петструко убиство.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.564
Датум: 22.04.2012, 12:26

Осквернавени христијанските гробишта во Лабуништа

Според првичните информации, крстовите на околу 30 гроба биле извадени, скршени и донесени во дворот на црквата Свети Никола, јави Канал 5.
Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Засега непознати сторители ги извадиле надгробните крстови од околу 30 гроба, ги искршиле и ги пренеле во дворот на црквата Свети Никола. Полицијата врши увид.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BE2FC66601E3EC4BB33D9925ABCFE99C
И ова плус:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=90310
Ограбени три цркви во Тетовско и Кичевско

Мета на крадците биле две цркви во селото Непроштено, тетовско и една во селото Тајмиште во близина на Кичево. Освен што украле пари, разбојниците ги уништиле и влезните врати во храмовите, соопштува полицијата....
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Така е другарче, Грујо и Гоца, секојдневно нас не заплашуваат со изјави на телевизија, со полиции, со апсење. Нас толку ни треба, "било што било, само војна да нема" и се е средено. Мене ме чуди возрасната популација што никаде ја нема. Егзекутираа 4 деца и еден сведок, и ние се што направивме беше што запаливме свеќи во Битола, Велес и 10 минутен протест во скопје, во кои џандарите се истрчаа 20-30 метри и еден крајслер изгуби задно стакло. (Требаше се да се искрши и цела влада да се запали и така ке ја реновираат.) Немаше ниту јавна осуда за масакарот од некое здружение на граѓани на телевизија, ниту некоја невладина организација да осуди нешто било што. Ниту пак испадна некоја граѓанско здружение на родители да рече барем, "Ало луѓе деца ни гинат." Додека зимоска кога имаше 40 сантима снег, лом се правеа на телевизија, оти децата со водени чорапи се враќале дома, оти никој не го чистел снегот. И одма почнаа партискиве УМС-а и Унии на жени со лопати да гриндаат снег + репутација за нив.
Ке испадне на крај дека убијците не се ни македонци, ни албанци ни срби, ни дека се убијци. По се изгледа кај нас повеке се осудува да преминеш на црвено, одколку петструко убиство.
Е пријателе затоа никогаш сме немале и сеуште немаме држава, ова сега јас не го рачунам за држава, тури и ку*о на држава во која повеќе се казнува и се лежи во затвор за проаѓање на црвено, непропуштање на пешак, погрешно паркирање, сушење гаќи на тераса, правење зимница/ајвар во двор, земање мито 500/1000 ден. и сл. а од друга страна гинат недолжни граѓани(деца), за месец дена исчукани 200+ деца и тоа на сред улици, паркови, автобуски, автобуси и сл. одиш на рибарење, а те враќаат во сандак .......... и уште некој ќе рече дека сме биле демократска и слободна земја :facepalm: ма немој, па барем да се покажеше некаква почит према децава, ден/ови на жалост и сл. а не музики и свирки по ТВ, еве пројдоа 10 дена од трагичниот настан и готово веќе никој не се замара со тоа, спласнаа емоциите кај народот и веќе овој трагичен настан оди во заборавот, толку е секое чудо за три дена и секој си гледа само за својот дебел г’з и мев, особено повозрасните граѓани се тотално изгубени во времето и просторот !
 
Член од
17 април 2012
Мислења
47
Поени од реакции
21
Значи македончето си ја искриви кичмата пред телевизор, го свитка опашот и се посра два три пати у гаќи, барем така мислат надлежните па продолжија со сечење ленти и слично и не убедуваат како можела состојбата да ескалира а сега се е ОК. А не се свесни дека чашата е прелеана, лонецот претекол и почнал да чади. 9 дена поминаа не 9 години..
Сега картите се во рацете на албанците, мислам убиствата беа добра порака и кон нив за да си ги приспитаат работите и да не дотуриваат масло во огнот како што прават години уназад со протести против цркви, пензии за терористи...
И ето вчера 9 дена после убиствата на тв излегува еден мрсен, неискапен, залижан во косата како за на циганска свадба, дотеран како казакстански зет ДЕБИЛ и онака ладен упатува закани кон институциите на Р.М. дека ако се изгради Хотелот (врз Офицерскиот дом кој бил изграден врз остатоци од Бурманли џамијата која веројатно била изградена врз остатоци од Црква која можеби била изградена врз остатоци од Ранохристијанска базилика која има веројатност да била изградена врз Антички храм под кој би можело да се наоѓа Хелинистичка населба а под неа би можело да има уште неколку културни слоеви кои би се датирале до раниот Неолит кој е присутен на многу места во Скопската котлина) тоа ќе било сатанизам, нечовечки однос и на знам шо и дека ќе има последици???
Значи 9 дена после убиствата, после сите смирувања од страна на владата,политичните партиии,меѓународната заедница.. некој изел цела табла ЛСД и излегува пред медиуми и ги враќа сите македонци 9 дена во минатото. После само 9 дена некој без никакви чувства кон трагичниот настан си игра курташак со нашите чувства...ЛУДОСТ.. Како да сака да каже : "ни утепавте,ви утепавме и ај да си продолжиме по старо, па се знае кој е главен"..
И сега Лабуништа??99% се Македонски муслимани таму, шо е работава??
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.351
Поени од реакции
84.564
.. некој изел цела табла ЛСД ...
Све у реду со текстот, ама - ТАБЛА ел-ес-ди??? Што ли ќе е тоа...
--- надополнето: 22 април 2012 во 15:00 ---
И сега Лабуништа??99% се Македонски муслимани таму, шо е работава??
Лабуништа не е од сега, таму пред месец-два запалија црква и не дозволуваа пожарникарите да гасат, каменуваа каурски автобуси....и уште пар "ситници".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom